- Член од
- 5 септември 2007
- Мислења
- 3.848
- Поени од реакции
- 960
Со јутјуб клипчиња не дебатирам. За секое клипче постои и анти-клипче и сум се изнагледал такви дебати каде што „дебаторите“ си разменуваат клипчиња и дискусијата не личи на ништо.Добро бе чорбаџија!....абе како не ти срам вака бесрамно да лажеш?! Само пред неколку дена ти посочив пример, кој јасно докажува дека непостои такво нешто како: "Нередуцирачки комплексни системи"!
Нередуцирачки комплексни системи постојат и цели книги за нив напишани од доктори по науки, а не од некои денгубџии што деноноќијата ги гупат по форуми и сл.
Затоа во илустрацијата воведовме и CD режач кој што го реплицира цедето. Прочитај ја уште еднаш илустрацијата и ќе видиш дека идеално ја илустрира невозможната приказна на еволуцијата, само со посовремен пример.CD-то нема систем за саморепликација како днк молекулите кој ги има секој жив организам! Затоа CD-то неможе да се земе како соодветен пример со жив организам!
Можеби има кај тебе дома во подрумот, но не и во досегот на палеонтолозите кои што деноноќно трагаат по нив веќе 150тина години.Сведоштво во фосилите итекако има!
Аргументите кои што ја побиваат еволуцијата се воедно и аргументи за креационизмот од едноставната причина што ако нешто не е случајно, тогаш мора да е плански создадено (читај: креација, креационизам). Со исклучување на еволуцијата и случајноста автоматски се докажува и планското создавање (креационизмот).Што стана со аргументите на креационистите чорбаџија?
Планот, дизајнот, високата комплексност што го гледаме во живите организмите сам по себе е аргумент за креацијата. Човекот до ден денес се труди да го имитира тој дизајн и повеќето научни пронајдоци се всушност бледа имитација од она што го гледаме од креацијата околу нас. Човекот иако е плански креатор, тој сепак не може ни приближно да му се доближи на Креаторот на Универзумот и животот. Оттаму следи дека не само што постои плански и целисходен Креатор, туку и набљудувањата сведочат дека тој Креатор е далеку поголем и помоќен од човекот.