Креационизам наспроти еволуционизам

  • Креатор на темата Креатор на темата bucio
  • Време на започнување Време на започнување
Едно прашање.
Ако земјата го забавува спинот за 1 секунда годишно.
Пред четири ипол милиони години со која брзина се вртела околу својата оска ?

Зар тука не станува збор за фамозната 1 секунда за израмнувањето на атомскиот часовник со часовникот од секојдневието. Бидејќи нели знаеме дека денот трае 23 часа 56 минути и 4 секунди... Еве што викаат за тоа од US Navel Observatory:

"Confusion sometimes arises over the misconception that the regular insertion of leap seconds every few years indicates that the Earth should stop rotating within a few millennia. The confusion arises because some mistake leap seconds for a measure of the rate at which the Earth is slowing. The 1 second increments are, however, indications of the accumulated difference in time between the two systems. (Also, it is important to note that the current difference in the length of day from 86,400 seconds is the accumulation over nearly two centuries, not just the previous year.) As an example, the situation is similar to what would happen if a person owned a watch that lost 2 seconds per day. If it were set to a perfect clock today, the watch would be found to be slow by 2 seconds tomorrow. At the end of a month, the watch will be roughly a minute in error (30 days of 2 second error accumulated each day). The person would then find it convenient to reset the watch by one minute to have the correct time again."

Според пресметките на Donald L. Hamilton, забавувањето на ротацијата е од 2,2 секунди на секои 100.000 години. Тоа би значело 0,000022 секунди годишно или за 4,6 милијарди години, Земјата се забавила за 101.200 секунди. Така, добиваме 1,17 ден екстра, а на Земјата и биле потребни 23,92 часа за да направи една ротација. Тогашната брзина била 465,3m/s или за 0,2m/s поголема од денешката!
 
Дарвиновата теоријата на еволуцијата тврди дека организмите во текот на милиони милиони години постепено се развивале и по пат на многу мали промени (микроеволуција) преминувале од еден вид во друг, а потоа по патот на ткн. "природната селекција" некои видови опстојувале, а други исчезнувале.

Пред палеонтолозите да ја прочепкаат малку земјината кора, еволуционистите нестрпливо очекуваа дека ќе најдат по најмалку стотици милиони фосили на меѓувидови (фосили на премин од еден вид до друг) со што ќе си ја докажат својата теорија. Но пронајдените фосили ни кажаа друга приказна.
Пораката што ја носат фосилите е токму онаа Библиската, дека Бог ги создаде животните секој по својот вид.
Пораката на фосилите не се состои само во тоа што тие го кажуваат, туку и во тоа што тие не го кажуваат, а се очекува да го кажат. Имено еволуционистите очекуваа (согласно нивната теорија/вера) милиони фосили на меѓувидови од безрбетниците до рбетниците, од рибите до водоземците, од водоземците до цицачите итн.
Но што кажаа фосилите...

Од безрбетниците до рбетниците = провалија!
од рибите до водоземците = провалија!
од водоземци до цицачи = провалија!
Итн итн.
Ако мислиш дека фосилите настануваат толку лесно, тогаш сериозно ти треба барем основна едукација! За да биде формиран еден фосил, потребни се илјадници па можеби и милиони суштества да угинат, за едно од нив да се најде во "идеални" услови кој ќе го зачуваат како фосил!
how are fossils formed anyway? There are several processes that plants and animals or their parts can be preserved. No matter which way preservation occurs it takes a lot of luck, pure happenstance. Most living things are quickly recycled upon death. Scavengers and bacteria usually consume all but bones and shells. Still millions of fossils have been found. If you think about all of the museums, university paleontology labs, fossil dealers, and private collectors, there really are a lot of fossils that have been discovered!
П.С. Што мислиш од каде потекнува нафтата како "фосилно" гориво? Знаеш ли колку милиони галони досега се извадени? Знаеш ли колку животни требале да умрат за од нив да се создаде нафтата?
 
Бидејќи креационизмот претставува обид да се убиди научната атеистичка маса во Божјата вистина преку науката, молам да биде дадено научно објаснување за големиот потоп:
  1. Од каде дојде сета таа вода?
  2. Каде се повлече сета вода?
  3. Како Ное успеада ги собере сите животни на еден мал брод?
  4. Како преживеале болестите?
  5. Како до Израел дошле островските животни?
  6. Како под вода успеал да преживее растителниот свет?
  7. Како Ное се снабдувал со храна? Некои животни сакаат свежа храна, коалата сама еукалиптус, а некои змии сакаат жив плен...
  8. Како Ное и останатите 7 луѓе го чистеле изметот од илјадници животни?
  9. Зошто денес не постои ниту еден факт кој ќе го потврди постоењето на бродот?
  10. Како тоа никаде во светот не постојат траги од кенгури освен во Австралија? Зар тие еднаш не беа во Израел?
  11. Како мразот на половите го преживеал потопот?
  12. Како рибите успеале да го преживеат потопот?
  13. Како преживеале некои животински форми со краток животен век? (пример овошните мушички)
  14. Како за 150 години од потопот, од 8 души се развила цела маса на народ која успеала да ја изгради Вавилонската кула и потоа да се раштрка на сите страни од светот?
  15. Каде живееле сите животни пред потопот?

Нека бидат толку :smir:
 
Ако мислиш дека фосилите настануваат толку лесно, тогаш сериозно ти треба барем основна едукација! За да биде формиран еден фосил, потребни се илјадници па можеби и милиони суштества да угинат, за едно од нив да се најде во "идеални" услови кој ќе го зачуваат како фосил!

П.С. Што мислиш од каде потекнува нафтата како "фосилно" гориво? Знаеш ли колку милиони галони досега се извадени? Знаеш ли колку животни требале да умрат за од нив да се создаде нафтата?
Што викаш за тврдењето на човеков дека нафтата е минерал?

--- надополнето ---

Зар тука не станува збор за фамозната 1 секунда за израмнувањето на атомскиот часовник со часовникот од секојдневието. Бидејќи нели знаеме дека денот трае 23 часа 56 минути и 4 секунди... Еве што викаат за тоа од US Navel Observatory:

Според пресметките на Donald L. Hamilton, забавувањето на ротацијата е од 2,2 секунди на секои 100.000 години. Тоа би значело 0,000022 секунди годишно или за 4,6 милијарди години, Земјата се забавила за 101.200 секунди. Така, добиваме 1,17 ден екстра, а на Земјата и биле потребни 23,92 часа за да направи една ротација. Тогашната брзина била 465,3m/s или за 0,2m/s поголема од денешката!
Не сум баш сигурен , затоа и прашав , ама мислам дека слушнав таква информација дека денот се намалува секоја година по 1 сек.
Што за 4,5 по 10 на девета години е бајаги многу.
Сега прашање е дали функцијата е линеарна .
Ама што знам , нека биде така како што кажа , не сум сигурен за податоциве у секој случај. :)

--- надополнето ---

Друго прашање . И за ова не сум сигурен. :)
Ама интересно е.
Ако магнетното поле на земјата се намалува(и тоа експоненцијално) нели шуманова резонанца и тие заебанции.
Колку било јако пред 4,5 билиони години?
Дали било толку големо што земјава би била бајаги топла(чув дека би светела како сонце од јакото магнетно поле , не сум сигурен дали е така).
Или друга варијанта , магнетното поле циклично се менува кроз времето , што нема баш некое објаснување од модернава наука.
А ако циклично се менува еден ден ке дојде до нула , тоа па е поголем проблем. :)
 
Што викаш за тврдењето на човеков дека нафтата е минерал?

Сериозен си?! Па единствен аргумент што го чув за оваа теорија е тоа дека нафтата била на поголема длабочина од останатите фосили и поради тоа небила "фосилно" гориво! А како да небиде кога нафтата е течност! Останатите фосили останале таму каде што се затоа што не се течности, нафтата тоне се додека недојде до карпест дел каде се собира! :toe:
 
Овој мора да му е брат на Војо:pos2: тогаш и јагленот е минерал по неговава логика :toe:
 
Бидејќи креационизмот претставува обид да се убиди научната атеистичка маса во Божјата вистина преку науката, молам да биде дадено научно објаснување за големиот потоп:
  1. Од каде дојде сета таа вода?
  2. Каде се повлече сета вода?
  3. Како Ное успеада ги собере сите животни на еден мал брод?
  4. Како преживеале болестите?
  5. Како до Израел дошле островските животни?
  6. Како под вода успеал да преживее растителниот свет?
  7. Како Ное се снабдувал со храна? Некои животни сакаат свежа храна, коалата сама еукалиптус, а некои змии сакаат жив плен...
  8. Како Ное и останатите 7 луѓе го чистеле изметот од илјадници животни?
  9. Зошто денес не постои ниту еден факт кој ќе го потврди постоењето на бродот?
  10. Како тоа никаде во светот не постојат траги од кенгури освен во Австралија? Зар тие еднаш не беа во Израел?
  11. Како мразот на половите го преживеал потопот?
  12. Како рибите успеале да го преживеат потопот?
  13. Како преживеале некои животински форми со краток животен век? (пример овошните мушички)
  14. Како за 150 години од потопот, од 8 души се развила цела маса на народ која успеала да ја изгради Вавилонската кула и потоа да се раштрка на сите страни од светот?
  15. Каде живееле сите животни пред потопот?

Нека бидат толку :smir:
Некои од прашањата имаат логичен одговор.
1.Водата е у мразот (1/3 е над вода , ти текнуе?) , ако се стопи ете ти потоп
2.Обратен процес од поплавата , ледено доба.
3.Прашање е која технологија ја имале , а ако се земе предвид и помошта од (некои кои не се од тука) се е можно.
4.Си чул за спори.
6.Не земај ти буквално дека цела планета била поплавена.(тоа БДВ ти ги објаснува повекето од прашањата)
Ме фати мрза ама за се има објаснување ако земеш у предвид одредени претпоставки.
 
Ептен сте конфузни од една страна викате библијата е збор божји напишана од бог, и е целосна вистина од друга страна викаш не земај се буквално па или е вистина или нее неможеш да кажеш ова е така а ова не ми одговара тоа е само фигуративно:pos2:
 
Јас не тврдам дека библијата е напишана од Бог.
 
Јас не тврдам дека библијата е напишана од Бог.
Ти не тврдиш дека е напишана од бог ама црквата тврди а ти твојте теории ги базираш на истата значи неможеш да си ја толкуваш ти како што сакаш или е апсолутна вистина или е апсолутна лага
 
Овој мора да му е брат на Војо:pos2: тогаш и јагленот е минерал по неговава логика :toe:
Не би рекол дека јагленот е минерал ама ти си со доста добри атрибути на минерал , како што можам да приметам.

--- надополнето ---

Ти не тврдиш дека е напишана од бог ама црквата тврди а ти твојте теории ги базираш на истата значи неможеш да си ја толкуваш ти како што сакаш или е апсолутна вистина или е апсолутна лага
Нема апсолутна вистина , кога некој ти предава знаење метафорично.

--- надополнето ---

Инаку освен библијата имаш и други книги како the book of enoch на пример.
 
Друго прашање . И за ова не сум сигурен. :)
Ама интересно е.
Ако магнетното поле на земјата се намалува(и тоа експоненцијално) нели шуманова резонанца и тие заебанции.
Колку било јако пред 4,5 билиони години?
Дали било толку големо што земјава би била бајаги топла(чув дека би светела како сонце од јакото магнетно поле , не сум сигурен дали е така).
Или друга варијанта , магнетното поле циклично се менува кроз времето , што нема баш некое објаснување од модернава наука.
А ако циклично се менува еден ден ке дојде до нула , тоа па е поголем проблем. :)

Силата на магнетното поле на Земјата е константно цикличен процес на опаѓање и растење. Магнетните карпи на Земјата недвосмислено покажуваат траги од овие промени. Дното на Атланскиот океан, создадено со бавното разделување на континентните плочи на Америка од една страна и Европа и Африка од друга страна, содржи линија на која се гледаат циклусите на промена на правецот на магнетното поле низ историјата. Немајќи објаснување за вака глобален доказ, креационистите тврдат дека некои други, непознати процеси се одговорни за овие траги; меѓутоа, ниту еден креационист до денес не успеал да смисли некој процес кој би можел да произведе промена на ориентација на кристалите во карпите истовремено на целата планета.

Africa-South_America_4.jpg

Во својата теорија за опаѓање на магнетното поле на Земјата, креационистите прават уште една значајна грешка тврдејќи дека опаѓањето е експоненцијално. Меѓутоа, трагите во карпите покажуваат линеарни промени во силата на магнетното поле, а директното мерење во текот на изминативе 150 години потврдува дека станува збор за линеарно распаѓање. Дури и ако ги игнорираме доказите за циклусите на магнетното поле, линеарното распаѓање ја дава староста на Земјата која е значително поголема од онаа која креационистите ја предлагаат.
 
Креационизам vs. Еволуција = Дали си за Американците или за Русите?
 
Сериозен си?! Па единствен аргумент што го чув за оваа теорија е тоа дека нафтата била на поголема длабочина од останатите фосили и поради тоа небила "фосилно" гориво! А како да небиде кога нафтата е течност! Останатите фосили останале таму каде што се затоа што не се течности, нафтата тоне се додека недојде до карпест дел каде се собира! :toe:
Види , ја не тврдам ама ..... што знам.
Едноставно не грешам за овие работи .... ама треба да се прогугла убаво.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom