@Чорбаџија: Малку е само не фер, кога ќе сум стеран во ќош, да се чаталам со јавни дебати за кои знам дека нема да се случат.
И те како ќе се случат, само чекаме еволуционистите да се дообразуваат и доубедат во својата вера, потоа да соберат храброст и ќе имае дебата. До сега сум пишал посебни теми за две дебати на форумов и двете се случиле во планираното време успешно. И за двете имало и fecebook настан.
Инаку, еволуцијата не е лага.
Според следбениците на Дарвин таа е вистина, според креационистите таа е лага. Секој со своето убедување.
Оваа теорија е далеку поконзистентна од било која религија, или квази-теорија.
Оваа теорија е исто толку конзистентна колку што е конзистентен било кој древен мит за создавањето на светот и животот. И покрај тоа што е завиткана во научен целофан, таа во суштина со ништо не се истакнува над останатите древни митови за создавањето на светот и животот. Нема ниту еден, буквално ниту еден докажан научен аргумент кој би ја подигнал над останатите древни митови за постанокот на животот.
Од нејзиното поставување не постои ниту еден пример на контра-доказ, застранување или неможност за примена на истата на било кој организам на нашата планета.
На какво поставување мислиш? Идеолошко? Политичко? Догматско? Се од ова оди во игра, освен научно. Таа е поставена како теорија уште во времето кога не се знаеше за DNK молекула, во времето кога се сметало дека живот може да настане и од едно парче месо фрлено покрај некој контејнер (имено не знаеле дека црвите всушност произлегуваат од ларвите заробени во месото уште додека било живо). Таа е поставена без доказ, без научна поткрепа, базирана само на претпоставки и на бујната фантазија на ентузијастите.
Значи за да постои контра-доказ, мора прво да постои доказ. Во спротивно нема на што да се каже "контра". Но проблемот е што не постои ниту еден доказ за еволцуијата, за да може воопшто да се зборува за контра доказ. Може единствено да се зборува за недоследноста и неконзистентноста на научно фантастичната драма на Дарвин, а тоа цело време го збориме.
Скоро 200 години религиозните се обидуваат да најдат барем еден артефакт, пример или воопшто доказ кој би ја турнал на колена оваа теорија, но, страшно можеби за вас, никој, никогаш досега не успеал во тоа....
Напротив, веќе 151 година (толку има од Дарвиновата тероија) еволуционистите се обидуваат да најдат барем еден артефакт и доказ кој би ја поткрепил оваа хипотеза, но, иако неприфатливо за вас еволуционистите, но никој никогаш до сега не успеал во тоа. Навистина треба храброст и понизност за да се признае тоа.
Доколку хипотезата на еволуцијата беше вистина, тогаш фосилните докази требаше да ја потврдат. Ние во почвата требаше да најдеме една голема низа на меѓуваријации, преодни форми од риба до водоземец, од водоземец до рбетник, од рбетник до птица и сл.
Тоа го очекувал и самиот Дарвин, и откако фосилниот доказ бил спротивен на очекувањата, тој пишал:
„Бројот на меѓувариациите кои постоеле порано, мора да е навистина огромен. Тогаш зошто секоја геолошка формација и секој слој не се полни со такви меѓуалки?
Геологијата навистина не открива некој фино степенуван органски синџир и ова, претпоставувам, е најочигледниот и најсериозниот приговор кој може да се изнесе против мојата теорија. “
(
Чарлс Дарвин, Потеклетото на видовите, стр. 55)
Сепак надежта на еволуционистите била дека можеби подоцна ќе се најдат многубројните меѓуваријации. Но 100 години потоа професорот W.R.Thompson во својот предговор на 100 годишното љубилејно издание на "Потеклото на видовите од Дарвин", меѓу другото, напишал:
„Фактите и толкувањата на кои се ослонил Дарвин,
сега престанаа да бидат уверливи. Долготрајните истражувања за наследноста и за варијациите
ја поткопаа Дарвинистичката позиција.“
(
Потекло на видовите, Чарлс Дарвин, издание од 1956, вовед од W.R.Thompson, стр. 12)
Нешто слично може да се прочита и во денешниот учебник по биологија, 150 години после Дарвин:
"Имајќи ги предвид сите фосилни остатоци, за животните може да се заклучи дека има фосили кои ги поврзуваат редовите и фамилиите. За разлика од тоа, има малку, или
речиси и нема, фосилни облици кои поврзуваат различни класи,
а нема ниеден облик кој ги поврзува типовите. За таквите непознати облици на животни во врска со потеклото на одредени групи животни се вели дека се “
алки што недостасуваат."
(
Од учебникот по Биологија за 8-мо одделение, стр. 29)
Кој има уши, нека чуе што велат фактите...
да нема недоразбирање: отсуство на доказ за потврда на некоја теорија - не е доказ за уривање на истата теорија!!!
Отсуството на доказ на некоја теорија ја дискредитира истата како теорија и ја прави бајка, за мали или за големи деца.
--- надополнето ---
А ако си убеден дека се работи за Дарвинова вера, тогаш од искуство треба да знаеш дека вера не се докажува.
Токму така, затоа и ја нарекувам вера, затоа што истата не е докажана.