Може ли да се договориме вака: Јас нема да ја спомнувам ни библијата ни Јахве ни креационизмот, А ти нема да ја спомнуваш ни Бинг Бенг ни ниедна теорија за вселенската еволуција, ни Т.Е. ни Дарвин. Секој од свое гледиште да даде Аргументи, ти за креационизмот, Јас за Еволуцијата. ВАЖИ ЛИ?
Аргументите од мој аспект ги давав низ многу теми. Дали знаеме се, дали знаеме што се има таму негде? На стотина страни (од автори кои не ги бендисувате) е побиена таа еволуција...многупати е пишувано за неа. Моите аргументи...организацијата, убавината, симетричноста...животот. Научни теолошки аргументи -јас не сум научник во таа област али неколку теолошки учени форумџии пробуваат да ви ја доловат суштината... на кои низ разни изрази им ги занемарувате тезите и знаењата.
Но редно е во интерес на тие теории да добијам одговор на овие прашања поставени претходно
што значи селективна, случајна или по некој редослед
дали има некоја цел еволуцијата или е бесцелно селектирање на "посилниот, поприлагодливиот". До каде би одело ова селектирање, која му е целта и зашто воопшто се случувале скокови од една во друга животна средина?
Со која генетска информација истите скокови биле создадени? Од каде генетска информација кај простите организми за истите да се развијат во ...диносауруси, па и бубашваби.
Дали воопшто била потреба еволуцијата ако земеме предвид дека најпростите организми се најиздржливи, најприлагодливи... со мали измени во било која средина? Мислам...дали ова се дешавало случајно, селективно...ако е селективно, врз база на поприлагодливиот се враќаме на прашањето -зашто нови видови кога истите (или плус неколку други) биле веќе прилагодени за најекстремни услови.
собрани случајно аминокиселини, формирале материјал доволен за еволуција на милијарди видови и подвидови. Од каде им на првите, најпростите "организми" тие информации за мноу други видови и денешниот човек, интелигенција, емоции.... Која е причината да од вода (идеална средина) да видовите излезат на почва, па и во воздух...и со кои информации, ако велиш дека имале од претходно.
И за ова ти е веќе кажано дека нема случајно и дека нема „од ништо нешто“ (од нула, од непостоечко и тн.). Зошто толкава тврдоглавост, прочитај барем. Нема Јахве да те казни.
ако не е случајно, тогаш негде било запишано, испланирано, одредено...??? Не сум тврдоглав, барам да најдам причина зашто ги негирате исклучиво креациите од некое Више битие наречено Бог. А од ништо во нешто е и добивањето на жив организам од нежива карпа, само од себе. Знаеш каква е градбата на една клетка, нели? Како да превртуваш пештера или бунар милијарда пати за да створиш држава налик на Данска.