Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Геномот е тој според кое се одредува дали нешто е живо или не!

Можеби тоа според твојата дефиниција за "живот", но не и според реалната, па дури и не според понизните научници кои понизно признаваат дека се чекор поблиску до вештачкиот живот (но не и таму).

Пишува чекор поблиску, бидејќи не е целата клетка копирана туку нејзиниот геном.

Затоа стрпи се. Кога ќе копираат цела клетка, тогаш ќе можеш да аплаудираш на копираната синтетичка бактерија. Се разбира, ако копираат. Можно идно време.

Но тоа што е релевантно за темава е доказот дека од постоечки вид на организам е можно да се добие нов!

Како што пишав погоре: стрпи се. Не вели можно за нешто што сеуште никој освен Господ не го направил.

Со што креационизмот паѓа во вода!

Напротив.
Фактот дека научници се обидуваат да креираат синтентички живот, е аргумент за креационизмот. Креираат и креационизам се два збора со ист корен ;)
Понатаму, со самиот факт што генетичарите не измислуваат свој живот, туку се обидуваат да копираат од Божјите созданија, е доказ дека дури и еден ден креационистите да креираат синтетичка копија од веќе постоечки живот, тоа ќе биде доказ дека за настанување на животот Креатор е неопходен, а бидејќи копирале од Божјите созданија, тоа ќе биде аргумент дека тој креатор всушност бил Бог.
 
Затоа стрпи се. Кога ќе копираат цела клетка, тогаш ќе можеш да аплаудираш на копираната синтетичка бактерија. Се разбира, ако копираат. Можно идно време.
Клонирање? Already done.
 
Понатаму, со самиот факт што генетичарите не измислуваат свој живот, туку се обидуваат да копираат од Божјите созданија, е доказ дека дури и еден ден креационистите да креираат синтетичка копија од веќе постоечки живот, тоа ќе биде доказ дека за настанување на животот Креатор е неопходен, а бидејќи копирале од Божјите созданија, тоа ќе биде аргумент дека тој креатор всушност бил Бог.
Тоа што креирање и креатор имаат ист граматички корен, не е никаков аргумент за тврдењето дека секој жив организам кој го гледаме денес, бил таков од самиот почеток! Исто така потребата од креатор не е никаков доказ дека креацијата одсекогаш била иста! Креатор е многу веројатно да постои, но дека ги создал живите форми вакви какви што се денес е безброј пати побиено! Еволуцијата е факт, таа не негира постоење на креатор, но демантира постоење на креатор каков што го опишуваат креационистите!
 
Овие ми се ептен хит. Се надевам дека не се претерано раздразливи:

lvv6h.png
 
Фактот дека научници се обидуваат да креираат синтентички живот, е аргумент за креационизмот. Креираат и креационизам се два збора со ист корен ;)
Понатаму, со самиот факт што генетичарите не измислуваат свој живот, туку се обидуваат да копираат од Божјите созданија, е доказ дека дури и еден ден креационистите да креираат синтетичка копија од веќе постоечки живот, тоа ќе биде доказ дека за настанување на животот Креатор е неопходен, а бидејќи копирале од Божјите созданија, тоа ќе биде аргумент дека тој креатор всушност бил Бог.

Место да пробуваш да урнеш и негираш се што науката постигнува обиди се да дадеш еден аргумент (не доказ, тоа сигурно никој не може)
за „Божјо“ создавање.
Истите аргументи со кои пробувате да срушите било која друга теорија, за вас не важи.
Почни на пример од тука.....

1Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата.
Од што ги создаде? Од кој материјал?
2 Земјата беше неоформена и пуста;
имаше темнина над бездната и Божјиот
Дух лебдеше над водата.
Која бездна??? Земјата не била тркалезна? Која вода?
3 И Бог рече: „Нека биде светлина!”
И настана светлина.
Од што направи светлина (немало сонце сеуште, тоа и ѕвездите ги направил 4тиот ден, или третиот ако оној првиот не го рачунаме)?

Има ли некој намера да го објасни ова чудо на еволуцијата ?

Да имало ѕид, па да се чудам. Или да се на две различни планети... Видовиве живеат во океан. Сите океани се еда водена маса. Каде е тука збунката?!?!

Тоа што ги има на двата пола, само кажува дека живеат во ладни води. Сета вода под 100m далбочина е грч ладна. Си препливале низ ладната вода - низ својот природен хабитат.
Си пливаат. Со генерации. Подолу во текстот, ако не те мрзи да читаш, ти е објаснета и миграцијата.

Зошто мислиш дека е ова некаков преседан?!?! Што те буни?
 
Meне ништо не ме буни.
Кажи како настанаа идентични видови на раздалеченост од 12 000 км.
Како теоријата(недокажана) на еволуцијата ќе го вклопи во моделот.
Иако е невозможно :)
 
Не настанаа туку мигрираа.
А теорија секоја е недокажана, инаку не би била теорија. А таа „веројатната“ креационизам е повеќе од смешна.
 
Meне ништо не ме буни.
Кажи како настанаа идентични видови на раздалеченост од 12 000 км.
Како теоријата(недокажана) на еволуцијата ќе го вклопи во моделот.
Иако е невозможно :)

Кој вика дека настанале на далечина? Не ли разбираш што е вода?!?!

Ако се едните во субсахарна Африка, а идентичните нивни на Исланд, ај да се чудам... ама и едните и другите се во истата вода! Што те буни тука?!?
Каква препрека би имале тие за да стигнат од едното на другото место?!?!
Имаат отворен пат и соодветни животни услови. Зошто да не препливаат во потрага по добро место за живеење?

Абе си прочитал ли ти нешто за еволуција, или си од оние што викаат дека Еволуцијата тврди дека човекот настанал од мајмун?!?
 
Напротив.
Фактот дека научници се обидуваат да креираат синтентички живот, е аргумент за креационизмот. Креираат и креационизам се два збора со ист корен ;)
Понатаму, со самиот факт што генетичарите не измислуваат свој живот, туку се обидуваат да копираат од Божјите созданија, е доказ дека дури и еден ден креационистите да креираат синтетичка копија од веќе постоечки живот, тоа ќе биде доказ дека за настанување на животот Креатор е неопходен, а бидејќи копирале од Божјите созданија, тоа ќе биде аргумент дека тој креатор всушност бил Бог.

До пред малку неможноста да се креира вештачки живот беше доказ за креационизмот.
Сега можноста да се креира вештачки живот е доказ за креационизмот.
Следното ќе биде дека еволуцијата е доказ за креационизмот :)

А и те како мешаш Креатор со креационизам. Реално на еволуцијата не и смета креатор. Креаторот можеш слободно да го ставиш како движечка сила на еволуцијата.
 
Кој вика дека настанале на далечина? Не ли разбираш што е вода?!?!

Ако се едните во субсахарна Африка, а идентичните нивни на Исланд, ај да се чудам... ама и едните и другите се во истата вода! Што те буни тука?!?
Каква препрека би имале тие за да стигнат од едното на другото место?!?!
Имаат отворен пат и соодветни животни услови. Зошто да не препливаат во потрага по добро место за живеење?

Абе си прочитал ли ти нешто за еволуција, или си од оние што викаат дека Еволуцијата тврди дека човекот настанал од мајмун?!?

Еј 12 000 км.
Или со сила се правиш дека не разбираш или незнам што да ти кажам.
Овој податок ја руши теоријата на еволуцијата, над 200 видови, тука не ги ставам оние кои можеби можеле да препливаат.
Како китови и слично.
Тие 200 видови се потполно идентични, кој има бар малку мозок ќе му текне одма.
 
Потполно се идентични затоа што се (1) ист вид и затоа што (2) живеат во идентични хабитати (кои се меѓусебе поврзани). Тоа е потврда, а не негација на Еволуцијата.

Земи читај тоа книгата и батали ги 3-минутните клипчиња на youtube. Само ќе те збунат. А ко што не доучуваш, каша-попара ќе ти ја направат главата... к'о што и ти се чита по постовиве. Прво мислев од дрогите дека ти е, ама изглеа не ќе е до психоделиците... Ова е, очигледно, од мрза.
 
Креаторот можеш слободно да го ставиш како движечка сила на еволуцијата.

Би сакал. И јас порано слепо верував дека еволуцијата е Божјата рака преку која Бог ги создал човекот и животните, се додека не ги испитав нејзините основи и не увидов дека се работи за една обична индоктринација во образованието, неаргументирана хипотеза, научно фантастична режија на режисери облечени во бели мантили.

Движечка сила во еволуцијата се мутациите - грешките. Дарвин и компанија пробуваат да не убедат дека со помош на грешки се добиваат комплексни и огромни информации. Со помош на мутациите, невозможносто станува возможно, а возможното сигурно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom