Здраво Новинарке,
Одамна не ни се вкрстиле постовите. Однапред се извинувам за евентуалнио вознемир кој би го осетила додека ги читаш моите непобарани одговори кои ионака се насочени кон тврдењата, а не кон личноста која ги напишала.
1. Секако дека е тоа човеково право. Никој тоа не го оспорува. За постоењето на Бог, од друга страна, ако мислиш на антропоморфните Јахве, Кришна, Шива или било кој друг од тековните 5000 богови кои ординираат низ светов денес, тогаш јас би рекол дека грешиш. Јас, на пример, сум до крај сигурен дека библискиот бог не постои.
2. Не сме токму сега создадени. Ние сме резултат на 4 милијарди години еволуција. Нашите карактеристики се резултат на нашите гени, темперамент, карактер и сите искуства и избори кои сме ги направиле до овој момент кога ти го читаш ова што јас сум го напишал.
3. Не сме совршени. Погледни околу себе и пробај да најдеш некој човек кој е совршен. Ние сме момент во една постојана линија на развој на човештвото – подобри од претходните, понеприлагодени од идните генерации. Тоа што сме толку комплексни се објаснува со истиот механизам.
4. Точно. Во ваквиот систем едноставно нема место за божествено битие, освен, можеби, во улога на креатор + апсолутно пасивен набљудувач (чуда не се случуваат, нели). За постоењето на ваков НЕАНТРОПОМОРФЕН бог треба да се справиме со многу други парадокси – секако, претпоставувам дека не мислиш на ваков бог.
5. Дојди со џанаците у парк позади зграда да видиш колку им е недоистрошен умот
6. Ова е сосем неосновано тврдење. Можам да кажам, со исто право и силина на аргумент како и ти, дека Дедо Мраз ја создал материјата. Ништо во твоето тврдење нема поголема тежина од моето. За божјиот дар, исто така, НО за способноста да ги „користиме хемиските елементи“ си сосем не-во-право; тоа е наследство на човештвото, наталожено од безбројните часови беспоштедна напорна работа на генерации слободоумни луѓе со несовладлива страст за откривање и критички пристап – две работи изричито забранувани од религијата. Не го кити Јахве со туѓи пердуви
7. Ај нека создаде Јахве, а?
Нема НЕКОЈ кој создава. Сето создавање кое се случува во универзумот е индуцирано од некој друг природен (универзумски) настан кој се раководи според истите неменливи и релативно едноставни закони на физиката кои се учат во школо. Затоа никој нема, туку така (како Бог во Битие), наменски или од ќеиф, да создаде второ сонце. Од друга страна, околностите резултирале со две-три сонца во соларниот систем Сириус, на пример. Универзумот е полн со волшебства.
--- надополнето ---
Абе, интернетот ти е слаб... напрај пауза. Ако сакаш, можам да ти го испринтам прирачников за праење кругови, да не те фаќа нервоза од low bandwidth, па да можеш да вежбаш