Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Се разбира ќе финансираат протестантите... Креационизмот е типична протестантска творба на луѓе кои решиле да се богатат од безвезе брошурки со демек научна онова против еволуцијта. А народот прост голта се`... Каде беш креационизмот пред 5-6 години? Или преведените книги тогаш беа на пат од Америка... Дај бре луѓе освен Свето Писмо, `100 чекори до Бога`, `Кажи не на еволуцијата`, читнете барем физика за 7 одделние и биологија за 5-то одделние. Видете дека светот е устроен по природни закони и дека тие закони ги диктираат правилата на опстанок.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Filmakedon, колку што јас имам освоено награди по физика, математика и астрономија, ти немаш толку заби во устата. Имам неколку први награди на државни натпревари, а ја имам претставувано Македонија и на меѓународна олимпијада во Велика Британија (далечната 2000 година). Простете за нескромноста, но не дозволувам тинејџери што се образуваат од википедиа, јутјуб и форуми да ми попуваат да читкам учебници кои што сум ги прочитал веројатно кога тие не биле ни родени.
 
Член од
1 јули 2009
Мислења
299
Поени од реакции
343

Кај се најде ти толку учен, жив ти ристоса?

Дај просветли не, со тоа твоето знење, дај противаргумент за еволуцијата на окото што ти ја презентираа, нели ти бараше да ти ја објаснат. Еве, јас ќе ти одговорам за тоа како од "неживи станале живи соединенија", само те молам дефинирај ми прво што ти подразбираш под "живо" и како ти на пример разликуваш живо од неживо.
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Приказната за принцот и жабата е далеку пореална од бајката за еволуцијата. За љубовта, колку толку, барем има некакви емпириски сознанија дека има трансформирачка моќ. За времето и околината не постои ниту еден единствен доказ дека можат да дизајнираат фамозна ДНК молекула, крвен систем, сетила, мозок, срце итн.
Има доказ. За девет месеци од зачнувањето до раѓањето на човекот се создава се што наброја. Секојдневно од неживата храна што човекот ја јаде се креират нови, живи клетки во телото.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Барам, еве, да видам како да се пријави некој за предизвикот на Аднан, ама тешко нешто на интернетов да му фатиш крај. Не може! Јес да човекот го има испечатено „атласот“ во дури 10.000 копии (WOW!)

Ги читам реакциите на предизвикот од научната заедница и све ми е јасно. После ја гледам и сликата од фраерот:

1. Не можеш да му ги побараш парите и да сакаш. Луѓе му се смеат. Шарлатанот нема ни факс завршено (никаков). Криминалец е проверено:
The fact is that, his publications and his foundation (Science Research Foundation) have recently been banned in Turkey, and most members of his "sect" have been sent to court. This was not due to their Islamic and scientific activities, but due to crimes such as blackmail, extortion, possession of unlicensed weapons and sexual intercourse with minors.
Судот му ја решил и верната криминална дружина.

А ти чорбаџи, можеш кај господин Ренди, во било кој момент да закажеш интервју> http://www.randi.org/site/ и да се обидеш било кое тврдење да си го докажеш и да си ќариш $1000000.

Овој вториот линк е срамота и да го кликнеш, а не да го читаш. Нема ниту едно име, нема ниту една адреса или потврда за било што што е таму напишано. Топло ви препорачувам да проверите.

Чорбаџи, има тука луѓе што кликаат, читаат и проверуваат.

А овој шарлатанов ти е ептен смешен. Можеше барем сурат да му видиш пред да го залепиш или биографија да му прочиташ. Вака, искочи смешен и плиток.

Знам дека не е лесно. ;)

--- надополнето ---

Супер е фриков:
what is presented as Holocaust is the death of some Jews due to the typhus plague during the war and the famine towards the end of the war caused by the defeat of the Germans.
и ова:
Oktar was convicted of creating an illegal organization for personal gain. He and 17 other members of his organisation were sentenced to three years in prison.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.435
Поени од реакции
5.128
Filmakedon, колку што јас имам освоено награди по физика, математика и астрономија, ти немаш толку заби во устата. Имам неколку први награди на државни натпревари, а ја имам претставувано Македонија и на меѓународна олимпијада во Велика Британија (далечната 2000 година). Простете за нескромноста, но не дозволувам тинејџери што се образуваат од википедиа, јутјуб и форуми да ми попуваат да читкам учебници кои што сум ги прочитал веројатно кога тие не биле ни родени.
Навистина??? :)
Колку е извод од 4 икс на квадрат?
Што значи втора космичка брзина?
И што преставува една АЕ?

Ете ти по едно основно прашање од сите 3 природни науки што ги наброја. :):):)
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Лелеее... види како го замислиле овие другиве филмот со милионската награда:

Reward of at least $1,000,000 shall be paid in U.S. dollars. It would be no problem raising this amount of money if you have evidence of Evolution, scientists from around the world will gladly pay dearly for it! An independent jury of Evolutionists and Creationists will review your submission and their conclusion is final.
Ни пари имаат, ни комисија, ни критериуми...

Многу професионално подготвено.

Чорбаџи?
 
ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Ај ти пошто си љубител на ѓејој и нивни “права“ на брак објасни како се појавиле ѓејој пошто не се вклопуваат некако во еволутивните процеси...
Има еволутивна логика за појава на хомосексуалноста. Тоа е контрола на популацијата. Поради тоа што хомосексуалците не можат да се размножуваат, во големи популации се појавуваат поголем број на хомосексуални единки. На тој начин ќе се намали бројот на единки кои ќе бидат конкуренција за размножување.

Инаку, не сум „ љубител на ѓејој и нивни “права“ на брак“, но токму поаѓајќи од прашањето кое ти го постави сум дошол до ова објаснување.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Приказната за принцот и жабата е далеку пореална од бајката за еволуцијата. За љубовта, колку толку, барем има некакви емпириски сознанија дека има трансформирачка моќ. За времето и околината не постои ниту еден единствен доказ дека можат да дизајнираат фамозна ДНК молекула, крвен систем, сетила, мозок, срце итн.
Еволуцијата не дизајнира, еволуцијата е адаптирачка моќ на организмите, таа е силата која стои позади целиот биодиверзитет, а дали има докази итекако има! Само што вашата тврдоглавост и суета не сака да го признае тоа, што е ако не доказ бактеријата која еволуирала за да го конзумира најлонот како храна? Најлонот е вештачки материјал создаден од човекот во 1935, што значи дека пред ова бактеријата не постоела!
In 1975 a team of Japanese scientists discovered a strain of Flavobacterium, living in ponds containing waste water from a nylon factory, that was capable of digesting certain byproducts of nylon 6 manufacture, such as the linear dimer of 6-aminohexanoate, even though those substances are not known to have existed before the invention of nylon in 1935. Further study revealed that the three enzymes the bacteria were using to digest the byproducts were significantly different from any other enzymes produced by other Flavobacterium strains (or any other bacteria for that matter), and not effective on any material other than the manmade nylon byproducts.

http://en.wikipedia.org/wiki/Nylon-eating_bacteria

--- надополнето ---

Filmakedon, колку што јас имам освоено награди по физика, математика и астрономија, ти немаш толку заби во устата. Имам неколку први награди на државни натпревари, а ја имам претставувано Македонија и на меѓународна олимпијада во Велика Британија (далечната 2000 година). Простете за нескромноста, но не дозволувам тинејџери што се образуваат од википедиа, јутјуб и форуми да ми попуваат да читкам учебници кои што сум ги прочитал веројатно кога тие не биле ни родени.
Чорбаџи како тоа толку награди освоени, олимпијади и слично, а се избламира тука тврдејќи дека според еволуцијата е можно од жаба да еволуира мајмун? И како ти се провлече лапсусот да не распознаваш ген од геном? Човек кој има знаење и искуство првин се запознава со тематиката на која дискутира и која ја критикува, а ти на неколку наврати покажа дека немаш ни основни познавања за еволуцијата и што е таа.
 
Член од
24 октомври 2010
Мислења
2.434
Поени од реакции
244
Form is not other than Void; Void is not other than Form.

(from the Heart Sutra) - Gautama Buddha
или скратено Буда
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
...тврдејќи дека според еволуцијата е можно од жаба да еволуира мајмун?
Веќе ти одговорив на ова. Еволуцијата не е единствена драма/режија. Како што има поделби и ограноци во другите религии, така има и кај Дарвинистите. Оттаму има и разлики во дрвото на животот кај различните верници од различните Дарвинистички ограноци.

И како ти се провлече лапсусот да не распознаваш ген од геном?
Мој превид. Ако јас ги редам твоите лапсузи, сосема ќе отидеме оф топик.
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Веќе ти одговорив на ова. Еволуцијата не е единствена драма/режија. Како што има поделби и ограноци во другите религии, така има и кај Дарвинистите. Оттаму има и разлики во дрвото на животот кај различните верници од различните Дарвинистички ограноци.
Лажеш, друже. такво нешто нема кај дарвинистите.
Прво, дарвинисти не постојат. Второ, во науката нема фракции.

Него, за другар ти турчинов... нешто почна муабет, пушти вода па сеа ќутиш ко за левијатанот, кенгурите и остало.

Де кажи нешто. Наврати се.
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Навистина??? :)
Колку е извод од 4 икс на квадрат?
Што значи втора космичка брзина?
И што преставува една АЕ?

Ете ти по едно основно прашање од сите 3 природни науки што ги наброја. :):):)
1. 8 икс
2. Брзина потребна за едно летало да ја напушти Земјината гравитација. Се добива со равенство меѓу кинетичката енергија на телото и гравитациониот потенцијал (масата се крати и се добива брзина од 11.2км/s)
3. Една астрономска единица = еднаква на средното растојание помеѓу Земјата и Сонцето. (околу 149.5 милиони километри)

Разгледај ги темите по Математика и Физика на Идивиди форумот (подфорум Наука) http://forum.idividi.com.mk/forum_topics.asp?FID=98

Може сега јас тебе неколку задачки? :)
1. Колку е интеграл од е на степен икс врз икс? (е = Неперов број)
2. Дали е можно едно летало лансирано од Земјата со почетна брзина помала од 3тата космичка брзина да го напушти Сончевиот систем? Образложи.
3. Ај доста ти се :)
 
Не е фер со користење на помош. (идивиди) :)

Инаку одговорите на твоите прашања се:
1. Интеграл од е на степен икс врз икс е еднакво на е + константа. (бидејќи икс врз икс е 1)
2. Не може да го напушти Сончевиот систем бидејќи за негово напуштање е потребна трета космичка брзина (некаде околу 16 км/сек.)

Да не продолжуваме офтопик, само уште едно прашање,
Дали равенката Е=МС2 (на квадрат) објаснува се или и треба некоја измена? :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom