Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Добро... знаеме дека има други планети, системи, галаксии... кај и да е ќе лоцираме и друг живот. Дали и тој живот ќе биде создаден од господов наш, исто, креационистички, ко овој на земјава? И дали ќе е тој истиот господ (нашиов или еден од нашите) или друг ќе е?
или:

Дали креационизмот важи и за животот надвор од Земјата?
 
Сигурен сум.
А си видел ли некоја последица од тој живот, всушност како си го замислуваш ти животот на другите планети, амеба што чека да еволуира или како Вулканци?
 
Ќе ве замолам да прекинете со дофрлања на бош муабет ...
 
Мислам дека моето прашање беше на место. Малку е хипотетичко, ама секако е во контекст на темата. Да не сака некој да проба да одговори?
 
Добро... знаеме дека има други планети, системи, галаксии... кај и да е ќе лоцираме и друг живот. Дали и тој живот ќе биде создаден од господов наш, исто, креационистички, ко овој на земјава? И дали ќе е тој истиот господ (нашиов или еден од нашите) или друг ќе е?
или:

Дали креационизмот важи и за животот надвор од Земјата?


Библијата што вели?
 
Библијата не спомнува ништо за живот надвор од оваа планета (значи ниту потврдува дека постои живот на некое друго место но ниту негира).

Библијата е наводно апсолутна вистина напишана директива од Бога.
Истиот кажал дека земјава ја напраил за 7 дена.
Само земјава, или све напраил за 7 дена?
Или земјава на крај ја праел?
Или прво неа, па после све?
Или го мрзело да пишува за све останато, па кажал само како ја направил земјата и мажот од пластелин а жената од ребро и тоа е тоа?

--- надополнето ---

6*, пардон, седмиот демек одмарал...
 
Библијата не спомнува ништо за живот надвор од оваа планета (значи ниту потврдува дека постои живот на некое друго место но ниту негира).

Да сигурно заборавиле да го вметнат тој дел бидејки е неважен...исто како што забораиле да пишат нешто за Христос додека живеел а и Назарет го изоставиле...
 
Да сигурно заборавиле да го вметнат тој дел бидејки е неважен...исто како што забораиле да пишат нешто за Христос додека живеел а и Назарет го изоставиле...
:pos: Сеа и ти...
Јас само одговорив на погоре поставеното прашање што значи дека можеби постои живот на друга планета,а можеби и не,но во Библијата едноставно нема одговор на тоа прашање.
 
Само процедурално, да споменам дека еволуцијата нема никаква врска со настанокот на светот и животните форми, туку со нивното менување преку мутации.
Е сега, кој ќе си избере биг бенг, за кое има космолошки предвидувања и резултати или креационизам е сепак негова одлука.
 
Јас само едно знам, дека ништо не знаеме :)

Не можеш и тоа да го знаеш-или знаеш или незнаеш,ама ти очигледно немаш поим(така требаше да се изразиш).

Инаку ставот му е сменет бидејќи се земени предвид најновите резултати,пресметки кои се 18 години откако излезе кратка историја на времето.

П.С имајте предвид дека Живот како био-хемиски процес не мора да биде ИСТ како нашиот т.е да функционира како нашиот на пример можеби за некои организми арсенот е она што за нас е кислородот на пример.
 
:pos: Сеа и ти...
Јас само одговорив на погоре поставеното прашање што значи дека можеби постои живот на друга планета,а можеби и не,но во Библијата едноставно нема одговор на тоа прашање.

Замисли во пештери во Франција и Шпанија стари 20000 има цртежи кои апла наликуваат на НЛО-а....а ова ете Библијата тоа не го спомнува :)
Сумерите спомнувале и запишувале видувања на НЛО-а...исто и Египќаните :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom