Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Еволуционизмот не ја опфаќа само органската еволуција, туку и еволуијата на вселената. На темава не се дискутира само за Адам од кал или Адам од шимпанзо, туку и за промните кои настанале на Земјат од нејзиното формирање до денес. Еволуонизмот ја застапува идејата за менливост на нештата, нивно напредување, усовршување, прилагодување, подобрувње, а креационимот вели дека нештата се онкви како што ги создал Бог, без да претрпуваат промени како последица на адаптација во средината.
Победник нема, сите ќе бидат во загуба по дознавање на вистината. 2.000 години заблуда и слепило ќе пореметат многу работи.

Зборот „еволуционизам“ е измислен од креационистите за да ја спуштат измислената дебата на нивно ниво.
Нешто како: „Не се карај со будала, ќе те спушти на свое ниво па ќе те победи со искуство“.

И така во оваа тема: Creationism wins.
 
Ме интересира како биодиверзитетот се расппространил само преку две единки од секој вид? Како Ное успел да помине илјадници километри за да ги собере сите видови кој ги гледаме денес? Како успел да ги храни преку 40 дена, кога знаеме дека животните во нормални услови се храна едни на други? Од преку еден милион видови животни кој постојат денес, како успеал да смести по еден пар од сите (тоа се два милиона единки), во арка со димензии 137 метри должина, 22 метри ширина и 13 метри висина? И каде отишла целата "екстра" вода кога потопот се повлекол?

Интересни прашања. Сигурно со нив би го ставил речиси секој христијанин во шах мат позиција. Сепак одговорите се долги и широки, а јас немам време ни енергија да пишувам семинарска за потопот. Сепак како и секогаш ти стојам на располагање на дебата во живо да ме матираш со овие прашања :)

--- надополнето ---

Победник нема, сите ќе бидат во загуба по дознавање на вистината. 2.000 години заблуда и слепило ќе пореметат многу работи.

Заблудата во врска со темава не трае 2.000 години, туку 151 година.
 
Па не е баш Дарвин оној на кој прва му дошла еволуцијата на памет... Постојат антички филозофи кои ги поставуваат прапочетоците за еволуцијата... Да не треснм ншто, ама мислам дека и Аристотел има умешано прсти во тоа. Пресметано по гоини следува дека идејата за еволуцијата е од ист приод со монотеистичката идеја за Бог...

Иначе, баш креационистите се оние кои го формулираат терминот еволуционизам во обид да постават научна основа на своите религиозни убедувања и на тој начин да срушат се што е научно потврдено и се коси со раните тектови на Библијата. Друго, креационизмот води потекло од Јужна или Среден Америка (САД), од кај тврдокорните христијани. Главно протестанти, фундаменталисти, бла бла... До пред неколку години креационизмот воопшто не беше раширен на Балканот. Немаше луѓе кои ќе држат предавања, продаваат книги, убедуват народ... Денес попови јавно критикуваат и прават пародија од настаните (Србија, му крцнало нешто во грбот на мајмунот и он се исправил...), се снимаат документарци (БиХ), се продаваат преведени книги на Американски автори, дури постојат и организации кои во склоп на нашава Црква работат во интерес на протестантите и креационистите. А народот се лаже, во име на некоја фикција во состојба е да поверува во се што му се сервира...
 
Можеби поповите се апаши и протестантите ѓаоли, ама еволуцијата е лага. Sad but true.
Аристотел можеби зборувал за промена и развиток, ама тоа не е еволуција. Штета што денес 90% од луѓето мислат дека развиток и еволуција се синоними. Еволуцијата подразбира процес каде што главен двигател се мутациите во гените, кои наводно создавале и по цели нови органи и системи на органи, а новите видови се појавувале наводно по пат на природна селекција. Убава и фина приказна, ама научно побиена.
 
Сигурно сакаше да кажеш веронаучно побиена.
 
Еволуцијата не се сведува само на мутирање на гени.
Со оглед дека промената во гените е предизвикана поради потребата на организмот да се адаптира во нова средина или да се адаптира на промените во сегашната средина, климата, предаторите, пленот и многу други фактори, можеме лесно да заклучиме дека еволуцијата е тесно поврзана со развитокот и адаптацијата.

А дали еволуцијата е точна, потврдија научниците на НАСА пред неколку недели. :smir:
 
Заблудата во врска со темава не трае 2.000 години, туку 151 година.

До пред 151 години никој не ни размислувал на темава. Кога почнале луѓето да мислат ја откриле еволуцијата. Без мислење не се стигнува никаде.

--- надополнето ---

Можеби поповите се апаши и протестантите ѓаоли, ама еволуцијата е лага. Sad but true.
Аристотел можеби зборувал за промена и развиток, ама тоа не е еволуција. Штета што денес 90% од луѓето мислат дека развиток и еволуција се синоними. Еволуцијата подразбира процес каде што главен двигател се мутациите во гените, кои наводно создавале и по цели нови органи и системи на органи, а новите видови се појавувале наводно по пат на природна селекција. Убава и фина приказна, ама научно побиена.

Очигледно се обидуваш врз основа на лаги и полувистини да ја натераш водата на своја воденица. Или едноставно немаш појма за тоа што е еволуција и какви механизми се вклучени во неа.
 
Еволуцијата не се сведува само на мутирање на гени.
Со оглед дека промената во гените е предизвикана поради потребата на организмот да се адаптира во нова средина или да се адаптира на промените во сегашната средина, климата, предаторите, пленот и многу други фактори, можеме лесно да заклучиме дека еволуцијата е тесно поврзана со развитокот и адаптацијата.

Промената на гените (мутациите) не се предизвикуваат поради никаква потреба. Тоа се грешки, а не одговори на некаква потреба. Мутација во еден ген може да настане при грешка при копирањето на ДНК молекулата, при радиоактивно зрачење, по дејство на слободни радикали и сл. Еволуционистите сакаат да не убедат дека при една долга низа од последователни грешки (микроеволуција) може да настане нов вид со нови органи (макроеволуција). Замисли со низа бинарни грешки во софтверот на Photoshop, да настане Corel Draw :) Ете тоа е верата на следбениците на Дарвин.

А дали еволуцијата е точна, потврдија научниците на НАСА пред неколку недели. :smir:

Провери на гугл, можеби пред 3.5 минути уште еднаш ја потврдиле :)
Кога би знаел само колку пати се појавиле вести од типот „Најдена е алката што недостасува“ не би избрзувал со вакви заклучоци. Прво, Дарвинистите за да ја докажат својата вера, имаат задача не да најдат некоја си една мистериозна алка, туку илјадници меѓуваријации меѓу секои два вида. Сепак имаме околу 20 милиони фосили, а ниту една алка на меѓувид. Значи за да ја докажеш Дарвиновата вера, не треба да најдеш една или две три или 20-30 фосили што ќе ги протолкуваш како алки, туку 99% (19 милиони и 900 илјади) тод евидентираните фосили треба да ти бидат алки на меѓуваријации.
 
Овие работи ги имаш повторено едно 20-30 пати на оваа тема. Ги знаме твоите ставови а ти ги знаеш кој се научните толкувања така да нема смисла да се губи време повторувајќи 100 пати едни исти работи. :toe:
 
Промената на гените (мутациите) не се предизвикуваат поради никаква потреба. Тоа се грешки, а не одговори на некаква потреба. Мутација во еден ген може да настане при грешка при копирањето на ДНК молекулата, при радиоактивно зрачење, по дејство на слободни радикали и сл. Еволуционистите сакаат да не убедат дека при една долга низа од последователни грешки (микроеволуција) може да настане нов вид со нови органи (макроеволуција). Замисли со низа бинарни грешки во софтверот на Photoshop, да настане Corel Draw :) Ете тоа е верата на следбениците на Дарвин.
Хахахах добра поента и нормално така е треба да си тотално луд за да веруваш дека нешто случајно настанало, ама тука не е ставена свеста(да не речам душата) која индивидуално(свесно) или несвесно(колективно) може да влијае на материјата.
Не е ни умот производ на материјата ни материјата производ на умот.
Која е релацијата незнам ама има голема врска со свеста, колективната свест и универзалната свест(Бог).
 
ShWiA.jpg
 
Не знам колку треба да си луд (веројатно тотално на квадрат) за да прифатиш дека некој или нешто за кое не важи ниеден природен закон, создало се.
 
За мене не постои ни еден природен закон па ја постојам(мислам на мојата свест).
Друга работа природните закони прво треба да ги дознаеш па да збориш.
 
Да, знам, за 7 милјарди луѓе важат само за тебе не важат. Прочитав во дневник имало некој за кој не важеле ниедни закони! Да не си ти тој?:vozbud:
А за природни закони многу време ќе ти треба да ги научиш. Освен оној „природнион“ нека биде..... и би...., знаеш друг?
 
За мене не постои ни еден природен закон па ја постојам(мислам на мојата свест).
Друга работа природните закони прво треба да ги дознаеш па да збориш.

Ти сигурно лебдиш додека идеш у школо, сереш накај таван и мочаш камења. Ти можеш да го вратиш времето назад како што ќе ти прдне и помочу магије да кренеш мртви луѓе од гроб. Ги знам таквите како тебе. Природните закони ги „дознале“, ама одлучиле да не важат за нив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom