1. Еволутивната скала постои, тоа е неспорно.
2. Но природата на тој процес мислам дека е многу различен од оној како што е претставен во догмата.
3. Религискиот креационизам не ме интересира.
4. Немам некој конечен став по прашањето за настанокот на живиот свет од причина што - не знам.
5. Сега да почнам да верувам во догмата или да се пресеравам дека знам би било бедно, барем према мојата перцепција.
6. На оваа тема сум против двете понудени догми, а приврзаник сум на истражувања кои би дале нови и поцелосни одговори за постанокот и развојот на живиот свет.
Холограмската парадигма иако е на почеток и со скромни средства сега за сега ми делува како добар пат во тој правец.
Прекрасен пост. Сериозно. Многу откривачки и стимулативен. Сега ми е доста појасно со кого зборувам (до сега знаев само за анархија)
Си дозволив малку да го разделам за полесна референца.
1. Одлично. И јас се сложувам со ова.
2. Сосем се сложувам дека постои можност да е тоа така. Само јас не можам да најдам некои evidence врз кои можам да го заклучам тоа. За сега. Не викам дека не е возможно. Ако мислиш дека имаш нешто што ќе ме помачи со пребарување, те молам залепи го.
3. Бинго! И ја сум тука. Додуше, мене ме интересира пошто е ептен outrageous. Ама мислам дека се сложуваме и тука.
4. Агностик до јаја - фер. Поштујем. И ја сум со едно око натака
5. Ова е некако изјава за страв од само-предавство...
не за рационален став. Не се љути
6. И јас сум на постојана стража за нови наоди и предлози. Само што не ми е проблем да ја почитувам оваа која брка работа каква што е и која корелира со сите останати науки.
Ја мислам дека се слагаме поголемиот дел од ставовите. Ја не глеам зошто се караме.
Едино што не веруваш у ТЕ. Што од овие бројки погоре овде не ми се чини за многу веројатно.
Холограмската парадигма е супер концепт. Не е контрадикторна со ТЕ.