Креационизам наспроти еволуционизам

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Теоријата на еволуција е заснована на ДОКАЗИ. За оние работи за кои нема докази се прават претпоставки врз основа на доказите. Докази се наоѓаат во фосилите, но и кај сите живи суштества денеска, како и во нивната генетика.

Науката има идеја за тоа како е создадена пра-материјата. Еве едно кратко видео за тоа. Имајте предвид дека видеово трае шест минути и дека е кратко резиме на еден куп истражувања во последниве стотина години.
А да го стаеше линков видлив?

како овде
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Еволуизам не постои. Постои Теорија на Еволуција која е потврдена од повеќе аспекти и не постојат никакви соманевања за нејзината извесност помеѓу научниот свет. Она за што можеби некој спори се брзината со која таа се случува.

Теоријата на еволуција постојано, секојдневно се потврдува со биологијата и со секој новооткриен вид, кој совршено се фклопува во филогенетското дрво. Генетиката секојдневно ја потврдува ТЕ со новите наоди од истражувањата и проучувањата на геномите. Палеонтологијата постојано ја потврдува ТЕ со секој нов фосилен наод.

Сите овие науки ја потврдуваат Теоријата на Еволуција, и не постои ниту еден единствен наод, ниту еден единствен фосил или живо организам на оваа планета кој пркоси на Теоријата на еволуција.

Најди само еден таков и целата биологија, целата генетика и целата придордна наука на земјава ќе се промени од корен!

Само не можеш. Не можеш ти, не можат лудите креационисти и не може ниту еден научник.

То ти је. Можеш да мрчиш колку сакаш, можеш да збориш у празно, можеш да пљукаш колку сакаш, но никако не можеш да пронајдеш ниту еден доказ кој ќе ја оспори Теоријата на еволуција.

...а знам дека сакаш... нема поп или верник кој не сонува за едно откритие кое би ја отерало науката у пизде материне... Ама џабе!

Еве пробај!

--- надополнето ---



Како ти го замислуваш Бог? Дали Бог одлучува? Дали Бог планира? Дали суди? Дали очекува нешто Бог?
Во врска со првиот дел има и конкретен пример. Неодамна, нели од НАСА објавија за новиод вид на организам во езерото во Калифорнија кој во својот метаболизам наместо фосфор користи арсен. И тоа откритие ЈА ПРОМЕНИ целата природна наука, или барем една нејзина основна претпоставка. Тоа секако не ја поткопува, туку дури и според мое мислење и ја подржува теоријата на еволуција.

За вториот дел: Бог одлучува. Односно, Бог во материјалниот свет се манифестира преку одлуки, кои потоа повлекуваат настани. Во материјалниот универзум мора да постои причина и последица, односно пред и потоа. Но, ова припаѓа на филозофска дебата, а не овде.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Теоријата на еволуција е заснована на ДОКАЗИ. За оние работи за кои нема докази се прават претпоставки врз основа на доказите. Докази се наоѓаат во фосилите, но и кај сите живи суштества денеска, како и во нивната генетика.
Прикаската за еволуцијата нема ниту еден научен аргумент, а камо ли па доказ. Токму фосилите и тековните живи суштества од темел ја побиваат еволуцијата. А кога Дарвин би знаел за генетиката и ДНК молекулата, тој ќе бил првиот што ќе се одречел од еволуцијата.
 
F

Frankie Yale

Гостин
Добра е, но еве ти нешто од моето време.

Уживај.
:eek:jea::party3::)
Така е. Еволуцизмот се засновува на измами, ноторни лаги, фалсификувања, наштимувања, селективно прикажување на вистините, избрзани и недоследни заклучоци, циркуларни аргументи, индоктринација, извртување на научниот метод, режија, научна фантастика, пристрасни очекувања, уметничко сликање на „човеколики мајмуни“ итн.
Еволуцијата е филозофска претпоставка, пишано уметничко дело, но не и научна теорија. Не постои ниту еден валиден научен аргумент, а уште помалку доказ, дека еволуцијата некогаш се случила, дека се случува или пак дека има некакви реални шанси да очекуваме дека ќе се случи во иднина. Таа како филозофска мисла опстојува во моментално атеистичкото образование единствено затоа што таа е единствена, бесконкурентна хипотеза за настанокот на живиот свет во отсуство на Создателот Бог.
Чекај, не беше ова болдираново религијата и нејзините тврдења за господ? Ме збуни сеа :(
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Чекај, не беше ова болдираново религијата и нејзините тврдења за господ? Ме збуни сеа :(
Да, тоа е случајот со многу религи, но тоа е случајот и со Дарвинизмот т.е. еволуцијата. Во својата книга „Еволуцијата: теорија во криза“, молекуларниот биолог Мајкл Дејтон ја нарекува Дарвиновата еволуција една од најголемите бајки на нашево време. Како што принцезата со бакнеж ја претвара жабата во принц, така и мутациите во гените ја претвориле рибата во човек. Разликата е само во брзината на хокус-покусот :)
 
F

Frankie Yale

Гостин
Да, тоа е случајот со многу религии, но тоа е случајот и со Дарвинизмот т.е. еволуцијата. Во својата книга „Еволуцијата: теорија во криза“, молекуларниот биолог Мајкл Дејтон ја нарекува Дарвиновата еволуција една од најголемите бајки на нашево време. Како што принцезата со бакнеж ја претвара жабата во принц, така и мутациите во гените ја претвориле рибата во човек. Разликата е само во брзината на хокус-покусот :)
Ама твојата не? И не ти е некако чудно што 99% од научниците ја поддржуваат оваа теорија како факт. Многу глупи тоа научницине кога ти тоа така го сконта како погрешна теорија т.е измислена бајка од злите атеисти :toe:
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Прикаската за еволуцијата нема ниту еден научен аргумент, а камо ли па доказ. Токму фосилите и тековните живи суштества од темел ја побиваат еволуцијата. А кога Дарвин би знаел за генетиката и ДНК молекулата, тој ќе бил првиот што ќе се одречел од еволуцијата.
Како и обично, постот ти е преполн со бесрамни лаги и пропаганда. кога ќе научиш да дискутираш, во постовите ќе почнеш да оставаш траги преку кои можат да се проверат твоите тврдења. Ти тука ништо суштински не си кажал.

Не ни очекував.

--- надополнето ---

Во врска со првиот дел има и конкретен пример. Неодамна, нели од НАСА објавија за новиод вид на организам во езерото во Калифорнија кој во својот метаболизам наместо фосфор користи арсен. И тоа откритие ЈА ПРОМЕНИ целата природна наука, или барем една нејзина основна претпоставка. Тоа секако не ја поткопува, туку дури и според мое мислење и ја подржува теоријата на еволуција.

За вториот дел: Бог одлучува. Односно, Бог во материјалниот свет се манифестира преку одлуки, кои потоа повлекуваат настани. Во материјалниот универзум мора да постои причина и последица, односно пред и потоа. Но, ова припаѓа на филозофска дебата, а не овде.
Во врска со првиот дел. Новооткриените бактерии воопшто не се косат со филогенетското дрво. Тоа е сосем поинаков вид на живот. Филогенетското дрво базирано на кислород воопшто не е засегнато со овој вид.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
http://www.emergentmind.org/gariaev06.htm

Basic principles of Wave Genetics:

1) The 98% “garbage DNA” is not actually “garbage DNA”, but a supercode, and this code (or codes) are of a higher level than those coding RNA and proteins. This “higher level” is the “wave level”.

2) The genome is a quasi-intelligent system.

3) The function of the wave level of genetic coding is to program the spatial-temporal organization of an organism.

Postulates of the new paradigm :

1) All living organisms consist of two substances: the material substance and the energy-informational (EI) (or subtle) substance.

2) The key property which distinguishes the EI substance, and the corresponding EI field, from all substances and fields known in modern physics is that the EI substance is omnipresent, i.e. it is present simultaneously at each point in the space of our three dimensional material world. This means, in particular, that the distance between EI substances of any two material objects in our three dimensional world is always zero, no matter how far they are located physically from each other.

3) In agreement with Postulate 1), we assume that each living organism exists at two levels: the material level and the EI level.

4) The two levels of an organism are intimately linked with each other and affect the condition of each other as well as reflect the condition of each other. Moreover, the EI level is the leading one.

5) We define life as a dynamic exchange of energy and information between a physical organism and its EI (or subtle) counterpart.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Да, тоа е случајот со многу религи, но тоа е случајот и со Дарвинизмот т.е. еволуцијата. Во својата книга „Еволуцијата: теорија во криза“, молекуларниот биолог Мајкл Дејтон ја нарекува Дарвиновата еволуција една од најголемите бајки на нашево време. Како што принцезата со бакнеж ја претвара жабата во принц, така и мутациите во гените ја претвориле рибата во човек. Разликата е само во брзината на хокус-покусот :)
Уште еден пост без ниту еден единствен аргумент. Само пропагандни лаги. Ништо суштински.

Пробај, ако ти држи г'зот да дадеш едно конкретно тврдење со наод од теренот со кое ќе ја поддржиш оваа твоја теза.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Ама твојата не? И не ти е некако чудно што 99% од научниците ја поддржуваат оваа теорија како факт. Многу глупи тоа научницине кога ти тоа така го сконта како погрешна теорија т.е измислена бајка од злите атеисти :toe:
Бројката не е ни приближна на 99%. Но воопшто не ми е чудно што повеќето од оние што воопшто изнесуваат став по ова прашање ја подржуваат, затоа што таков е образовниот систем, и тешко може да се пробие некој низ катедрите на биолозите ако не каже амин на оваа индоктринација. Но и терминот научник е малку субјективен. Некои за научници ги сметаат оние што имаат докторат, некои и оние што учествуваат во научно истражувачка дејност (што најчесто е политички врзан систем) итн. Од друга страна во повеќето земји имаш научници кои воопшто не марат за вистината на науката, туку само гледаат што полесно да одбранат магистерски и докторски труд и најмалку што се осудуваат во тие трудови да внесуваат тези со кои што не се согласува менторот. Потоа тие седнуваат на нивните места и кругот продолжува да се врти.

Ако пак го земеме кремот на научниците - нобеловците, тогаш ја имаме оваа статистика: Од сите добитници на НОБЕЛОВА НАГРАДА, 64% се протестанти, 22% се Евреи, а само 10% се атеисти. Од тие 64% преку сила 10% би верувале во контраверзната „теистичка еволуција“. Значи има многу повеќе протестанти отколку атеисти меѓу нобеловците.

И најпосле, статистиката не е некој меродавен аргумент за она што е вистина или не. Вистината е апсолутна и таа не зависи од бројот на оние кои ја веруваат. Едно време целиот научен свет веруваше дека Земјата е неподвижна и Сонцето и сите останати небесни тела се вртат околу неа. Исто така мнозинството веруваше дека атомот е неделив, дека просторот е изотропен, а времето тече со иста брзина во сите инерцијални системи. Денес ретко кој го верува ова. Но тогаш 99.999% од научниците.

--- надополнето ---

Пробај, ако ти држи г'зот да дадеш едно конкретно тврдење со наод од теренот со кое ќе ја поддржиш оваа твоја теза.
Повели ако имаш г'з да дебатираш во живо на оваа тема ;)
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.201
Поени од реакции
23.733
Ако пак го земеме кремот на научниците - нобеловците, тогаш ја имаме оваа статистика: Од сите добитници на НОБЕЛОВА НАГРАДА, 64% се протестанти, 22% се Евреи, а само 10% се атеисти. Од тие 64% преку сила 10% би верувале во контраверзната „теистичка еволуција“. Значи има многу повеќе протестанти отколку атеисти меѓу нобеловците.

И најпосле, статистиката не е некој меродавен аргумент за она што е вистина или не. Вистината е апсолутна и таа не зависи од бројот на оние кои ја веруваат. Едно време целиот научен свет веруваше дека Земјата е неподвижна и Сонцето и сите останати небесни тела се вртат околу неа.
за процентот на религиозната застапеност воопшто и не е битен посебно не кај научниците, туку за што тоа тие се залагаат.на крај на краевите и јас сум православен христијанин( по раѓање а не по мој соопствен избор), но сепак на следниот попис ке се изјаснам како православен христијанин а тоа нема никаква врска со реалната состојба или глупостите што ги прповедаат религиите.и како крем на сето тоа како божем сите научници се ете религиозни и го застапуваат креационизмот, тогаш логично би било на училиште да се учи тоа тврдење а не ова нормалото и едниственото правилно, но толку за тоа.
а за вториот твој заклучок тие ставови ги застапуваше баш црквата и таквите како тебе кои за жал тогаш имаја потполна контрола и власт и затоа многу завршија на клада или каде веќе не, а токму спротивните ставови или оние вистинските ги застапуваа научниците.и после видоја не видоја што би рекле пред фактите и боговите молчат а не пак ситните души како тебе наеднаш ги променија или ублажија своите ставови.истото се случува и денес а ти си жив фосил и пример само со таа разлика што денес никој и не ве ферма, инаку да ве фермаја или да имавте контрола и власт како во средниот темен век досега ние ке бевме запалени.ама за жал вие сте само безгласна буква која се замислува дека е некој фактор
 
F

Frankie Yale

Гостин
Бројката не е ни приближна на 99%. Но воопшто не ми е чудно што повеќето од оние што воопшто изнесуваат став по ова прашање ја подржуваат, затоа што таков е образовниот систем, и тешко може да се пробие некој низ катедрите на биолозите ако не каже амин на оваа индоктринација. Но и терминот научник е малку субјективен. Некои за научници ги сметаат оние што имаат докторат, некои и оние што учествуваат во научно истражувачка дејност (што најчесто е политички врзан систем) итн. Од друга страна во повеќето земји имаш научници кои воопшто не марат за вистината на науката, туку само гледаат што полесно да одбранат магистерски и докторски труд и најмалку што се осудуваат во тие трудови да внесуваат тези со кои што не се согласува менторот. Потоа тие седнуваат на нивните места и кругот продолжува да се врти.

Ако пак го земеме кремот на научниците - нобеловците, тогаш ја имаме оваа статистика: Од сите добитници на НОБЕЛОВА НАГРАДА, 64% се протестанти, 22% се Евреи, а само 10% се атеисти. Од тие 64% преку сила 10% би верувале во контраверзната „теистичка еволуција“. Значи има многу повеќе протестанти отколку атеисти меѓу нобеловците.

И најпосле, статистиката не е некој меродавен аргумент за она што е вистина или не. Вистината е апсолутна и таа не зависи од бројот на оние кои ја веруваат. Едно време целиот научен свет веруваше дека Земјата е неподвижна и Сонцето и сите останати небесни тела се вртат околу неа. Исто така мнозинството веруваше дека атомот е неделив, дека просторот е изотропен, а времето тече со иста брзина во сите инерцијални системи. Денес ретко кој го верува ова. Но тогаш 99.999% од научниците.
За нобеловците, не сум сигурен од кај си добил таа бројка па ако може линк. Понатака, имаш награди и за литература, мир итн. Дали е тоа за сите, или само за во полето на науката. Мада и не е важно зошто атеизмот не е ниту идеологија ниту религија. Back on topic...

http://en.wikipedia.org/wiki/Level_of_support_for_evolution

Бројката на научници што ја поддржуваат оваа теорија е огромна, па ја искористив за да ти можеш да ми појасниш како ти се најде толку "паметен". Да, едно време целиот свет веруваше дека Земјата е неподвижна и едно време се мислело дека атомот е неделив ама ете се нашол некој мајчин и им докажал дека не е така. Ти што докажа? Ништо, освен што наброја неколку теории на заговор кои се безвезни. Сега болдираното да ти го објаснам, не е точно дека намерно во круг се врти, теоријата на еволуцијата не е заговор. Верувај дека кој било научник кога би дошол до веродостојни сознанија кои ја уништуваат теоријата на еволуцијата, веднаш би ги зграбил своите пет минути и би ги објавил. Колкава слава и признатост би добил во научниот свет, најверојатно и попознат од Ајнштајн. Замисли шпица на вести "Тој и тој ја поби теоријата на еволуцијата!". Зошто не објавуваат? Зошто нема докази, затоа и таа книгата на Мајкл Дентон беше негативно примена од сите критичари (освен христијанските нормално) за многубројните грешки во неа. Тоа не значи дека научниците коваат заговор против господ...

Модерната теорија на еволуцијата е потврдена и преку обични набљудувања, не само преку докази. Што значи дека го поминала "полето" на хипотези и станала универзално прифатена теорија или факт! Со секое набљудување на дивиот свет, истражувања и испитувања сите со совпаѓаат со предвидувањата на оваа теорија.

Што е уште поважно, еволуцијата се користи од луѓето за вештачка селекција, генетски инжинеринг, производство на вакцини и во многу други полиња. Ако еволуцијата не е точна т.е. измислена бајка тогаш зошто успева нејзината примена од човекот?
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Што е уште поважно, еволуцијата се користи од луѓето за вештачка селекција, генетски инжинеринг, производство на вакцини и многу други полиња. Ако еволуцијата не е точна т.е. тогаш зошто успева нејзината примена од човекот?
Kako жити бога се користи еволуцијата за вештачка селекција и уништување на човекот со ГМ храна и вакцини ?
И се применува затоа што некој сака така да биде, иако е дебанкирана оддамна.
Работата е да се штити Њутновата механика односно материјализмот како филозофија на живот.
Хахахахх ти си жив доказ за успешноста на теоријата...зомби кое случајно е овде.
Сатанисти, дарвинисти, марксисти па и атеисти гледам се е тоа у еден куп.
Депрограмирај се додека има спас за тебе.
 

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Ако пак го земеме кремот на научниците - нобеловците, тогаш ја имаме оваа статистика: Од сите добитници на НОБЕЛОВА НАГРАДА, 64% се протестанти, 22% се Евреи, а само 10% се атеисти. Од тие 64% преку сила 10% би верувале во контраверзната „теистичка еволуција“. Значи има многу повеќе протестанти отколку атеисти меѓу нобеловците.
Да дебатираш, треба да имаш со кого. Треба, исто, да веруваш во искреноста на намерите на другата страна. Ако ти дебатата во живо ја водиш како тука - на ѓутуре, без потврдени и проверени извори - што ку* ќе правам јас таму?!? Да те слушам како бесрамно лажеш и истураш во една реченица 15 проверени лаги?!?! Кај ќе можам јас во своите 3-5 минути да ти ги разобличам?!?! На кого таму јас ќе му ги објаснувам фазите на развојот на окото (1000 пати објаснето тука) кога ви истата реченица бесрамно ќе ја прелажеш публиката на начин на кој го правиш тоа тука? Која е твојот одговорност таму? Што те боли ку* дали ќе те фатат во лага? Што би изгубил ти во тој случај? НИШТО.

Затоа и ти е лесно да лажеш наоколу.

Како што лажеш во цитатот, на пример.

Инаку, само 10% од членовите на Америчката академија на науки се верници. Во Обединетото кралство тој процент е 3,3%.

Кој е тука верник?!?!

Некој само лаже наоколу... без срам и перде. И дури и кога ќе го рашамараат тука, по недела-две, ќе се врати и истите лаги ќе се обиде да ги протне.

Да знаеш дека те чекам и те вребам. НИШТО ШТО ЌЕ ИЗЛАЖЕШ нема да помине без реакција. Да си знаеш!
 
F

Frankie Yale

Гостин
Kako жити бога се користи еволуцијата за вештачка селекција и уништување на човекот со ГМ храна и вакцини ?
И се применува затоа што некој сака така да биде, иако е дебанкирана оддамна.
Работата е да се штити Њутновата механика односно материјализмот како филозофија на живот.
Хахахахх ти си жив доказ за успешноста на теоријата...зомби кое случајно е овде.
Сатанисти, дарвинисти, марксисти па и атеисти гледам се е тоа у еден куп.
Депрограмирај се додека има спас за тебе.
Нема да ти одговрам зошто си трипозна будала која мисли дека е просветлена а сите со различно мислење ги сметаш за програмирани. Немој барем мене да ме замараш со тие твои фикс идеи. Имаш право на мислење, слободна држава е ова, ама барем мене немој да ме замараш со воите глупости веќе те молам...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom