Креационизам наспроти еволуционизам

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.202
Поени од реакции
23.738
Да, Исус навистина го вели тоа, на повеќе места. Еден од тие пасуси е 3-тото поглавје од евангелието по Јован.
Гледам дека имаш многу прашања поврзани со Библијата и христијанството општо. Веројатно после секое одговорено прашање, ти би поставувал по 3 нови. Тешко ќе најдеш упатен христијанин што би одвоил толку време и енергија да седи пред монитор и да ги одговара сите твои прашања. Затоа најдобро е во живо да поразговараш со некој што ја познава Библијата, или пак ако имаш време сам да ја прочиташ од почеток до крај, ама полека и со внимание. Така верувам дека ќе ти се одговорат барем 2/3 од прашањата, па потоа ќе биде полесно.

А овде предлагам да продолжиме со Дарвинизмот...
прашањата беа повеке фигуративни отколу буквални.знам(претпоставувам) дека во библијата пиши се и сешто и има објаснување ама баш за се , што не значи дека е точно. но проблемот е што вие сте толку заслепени и слепо верувате во се што пиши во библијата и го земате здраво за готово како лично да сте на црвена линија со дедо боже. и верувам дека и сам бог да слези и да ви речи дека во библијата пиши глупости ќе го прогласите за лажен и невистинит.ете толку сте заслепени.

п.с еден ден оди детето кај мајката и и вика мамо мамо нашата кучка се окучи и сите 7 кучиња се верници и мајката како побожна жена се израдувала.
по неколку дена детето пак оди кај мајката и и кажува дека три кученца станале еволуционисти. на ова мајката видно револтирана прашала а од кај е толку сигурен во тоа.
ПА ГИ ОТВОРИЈА ОЧИЊАТА МАМО и одговорило детето!!
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Многу е јасно дека креационизмот не држи вода, незнам зошто уште дискутирате.

Досега се имаат појавено над 3700 суштества со над природни моќи, од кои 2870 може да се сметаат како божества - (евидентирани во пишаната историја).

Дали тоа значи дека Бог, во различен временски континиум а на иста планета но на различен простор има создадено над 2870 универзуми, Адами и Еви (прародители на човековиот род), 2870 ѓаволи и денови на апокалипсата, итн. итн.

Дај не зезајте.
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
прашањата беа повеке фигуративни отколу буквални.знам(претпоставувам) дека во библијата пиши се и сешто и има објаснување ама баш за се , што не значи дека е точно. но проблемот е што вие сте толку заслепени и слепо верувате во се што пиши во библијата и го земате здраво за готово како лично да сте на црвена линија со дедо боже. и верувам дека и сам бог да слези и да ви речи дека во библијата пиши глупости ќе го прогласите за лажен и невистинит.ете толку сте заслепени.

п.с еден ден оди детето кај мајката и и вика мамо мамо нашата кучка се окучи и сите 7 кучиња се верници и мајката како побожна жена се израдувала.
по неколку дена детето пак оди кај мајката и и кажува дека три кученца станале еволуционисти. на ова мајката видно револтирана прашала а од кај е толку сигурен во тоа.
ПА ГИ ОТВОРИЈА ОЧИЊАТА МАМО и одговорило детето!!
Извини што не можев да претпоставам дека ти се фигуративни прашањата (што и да ти значи тоа), кога ми велиш дека не си читал Библија и притоа ме прашуваш дали во неа пишува дека по вера сме спасени. Едноставно играш на онаа - човечка, манипулаторска карта. :) Простено ти е.
Да, во Библијата има објаснување за се`, за нешта кои се вонвременски но и за оние кои се конкретни. Таква прецизност и подреденост, може да направи само создавателот на светот. Само тој може така добро да не` познава. Бог се пројавува низ Библијата, така што нема да слезе и да ја прогласи за невистинита. Впрочем, кога Исус ќе дојде втор пат, ќе биде доцна за неверните.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Да, во Библијата има објаснување за се`, за нешта кои се вонвременски но и за оние кои се конкретни. Таква прецизност и подреденост, може да направи само создавателот на светот.
Ај по ред, хронолошки наведи ми ги нештата за кои се објаснува и прецизноста (нели со аргументи и факти) за почеток оти јас ја немам читано Библијата...
Има едно нешто кое се вика Библиски речник кој треба да се користи ако сакаш да читаш и интерпретираш дадени делови од Библијата.
За жал ретко кој верник го прави тоа...
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да, во Библијата има објаснување за се`, за нешта кои се вонвременски но и за оние кои се конкретни. Таква прецизност и подреденост, може да направи само создавателот на светот.
Каква е таа прецизност и подреденост во Битие?!?

Првиот ден создал светлина, а светла (сонце, месечина и ѕвезди) тек четвртиот? Каква е оваа подреденост?

Прво ги создал мажот и жената, па после, откога се одморил (како тоа се уморил?!?!) земал и на Адама му извадил ребро за да му направи жена?!?! Која е тогаш онаа првата жена од првата недела?!?!

Новинарке, во Библијата се внимателно забележани и истакнати повеќе од 1000 контрадикторности. Еве како тоа изгледа графички:



Ако сакаш навистина да ги проучиш, бујрум ЛИНК до поголема слика.

Не ли, вака, како новинарка, нели, која треба да ја провери веродостојноста на изворите на информации, не те збунива малку фактот што во моментов постојат 5000 различни богови кои се врткаат по земјинава топка?!? Нели ти е чудно како си ја имала БАШ ТАА СРЕЌА да се родиш на прдеж место кое „паѓа“ под јурисдикција на ВИСТИНСКИОТ од 5000-те богови?!?

И уште едно новинарско прашање: Не ли ти е чудно што приказните од Библијата се познати кај народите кои живееле пред израелитите (сумери-Гилгамеш, египјани-Ра, митраисти (ок, не се народ, ама брка работа) -велигден, божиќ, коледе...)? Не ли ти паднало на памет да ги провериш изворите на твојот омилен текст?!?!

--- надополнето ---

 
Член од
3 декември 2007
Мислења
3.718
Поени од реакции
772
Тоа што сум верник, прави да не смеам да бидам новинарка? Или што? Како ги имаш замислено жените што веруваат во Бог? Со мантии, шамии и во кујна? Опрај се.

Ако сакаш да ја провериш веродостојноста на податоците во Библијата, тогаш почни да читаш. Вака на празно, ниту сум ти должна, ниту имам време да ти објаснувам. Немој да си ласкаш дека јас овде се обидувам да те обратам тебе. Немам таква моќ. Ако еден ден поверуваш - заблагодари му на Бог што ти го отворил срцето.

П.С. Имаш многу циничен одбивен дискурс, не си елементарно писмен за дебата.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Ако сакаш да ја провериш веродостојноста на податоците во Библијата, тогаш почни да читаш.
Не ми е веродостојно дека сме производ на инцест.
Одиме по логичен пат, кој е веродостоен според податоците во Библијата.

(читај Адам и Ева; Стар Завет 1, 2, 3, и делови од 4 и 5).
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.432
Поени од реакции
5.128
Тоа што сум верник, прави да не смеам да бидам новинарка? Или што? Како ги имаш замислено жените што веруваат во Бог? Со мантии, шамии и во кујна? Опрај се.

Ако сакаш да ја провериш веродостојноста на податоците во Библијата, тогаш почни да читаш. Вака на празно, ниту сум ти должна, ниту имам време да ти објаснувам. Немој да си ласкаш дека јас овде се обидувам да те обратам тебе. Немам таква моќ. Ако еден ден поверуваш - заблагодари му на Бог што ти го отворил срцето.

П.С. Имаш многу циничен одбивен дискурс, не си елементарно писмен за дебата.
Па дааа....
Што си должна ти да објаснуваш?
Бог си знае се...:pos2:
 
Член од
17 февруари 2011
Мислења
775
Поени од реакции
33
Ај по ред, хронолошки наведи ми ги нештата за кои се објаснува и прецизноста (нели со аргументи и факти) за почеток оти јас ја немам читано Библијата...
Има едно нешто кое се вика Библиски речник кој треба да се користи ако сакаш да читаш и интерпретираш дадени делови од Библијата.
За жал ретко кој верник го прави тоа...
Какви библиски речници, Од кој јазик преведуват на кој. Кажи барем еден бибилиски речник по име. На пример библиски речник на владиката Н.Н. или на .... Дади конкретно, а не така завиткано во магла.
 

LordDragonII

Dr.Strangelove
Член од
15 август 2008
Мислења
10.995
Поени од реакции
5.726
Какви библиски речници, Од кој јазик преведуват на кој. Кажи барем еден бибилиски речник по име. На пример библиски речник на владиката Н.Н. или на .... Дади конкретно, а не така завиткано во магла.

 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Тоа што сум верник, прави да не смеам да бидам новинарка? Или што? Како ги имаш замислено жените што веруваат во Бог? Со мантии, шамии и во кујна? Опрај се.

Ако сакаш да ја провериш веродостојноста на податоците во Библијата, тогаш почни да читаш. Вака на празно, ниту сум ти должна, ниту имам време да ти објаснувам. Немој да си ласкаш дека јас овде се обидувам да те обратам тебе. Немам таква моќ. Ако еден ден поверуваш - заблагодари му на Бог што ти го отворил срцето.

П.С. Имаш многу циничен одбивен дискурс, не си елементарно писмен за дебата.
Da bas taka a ti ne se praj nepismena ubavo pisuva vo Biblijata kaj vi e mestoto... Na zena ne i dozvoluvam da poucuva ...Da mu bide pokorna na mazot kako na GOSPOD no ke se spasi preku raganje deca i potpolna pokornost!!! E toa pisuva Bibliata za vas!!!!... i ne mi dodavajte na ova nesto za da ne vi se dodade od prorockite zborovi......
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Тоа што сум верник, прави да не смеам да бидам новинарка? Или што? Како ги имаш замислено жените што веруваат во Бог? Со мантии, шамии и во кујна? Опрај се.

Ако сакаш да ја провериш веродостојноста на податоците во Библијата, тогаш почни да читаш. Вака на празно, ниту сум ти должна, ниту имам време да ти објаснувам. Немој да си ласкаш дека јас овде се обидувам да те обратам тебе. Немам таква моќ. Ако еден ден поверуваш - заблагодари му на Бог што ти го отворил срцето.

П.С. Имаш многу циничен одбивен дискурс, не си елементарно писмен за дебата.
Тоа што си верник, најверојатно, ќе те направи не-толку-добра Новинарка во споредба со онаа новинарка која ти би била кога покритично би се поставила кон формални авторитети. Вистинскиот новинар треба да е доволно самосвесен и одговорен да ги провери сите страни во инцидентот кој го покрива.

Жените кои веруваат во Јахве ми се особено интересни. Да веруваш во Бог кој тебе те смета за валкана, инфериорна на мажот, стока за тргување, виновна за гревот на секој човек на планетава (можам уште), најверојатно си или неупатена во содржината на Книгата или си послаба со лексиката. Христијантстово е религија која не ја ферма баш жената. Ај пробај да влезеш позади олтарот, на пример. Јахве таму, ама ич не те сака. Ако е Љубов.

Мислам дека од Светото Писмо имам доволно прочитано. Ти мене да ме преобратиш је не-мо-гу-че ;), него дај, ако имаш срце, остани малку подолго на темиве ни, за да си ја пробам јас среќата ;)

Се сложувам дека дискусот ми е арогантен и циничен. Колку е тој одбивен, зависи од тоа која страна држиш у дебатата. За писменоста мислам дека ептен си у грешка.

....

Мислам дека бев прилично директен и коректен во моето прво обраќање до тебе вчера/завчера. Остана должна на повеќето од точките. Е, тоа веќе е култура на дебатирање ;)

--- надополнето ---

:pos2:

Л.О.М.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.202
Поени од реакции
23.738
Извини што не можев да претпоставам дека ти се фигуративни прашањата (што и да ти значи тоа), кога ми велиш дека не си читал Библија и притоа ме прашуваш дали во неа пишува дека по вера сме спасени. Едноставно играш на онаа - човечка, манипулаторска карта. :) Простено ти е.
Да, во Библијата има објаснување за се`, за нешта кои се вонвременски но и за оние кои се конкретни. Таква прецизност и подреденост, може да направи само создавателот на светот. Само тој може така добро да не` познава. Бог се пројавува низ Библијата, така што нема да слезе и да ја прогласи за невистинита. Впрочем, кога Исус ќе дојде втор пат, ќе биде доцна за неверните.
ако си ти новинарка тогаш тешко нас обичните смртници што чекаат вести од тебе уште пак и ненаклонети објективни и искрени!!!
ко ке речам фигуративно како новинарка треба да знаеш дека сигурно не мислев моето прашање да го сватиш буквално од точка до точка, што сигурно не ти е познато затоа што така те учи библијата да веруваш во се што пиши во неа од точка до точка. моите прашања повеке беа иронични и повеке беа наменети да се запрашаш колку има логика во тоа што го кажуваш и како можи тоа да се изигра и тоа многу лесно. за жената во христијанството а за во исламот нема ни да зборувам мислам дека доволно те запукаја така да беспредметно е да ти дообјаснувам. и не дека јас ја немам прочитано библијата а ја немам ете искрено да си кажам ама по се изгледа ти ако си ја прочитала нешто многу малце си сватила или си сватила како што тебе ти одговара што уште еднаш не навраќа на твојата објективност како новинарка.така да се си мислам дека или си ја згрешила професијата или си новинарка за некој црковен весник или пишуваш колумни за она календарчето црковното што известува кога е кој празник( хехе добро ми беше ова) , или си само дволична манипулаторка која си ја толкува библијата како што и одговара. и толку од независно новинарство.
оди во А1 супер ке ти биде , одма ке се вклопиш :)

--- надополнето ---

ова се вика шах мат:aplauz:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Уште еднаш, да не случајно се заборави на следната страна, еден порој од kudos-и за Вториот Господар на Змаевите за маестралната реплика на горделивото барање на Joan.

Честитки насекаде!!!
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Каква е таа прецизност и подреденост во Битие?!?

Првиот ден создал светлина, а светла (сонце, месечина и ѕвезди) тек четвртиот? Каква е оваа подреденост?
Во библискиот текст никаде не се вели дека светлината што Бог ја создал била Сончева светлина. Да пишуваше Сончева сватлина, ќе можевме да зборуваме за противречност, а во овој случај ти се обидуваш да му вметнеш зборови на Бог во устата и потоа да го обвиниш за контрадикторност :)
Во Откровението на пример пишува:
„Ноќ нема да има веќе и не ќе им биде потребна светлина од светилка, ни светлина од сонцето, зашто Господ Бог ќе ги осветлува, и ќе владеат во веки веков.“ (Откровение 22:5, Библијата)
Аха! Ете уште една „контрадикторност“ :)

Прво ги создал мажот и жената, па после, откога се одморил (како тоа се уморил?!?!) земал и на Адама му извадил ребро за да му направи жена?!?! Која е тогаш онаа првата жена од првата недела?!?!
А зошто не прашуваш кој е тој првиот маж, затоа што и создавањето на Адам е повторно спомнато во 2то поглавје од Битие? :)
Ако уклучиш мозокот и ако ги тргнеш предрасудите за момент, ќе видиш дека во 2-то поглавје Мојсеј се навраќа на подетално опишување на создавањето на Адам и Ева. Како што постои хронолошка наратива, така постои и предметна наратива.

Новинарке, во Библијата се внимателно забележани и истакнати повеќе од 1000 контрадикторности. Еве како тоа изгледа графички:
Со вакво небулозно толкување ќе најдеш и по 1000 контрадикторности во секое поглавје од Библијата. Верувај дека ни ти, ни изворите од каде што црпиш не измислувате топла вода. Сите тие се објаснети и разобличени оддамна. Жал ми е, но тие нема да ти бидат изговор на Судниот Ден, затоа што Бог ќе ти рече: Зошто кога бараше грешки во Мојата објава на гугл не напиша и debunk или сл? Зошто селективно читаше само од анти-христијански сајтови? Зошто беше нечесен во наводното истражување на вистината? Зошто грчевито се забетонира во материјалистичко-натуралистичката идеологија? и сл.

И доста се праите фалш фраери зад монитор и ја расипувате темава со оф-топик клишеа. До сега две дебати во живо имавме и никој од вас атеистичките верници не се појави. Од други места дојдоа, ама од оваа багра тука никој. Лесно е да се поставуваат бесконечна листа на прашања, да се вреѓа, да се етикетира, омаловажува, клевети и сл. За тоа не треба ни памет ни разум ни знаење.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom