Не е твоја мисла. Позајмена ти е. И тоа погрешна. Ти дадов точна дефиниција што се подразбира под експлозија, ама не си прочитал. Ако е последица на нуклерна бомба или ТНТ експлозив можеби ќе биде деструкција оти и целта му е да биде деструктивна. Овде не се работи за деструктивна Експлозија.
П.С. Знаеш што е имплозија?
Во
дефиницијата за експлозија си го пропуштил продолжението на објаснувањето
These chemical reactions need oxygen. Sometimes the oxygen comes from the air, and sometimes a substance contains enough oxygen for the reaction to happen without needing air. If the reaction needs oxygen from the air, it is a combustion reaction. If it does not need oxygen from the air, it is a decomposition reaction.
А тогаш наводно не постоело ништо ниту кислород ниту потреба од почеток и ширење. Ако немало ништо како е создаден водородот и хелиумот, просторот...
Додуша експлозија е збор прифатен за тој чин иако не се работи за класична експлозија нам позната ниту имаме некоја споредбена претстава за што токму се работи.
Но ако таа теорија сеуште е во оптек, тогаш исто му се фаќа...без причина, од ништо се создало се...и така натаму.
Кој како ја разбрал. Има луѓе кои мислат дека еволуцијата е случајна. Тоа не е точно. Еволуцијата е едноставно селективна.
Ако не е случајна, ако нешто од нешто претходно се селектира, дали само по себе или со одредена намера... дали има некоја цел еволуцијата или е бесцелно селектирање на "посилниот, поприлагодливиот". До каде би одело ова селектирање, која му е целта и зашто воопшто се случувале скокови од една во друга животна средина?
Со која генетска информација истите скокови биле создадени? Од каде генетска информација кај простите микроорганизми за истите да се развијат во ете...диносауруси, па и бубашваби.
Дали воопшто била потреба еволуцијата ако земеме предвид дека најпростите организми се најиздржливи, најприлагодливи... со мали измени во било која средина? Мислам...дали ова се дешавало случајно.
Дали сметате дека ние во моментов како човештво, популација на земјата...сме на највисоката скала досега на технолошко-научниот развој и знаења на земјата? Би требало да се дешава и еволуција на знаење, еволуција на култура, свест..., не само на видови и подвидови...или пак не сме?