Изгледа го мешаш разговорниот термин „теорија“ со научниот термин „теорија“.
За во науката да наречеш нешто теорија, прво поставуваш хипотеза. Хипотезата ја докажуваш со инструменти од научниот метод (scientific method). Доказот после ти го гледаат еден куп научници и ако потврдат дека е валиден хипотезата се унапредува во Теорија. Толку, крај на патот, нема понатаму.
Се надевам не се оние истите научни кругови кои тврдат дека грците постоеле пред 2300 години и поставиле теорија за еволуцијата
The Greeks developed a concept of evolution over 2,300 years ago that was basically equivalent to that of Charles Darwin's, but the early Christians opposed the idea and destroyed all of the works that promoted it or any other naturalistic explanations for earthly phenomena.
...или оние кои
прогласија пандемија на свински грип
Затоа и се нарекува теорија, едноставно да може да се мења во секое време, но добро знам што ги учат децата...апсолутна вистина од која не смеат да отстапат со свои размислувања и сомнежи.
Постојат уште контрадикторности (од претходноспомнатите за живиот организам, кокроуч, водните животни и птиците). На пример, доколку, како што се тврди дека на Земјата ледено доба егзистирало доста долго време, тогаш реално би требало да се најдат многу поголем број фосили (од оние кои денеска постојат) прилагодени на ладни услови. напротив, научните факти говорат сосем спротивно... дека климата била помеѓу тропска и субтропска. Наоѓани се фосили на мамути заедно со фосили на носорози и слични тропски животни.
Веројатно сте запознаени и за пресметките со магнетното поле на Земјата и неговото намалување низ вековите и можноста за живот на Земјата.
Збунува и фактот што според генетичарите 95% од генетскиот материјал останува неискористен. Еволуционо, тоа се објаснува со остатоци од минатото, нуспојави на еволуцијата. Уште поголем проблем е малиот % искористување на психичкиот потенцијал. Еволуцијата не може да го објасни постанокот на било кој од овие потенцијали, затоа што е невозможно и необјасниво со природна селекција да настане човек со 95% неискористен потенцијал, кога природата го селектира само егзистенцијалниот минимум и тоа само на способностите кои се манифестираат, а не на потенцијалот.
Не може да ги објасни ниту неприродните и патолошки мотиви кои се нецелисходни и свртени против човековата сопствена егзистенција. Доколку селекцијата ги одредувала особините на нашиот вид, оваа деградација и неприродните појави против сопствениот вид не би се случиле.
Заради ова и други причини, сум резервиран кон сегашните претпоставки за еволуцијата...а на концу конца секогаш вакви битки завршуваат со -мојот кунг фу е подобар од твојот кунг фу...т.е. никогаш вака мали и безначајни какви што сме, нема да ја откриеме онаа вистинска вистина...само ќе претпоставуваме и косиме едни со други.