Креационизам наспроти еволуционизам

Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Јас не сум бил на лице место, ама за тоа постојат археолошки и фосилни докази.
Постојат само јутјуб клипчиња, уметнички слики и текстови изработени од индоктринирани еволуционисти, а за археолошки и фосилни докази можеш само да сањаш. Ниту Љ од докази.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.845
Поени од реакции
5.145

Те молам одговори ми, кој е во право околу настанокот на човекот:христијаните, муслиманите, будистите или хинду?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Овде погрешно се прикажува еволуцијата како застарена теорија, а креационизмот како нова теорија на која и требаат пари за да може да се докаже. Но, токму обратното е точно.

Креационизмот како „теорија“ е создадена 1200 години пр. н.е. и била главна теорија за настанокот на човекот, животот и универзумот се до првата половина на ХХ век. Теоријата нели се спомнува во книгата Битие од Библијата. Значи следните три илјади години таа била дел од општоприфатената наука, особено во Средниот Век во Европа за време на Инквизицијата и целосниот монопол врз науката од страна на Црквата.

Во XIX век, Дарвиновата теорија била „забеганата“ и неприфатена теорија. Креационистите во САД отишле уште подалеку. Во Тенеси бил донесен закон со кој се ЗАБРАНУВА учењето на еволуцијата во училиштата. Кога некој наставник го прекршил законот во 1925, тој бил тужен и бил казнет, иако по жалбата, казната била укината. (Scopes Monkey Trial)

Ваквата забрана врз основа на закон е догма, бидејќи се издигнува одредена идеја како авторитетна (креационизам), а се забранува другата (еволуција).
Кажано беше, верскиот креационизам и дарвиновата теорија се двете единствени,официјални и институционални теории.

Не е нов вид само ако се напише ново име! Кога структурата на хромозомите ке се смени, тогаш е нов вид, како што беше случај со бактеријата која ја посочив, таа еволуирала, ја сменила својата структура, создала сосема уникатни ензими со кој се адаптирала да го конзумира најлонот и со тоа станала сосема нов вид на организам! Нема тука никаква догма.

--- надополнето ---

Нов вид е кога веќе неможе да се спарат две единки, кога имаат различна структура на хромозоми! Неандерталецот е еден од многуте хомиди кој постоеле во тоа време, но одкако кромањонецот дошол од африка, го потиснал и со тек на време завземајќи му ги живеалиштата, ловиштата и сл. го довел до изумирање. Дали имале хромозомска структура компатибилна за да се спарат со кромањонците неможе да се тврди, но многу е веројатно да небиле ист вид.

--- надополнето ---

http://365.com.mk/statii/46-nauka/4793-pronajdeni-ostatoci-od-najstariot-chovechki-predok---zbogum-na-alkata-koja-nedostasuva
Тоа е само една верзија околу неандерталецот,а ги има многу ниту се на јасно дали бил сепак човек или хоминид,а дали можеле и дали се пареле со луѓе можеме да претпоставиме само...
Има теории и дека човекот го истребил неандерталецот,други дека го потиснал кон помалку погодни територии...

Дали во тој случај монголоидите (даунов синдром) се некаков нов вид,бидејќи имаат еден хромозом помалку?
Луси...ах...Лусиииииии

Луси е уште една превара.
“Научниот“ метод кога била најдена подразбирал собирање на коски во радиус од 3км и длабочина до 60м.
Дали тоа значи дека Луси во тоа време нагазила на противпешадиска мина и се разлетала наоколу?!
Се претпоставува дека дел од нејзиниот скелет бил различен од оној на шимпанзото на пример и се претпоставува дека одела малку поисправено од шимпанзото.
Повторно имаме политичка одлука,а не научна каде од милион варијабили се бира оној кој треба да служи на догмата.
Ниедна единствена коска на Луси не е човечка.Ниедна.Нула.

Ако не си информиран,со вакви тврдења за “сигурно“ пронаоѓање на алката теоријата се бави 150 години и на секои неколку години се појавува “вистинската алка“...последната ја нашле во Етиопија пред 12-13 години...а може има и понова...
Едно време тоа бил Пилтдаунскиот човек.No comment.

Но еве да видиме што кажуваат очите и здравиот разум.

Черепот на Луси

Череп на Шимпанзо

Череп на хомо-сапиенс-сапиенс

И сега???
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.276
Бре бре колку само самоуверено пишуваш, како да си бил на лице место, како да си го водел под рака "кромањонецот" од Африка до Европа.
Koга Исус повторно ќе дојде да им суди на живите и на мртвите, дали ќе му суди и на кромањонците, неандарталците, флоерисенсите, дали под негов суд ќе дојде и некој хомо еректус, хомо ергастер...... дали во редиците на евреи, германци, индијанци и кинези ќе се најдат и вакви:

--- надополнето ---

Постојат само јутјуб клипчиња, уметнички слики и текстови изработени од индоктринирани еволуционисти, а за археолошки и фосилни докази можеш само да сањаш. Ниту Љ од докази.
A за постоењето на Исус постојат само копии на преписи на компилирани текстовоии кои со гласање 400 години по наводната смрт на Исус гиодбраа како точни христијани. Сами себе си прогласија дека се точни!
нема ни јутуб клип... ни фотографија ни фосил од пилат, исус, лазар.....
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
:pos:
Добар си жими се ме насмеа и покрај што цел ден ми е каша попара.
365 дот ком вистината на дланка ааахаххахахах
Па кажи да се посмееме и ние барем! Стварно незнам што виде смешно во статијата.:toe:

--- надополнето ---

Постојат само јутјуб клипчиња, уметнички слики и текстови изработени од индоктринирани еволуционисти, а за археолошки и фосилни докази можеш само да сањаш. Ниту Љ од докази.
Постои многу повеќе од јутјуб клипчиња пријателе! Постојат илјадници томови литература, пронајдоци, научни трудови, докторати и сл. кој стојат позади тие клипчиња и слики! Ама вие несакате или неможете (сеедно) да го согледате тоа. Упорно како папагал повторувате тврдења кој се докажани како извадени од контекст, како случајот со "човекот од небраска", бактеријата flagellum и сл.

--- надополнето ---

Кажано беше, верскиот креационизам и дарвиновата теорија се двете единствени,официјални и институционални теории.

Тоа е само една верзија околу неандерталецот,а ги има многу ниту се на јасно дали бил сепак човек или хоминид,а дали можеле и дали се пареле со луѓе можеме да претпоставиме само...
Има теории и дека човекот го истребил неандерталецот,други дека го потиснал кон помалку погодни територии...

Дали во тој случај монголоидите (даунов синдром) се некаков нов вид,бидејќи имаат еден хромозом помалку?
Луси...ах...Лусиииииии

Луси е уште една превара.
“Научниот“ метод кога била најдена подразбирал собирање на коски во радиус од 3км и длабочина до 60м.
Дали тоа значи дека Луси во тоа време нагазила на противпешадиска мина и се разлетала наоколу?!
Се претпоставува дека дел од нејзиниот скелет бил различен од оној на шимпанзото на пример и се претпоставува дека одела малку поисправено од шимпанзото.
Повторно имаме политичка одлука,а не научна каде од милион варијабили се бира оној кој треба да служи на догмата.
Ниедна единствена коска на Луси не е човечка.Ниедна.Нула.

Ако не си информиран,со вакви тврдења за “сигурно“ пронаоѓање на алката теоријата се бави 150 години и на секои неколку години се појавува “вистинската алка“...последната ја нашле во Етиопија пред 12-13 години...а може има и понова...
Едно време тоа бил Пилтдаунскиот човек.No comment.

Но еве да видиме што кажуваат очите и здравиот разум.

Черепот на Луси

Череп на Шимпанзо

Череп на хомо-сапиенс-сапиенс

И сега???
Пак ќе ти кажам за да биде догма, треба алтернативните опции да бидат забранети! Која алтернативна теорија била забранета? Кој те спречува да презентираш докази и да ја побиеш еволуцијата? Тврдењата од типот дека ќе бидат исмејувани, избркани од работа и слично не држат! Доколку имаш цврсти докази, кој ќе те исмејува тогаш? Нормално дека никој нема да земе здраво за готово теорија која ненуди докази туку само тврдења од типот сите живи суштества биле вакви какви што се одсекогаш затоа што библијата така вели!:uvo:
Еволуцијата е теорија која докажува дека организмите се менуваат - еволуираат и тоа не е претпоставка туку факт! Како што предходно беше посочено со бактериите, разните раси на кучиња, нови земјоделски сорти...и многу други секојдневни и очигледни примери кој покажуваат дека живиот свет еволуира се менува! Одредени празнини кој постоеле во минатото во дарвиновата еволуција денес се пополнети, и иако има уште празнини, науката несомнено ќе ги одкрие затоа што е самокорегирачки систем а не догма. Тоа што е битно е дека вистинскиот модел е одкриен и се вика еволуција, тоа не е претпоставка туку докажан факт.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Дали е празна или полна теоријата треба да се испита и истражи.
Секако треба да има реална основа,претпоставка базирана на индиректни докази и показатели кои оставаат простор за научно испитување.
Празни теории биле и интернетот и струјата и авионот и подморницата и компјутерот и ве-це шољата и неонски светла... кои на некој човек од 17-ти век би му делувале како неверојатна магија,чудо божје и мистична сила, но денес не е така.
Двете доминантни теории и после многу време,милијарди и милијарди долари и евра,десетици и стотици иљади луѓе ангажирани - сеуште не можат да ја докажат својата основна претпоставка.
Првата е дарвиновата теорија за потекло на видовите (не за настанок на светот) а втората е верскиот креационизам.
Едната 150 години собира докази...а другата хехех жонглира меѓу прикаските од светите книги и науката...
Двете теории се феил.
Верскиот креационизам веќе располага со средства и научни институции,не знам по кој пат треба да се напомене тоа.
Има голем број научни институции кои се бават со тоа.
Предвидувам дека отприлика во исто време кога ќе биде пронајдена алката која недостасува ќе се пронајдат и докази за староста на земјата од 6014 години...ќе причекаме...
Хм... можеби треба да си го поставиш прашањето зошто токму таа теорија е најзастапена и најприфатена од науката?
Досега други теории не прочитавме, освена таа за креационизмот чии докази, факти, аргументи, показатели едноставно ги нема. Постои само како верување и толку.

Втора работа, мешаш нешто што се случило и кое треба да се открие на сосем поинаков начин од она што некогаш не било измислено. Или науката не била стасана до тој степен.
Ама пак, постоеле луѓе кои навистина биле визионери, дури и години пред тој пронајдок да се случи. Веројатно падобранот, хеликоптерот на некој не му изгледале научна фантастика пред векови.

А милијардите потрошени на теоријата си имаат дадено и резултати. И во голем дел имаат докажано она што и е така.
Е сега, можеби ќе поминат години додека не измислат некој вид временска машина за и теоријата да престане да биде теорија, т.е. ќе ги соберат сите докази.

Не знам што е феил во теоријата за еволуција. Веројатно фактот што не постои ниту една друга теорија која може подобро да го објасни потеклото на човекот.
Исто така, доста чудно е што само се бараат дупки во веќе постоечката теорија, а други теории не видовме. Дури ни од креационистите.
Што не е случај само со оваа теорија...:vozbud:

--- надополнето ---

Пријател, повеќе пати имам напишано на форумов, дека основниот дефект кај сите науки човекови, е тоа што човекот се обидува со собирање делови да дојде до големата слика а притоа, собирачите немаат ни маглива претстава до која слика треба да стигнат. За разлика од денешните науки, античкитот философски, би рекол, и научен приод, значи тргнување од целината па после тоа, проучување на деловите од целината.

И кој начи е подобар?
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Е не, библијата твоја, каде што луѓе летаат, одат по вода, живеат во китови, си ги убиваат децата.
Хахахах треба почесто на форумов да сум , смеењето е пола здравје.
Од кај изникна бе ти сега да тврдиш нешто што појма немаш дали сум кажал или не .
Аватаров знаеш ли од кај ти е и на кого како визија му дојде ?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Па кажи да се посмееме и ние барем! Стварно незнам што виде смешно во статијата.:toe:

--- надополнето ---

Постои многу повеќе од јутјуб клипчиња пријателе! Постојат илјадници томови литература, пронајдоци, научни трудови, докторати и сл. кој стојат позади тие клипчиња и слики! Ама вие несакате или неможете (сеедно) да го согледате тоа. Упорно како папагал повторувате тврдења кој се докажани како извадени од контекст, како случајот со "човекот од небраска", бактеријата flagellum и сл.

--- надополнето ---

Пак ќе ти кажам за да биде догма, треба алтернативните опции да бидат забранети! Која алтернативна теорија била забранета? Кој те спречува да презентираш докази и да ја побиеш еволуцијата? Тврдењата од типот дека ќе бидат исмејувани, избркани од работа и слично не држат! Доколку имаш цврсти докази, кој ќе те исмејува тогаш? Нормално дека никој нема да земе здраво за готово теорија која ненуди докази туку само тврдења од типот сите живи суштества биле вакви какви што се одсекогаш затоа што библијата така вели!:uvo:
Еволуцијата е теорија која докажува дека организмите се менуваат - еволуираат и тоа не е претпоставка туку факт! Како што предходно беше посочено со бактериите, разните раси на кучиња, нови земјоделски сорти...и многу други секојдневни и очигледни примери кој покажуваат дека живиот свет еволуира се менува! Одредени празнини кој постоеле во минатото во дарвиновата еволуција денес се пополнети, и иако има уште празнини, науката несомнено ќе ги одкрие затоа што е самокорегирачки систем а не догма. Тоа што е битно е дека вистинскиот модел е одкриен и се вика еволуција, тоа не е претпоставка туку докажан факт.
Тврдењата не држат затоа што ти така викаш или имаш некој факт да го потврдиш тоа?
Не,не се оди затвор но нема пари за други теории,нема пристап до научни средства (освен дарвин и госпо) и наидуваат на исмејување од медиумите.
Презентирани се докази дека се лажело и се местеле резултати и се носеле произволни заклучоци со цел да бидат опфатени во догмата.
Изнесени се докази дека сето тоа не држи вода.Фосилизирани остатоци на хомо сапиенс стари милиони години.
Тие докази не се земени во предвид затоа што власта ја фаворизира само една теорија,дарвин а понекаде во религиски доминирани средини - госпо...
Најди еден,еве да не се мачиш како црнио ѓаол (хехех) само еден проект на некоја алтернативна теорија, без овие две, кој бил финансиран од нечиј буџет.
Нема.

Еволуција по којзнае кој пат...не е еквивалент на дарвиновата теорија.
Која има свое место,но не треба да е догма.
Настрана што била употребена за појава на разни дисциплини како Еугеника и Социјален дарвинизам.

Хм... можеби треба да си го поставиш прашањето зошто токму таа теорија е најзастапена и најприфатена од науката?
Досега други теории не прочитавме, освена таа за креационизмот чии докази, факти, аргументи, показатели едноставно ги нема. Постои само како верување и толку.

Втора работа, мешаш нешто што се случило и кое треба да се открие на сосем поинаков начин од она што некогаш не било измислено. Или науката не била стасана до тој степен.
Ама пак, постоеле луѓе кои навистина биле визионери, дури и години пред тој пронајдок да се случи. Веројатно падобранот, хеликоптерот на некој не му изгледале научна фантастика пред векови.

А милијардите потрошени на теоријата си имаат дадено и резултати. И во голем дел имаат докажано она што и е така.
Е сега, можеби ќе поминат години додека не измислат некој вид временска машина за и теоријата да престане да биде теорија, т.е. ќе ги соберат сите докази.

Не знам што е феил во теоријата за еволуција. Веројатно фактот што не постои ниту една друга теорија која може подобро да го објасни потеклото на човекот.
Исто така, доста чудно е што само се бараат дупки во веќе постоечката теорија, а други теории не видовме. Дури ни од креационистите.
Што не е случај само со оваа теорија...:vozbud:

--- надополнето ---

И кој начи е подобар?
Види ги погоре сликите на човечки череп,череп од шимпанзо и череп на Луси,наводната алка...доволно е.
Ако некој подметнува мајмунски череп и делови од скелет кој ги собирал во радиус од 3км и на длабочини до 60м и тврди дека научно докажал нешто...коментар е излишен...ете на тоа одат милијардите.

Секако првиот начин.Но тој одамна не е начинот на кој постапува официјалната догма.Вториот важи и за дарвинистите.
Верскиот еволуционизам е побиен одамна.

Друга теорија?
Има многу,последно време читам за цикличната еволуција и за холограмската парадигма кои совршено се надополнуваат.
Но треба време и средства за сето тоа да заживее како што треба.
Иднината ќе пресуди на крај.

Хахахах треба почесто на форумов да сум , смеењето е пола здравје.
Од кај изникна бе ти сега да тврдиш нешто што појма немаш дали сум кажал или не .
Аватаров знаеш ли од кај ти е и на кого како визија му дојде ?
Ако не си дарвинист мора да си верски креационист,ако не си верски креационист мора да си дарвинист.
Ако кажеш дека не си ни едно ни друго мора да бидеш или едно или друго хихихииииии
Чудно е што има некои кои воопшто не се свесни за постоење на други теории освен овие две...
А можеби и не е така чудно...:tv:
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Па кажи да се посмееме и ние барем! Стварно незнам што виде смешно во статијата.:toe:

Брат имаш андерграунд и комерцијала :toe:
Бирај со кого ке се дружиш.Хахах уствари ти веке си одбрал , тоа е работа на срцето.
Или си едното или другото , трето нема.
Уствари има и трето ама ај да речеме дека сега за сега е недостапно.
Едните работат заради општо добро и од љубов а другите за пари.
Проблемот кај тебе е што неможеш да ги надминеш парадигмите поставени од твојата "религија".
Како слеп за стап се држиш исто како и сите други што веруваат во други религии.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Изнесени се докази дека сето тоа не држи вода.Фосилизирани остатоци на хомо сапиенс стари милиони години.
Навистина?
Линк, два за тоа?

И зошто никој не би ги зел предвид тие докази? Која е причината?

Има многу,последно време читам за цикличната еволуција и за холограмската парадигма кои совршено се надополнуваат.
Но треба време и средства за сето тоа да заживее како што треба.
Иднината ќе пресуди на крај.
Се согласувам.
За волја на вистината, треба да се истражи се и на секој можен начин да се дојде до неа.

Постојат илјадници независни научни институции кои можат да го сторат тоа. Си се запрашал зошто не го прават тоа? Што има да кријаат големите?

Не сум запознаен со тие теории погоре, можеби ќе објаснеш нешто накратко, да знаеме со што имаме работа. :)
Баш ме интересира.
А не вака, само да се бараат дупки... Впрочем и самиот кажа:
Еволуција по којзнае кој пат...не е еквивалент на дарвиновата теорија.
Не го имам спомнато него, иако и самиот Дарвин во свое време си имал проблеми со пласирање на теоријата од догмите.... верата де.

--- надополнето ---

Брат имаш андерграунд и комерцијала :toe:
Бирај со кого ке се дружиш.Хахах уствари ти веке си одбрал , тоа е работа на срцето.
Или си едното или другото , трето нема.
Уствари има и трето ама ај да речеме дека сега за сега е недостапно.
Едните работат заради општо добро и од љубов а другите за пари.
Проблемот кај тебе е што неможеш да ги надминеш парадигмите поставени од твојата "религија".
Како слеп за стап се држиш исто како и сите други што веруваат во други религии.
А ти Игоре? Место наука која со докази ти докажува пред очи дека ова е така, а ти одбиваш да веруваш само заради тоа што на некој тоа му изгледа нелогично????? Не зборувам тука за теоријата за еволуција, туку за многу други работи.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.845
Поени од реакции
5.145
Брат имаш андерграунд и комерцијала :toe:
Бирај со кого ке се дружиш.Хахах уствари ти веке си одбрал , тоа е работа на срцето.
Или си едното или другото , трето нема.
Уствари има и трето ама ај да речеме дека сега за сега е недостапно.
Едните работат заради општо добро и од љубов а другите за пари.
Проблемот кај тебе е што неможеш да ги надминеш парадигмите поставени од твојата "религија".
Како слеп за стап се држиш исто како и сите други што веруваат во други религии.
Човече си залутал на темава, или си бот или трол, трето нема(see what i did there ;) )
Знам што значи симболот, не секирај се.

Toecutter, те молам напиши нешто повеќе за тие теории што ги спомна, ме заинтересира.
 
cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
Ако не си дарвинист мора да си верски креационист,ако не си верски креационист мора да си дарвинист.
Ако кажеш дека не си ни едно ни друго мора да бидеш или едно или друго хихихииииии
Чудно е што има некои кои воопшто не се свесни за постоење на други теории освен овие две...
А можеби и не е така чудно...:tv:
Не сум ни едното ни другото.
Хахахах еве едно откровение:
Се е полу-вистина(дезинформација) .......реши ја сложувалката.
Зошто би ја решавал ?
Од проста причина .
Немаш слобода , некој ти ја земал.
Ти си како птица во кафез која појма нема што има надвор од кафезот .
Хахаах работа на избор е , не треба ништо друго да правиш , освен да излезеш надвор.

--- надополнето ---

Човече си залутал на темава, или си бот или трол, трето нема(see what i did there ;) )
Знам што значи симболот, не секирај се.
Што значи симболот ?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Не сум ни едното ни другото.
Хахахах еве ти едно откровение:
Се е полу-вистина(дезинформација) .......реши ја сложувалката.
Зошто би ја решавал ?
Од проста причина .
Немаш слобода , некој ти ја земал.
Ти си како птица во кафез која појма нема што има надвор од кафезот .
Хахаах работа на избор е , не треба ништо друго да правиш , освен да излезеш надвор.
Знам дека не си ни едното ни другото,постот беше околу перцепцијата која е наметната а која може да ја видиме и на темава...
Кафезот има два вида решетки,двете се со бради во случајов,чарли дарвин и дедо боже...

Останатото...ќе излезе на виделина кога-тогаш.

Мал поздрав до дарвинистите...

cvetanovskiigor

›———————‹
Член од
6 мај 2009
Мислења
1.425
Поени од реакции
57
А ти Игоре? Место наука која со докази ти докажува пред очи дека ова е така, а ти одбиваш да веруваш само заради тоа што на некој тоа му изгледа нелогично????? Не зборувам тука за теоријата за еволуција, туку за многу други работи.
Наука !?
Хахаха ја сакам повеке од тебе , биди сигурен у тоа.
Го сакам и Тесла и Вилхелм Рајх и Ајнштајн и Виктор Шаубергер и многу други.
Само што за разлика од тебе ги сакам и мистиците како Ошо , Заратустра , Лао Це и други.
Дали гледаш кај е разликата ?

--- надополнето ---

Знам дека не си ни едното ни другото,постот беше околу перцепцијата која е наметната а која може да ја видиме и на темава...
Кафезот има два вида решетки,двете се со бради во случајов,чарли дарвин и дедо боже...

Останатото...ќе излезе на виделина кога-тогаш.

Мал поздрав до дарвинистите...

Грешка у падежи направив хахах.
Едно зборче го утнав и се испадна наопаку .
Знам дека знаеш .
 
Член од
8 април 2008
Мислења
6.419
Поени од реакции
776
Наука !?
Хахаха ја сакам повеке од тебе , биди сигурен у тоа.
Го сакам и Тесла и Вилхелм Рајх и Ајнштајн и Виктор Шаубергер и многу други.
Само што за разлика од тебе ги сакам и мистиците како Ошо , Заратустра , Лао Це и други.
Дали гледаш кај е разликата ?.
е баш тоа неможат да го сватат некои ...
кои упорно фураат „еднонасочно“ :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom