Интересен е примерот со Човекот од Небарска (mислам дека беше од Небарска), за кого еволуционистите направија скоро цел долгометражен цртан филм од претпоставк. Дури се обидоа и да го нацртаат како изгледал, како живеел, како јадел итн. А верувале или не, се работеше само за еден заб! Група ентузијасти (еволуционисти-режисери) се собрала околу еден заб и правеа долгометражен цртан филм.
Подоцна се установи дека тој заб најверојатно бил од некој исчезнат вид на свињи
Наместо еволуционистите да се засрамат што не ги најдоа нивните очекувани илјадници видови на премин, тие дигнаа бучава со неколку запчиња и некои малку измодифицирани луѓе или мајмунчиња кои, како и да изгледаат, си се во ракмите на својот вид.
Ова е еден од најупотребуваните `аргументи` од страна на креационистите кои сметаат дека ова е најголемиот блам за еволуционистите, а при тоа забораваат како еден голем американски креационист долги години правеше магаре од себе само за да може да ги продава своите дела на ненаситната и проста, необразована креационистичка публика. Ајде да појдеме со ред.
(постот ќе биде долг!)
*************************************************
Во горниов случај станува збор за забот од Небраска за кој палеонтологот Хенри Озборн сметал дека му припаѓа на изумрен вид мајмун, или, евентуално, на некој изумрен вид прачовек. Подоцна, популарно списание во обид за поголем профит излегува со статија под наслов „Илуистрирани лондонски вести“ и ја објавува информацијата за пронајдениот заб. Во рамките на веста, магазинот објавува и слика од малолетно дете, а под сликата запишуваат
“Господинот Форести ја нацрта оваа слика за да илуистрира некои можности кои ова откритие ги потврдува. Бидејќи не знаеме за обликот на ова суштество, неговата реконструкција е само пример на уметничката брилијантна мисла.“
Палеонтолозите од тој период не прифатиле дека станува збор за човечки заб! Како пример може да се земе цитат од делото „Човековото потекло“ на Џорџ МекКурди кој за забот од Небраска вели:
“Озбор открил два заба од периодот Плиоцен во Небраска и предложил дека тие припаѓаат на човеколик примат кого го нарекол Hesperopithecus. Овие заби не се добро зачувани, така што точноста за Озборновото толкување не е генерално прифатена.“
Со усовршување на техниките за определување на изворот на забите, дојдено е до заклучок дека станува збор за заби од изумрен вид дива свиња. Еволуционистите ова го прифаќаат и тоа за нив не претставува никаков удар бидејќи истите првично ги отфрлија забите како неприоритетни поради лошиот квалитет и невозможноста да се открие нивното потекло. Во палеонтологијата многу често доаѓа до вакви забуни, но ретко кога истите испливуваат на насловните страници од светски познатите научни магазини. Пример за глупост е објавувањето на слика на насловната страна на
National Geographic каде јасно се гледа скелет на птица откопана во Кина. Бидејќи изворот сеуште не бил потврден, магазините
Science и
Nature одбиваат да дадат било каков коментар за настанот. Подоцна е дојдено до заклучок дека станува збор за измама, скелетот кој се најде на насловната страна претставува комбинација од делови на скелет на
Yanornis martini и
Microraptor zhaoianus. Сигурно на креационистите им е позната и аферата за Пилтдаунскиот човек, но забораваат една многу важна работа!
Еволуционистите и научниците одбиваат да ги прифатат овие наоди се додека детално не поминат преку сите анализи. Тоа што некои индивидуи се обидувале да го изнесат во јавност било само од лична корист!
*************************************************
Креационистите не се толку невини колку што изгледа на прв поглед. Се смеат на еволуционистите бидејќи не разликуваат заби од свиња и човек, но она што тие го направија е уште посрамно.
Во близина на реката Палукс во Тексас беа пронајдени стапки од диносаурус на исто ниво со стапки од човек. Иако ова е силен `аргумент` на креационистите, кој го интересира да знае што всушност е вистината, нека пише! Тука друго е важно. Еден од најпознатите креационисти Карл Боу (Carl Bough) во почетокот на осумдесетите доаѓа на локалитетот и покрај тоа што се уверува самиот себе дека станува збор за човечки стапки, на истото место успева да откопа
два заба, како и фосилизирани прсти. За историјата да се повтори, тој верува дека
станува збор за човечки делови. Прстите биле во стар отфрлени бидејќи станувало збор за обични камења (трагично, а се смеат за свињата...), а забите требало да бидат најсилниот аргумент кој по пропаѓањето на теоријата за стапките, ќе потврдел дека диносаурусите и луѓето живееле во исто време (во мир и хармонија).
По неговата изјава, креационистите побрзале да објават книги и филмови за трагите од Палукс како цврсти докази за коегзистенцијата на луѓето и диносаурусите. Меѓу најзначајните, Пол Тејлор објавил филм под името
„Стапки во каменот“, а Џон Морис ја популаризирал книгата која се темелела на овие траги, која порано ја напишал неговиот татко, Хенри Морис (
„The Genesis Flood”). Во некои креационистички книги се појавиле и фалсификувани слики на совршен отисок на човечка нога (со сите пет прсти, видлив облик на стапалото и петата) каков што нема никаде во Палукс.
Со првата анализа која била направена во три лаборатории се доаѓа до заклучок дека не станува збор за човечки заби, ниту од свиња, туку верувале или не....... од
РИБА! Рибата била од изумрениот вид апикнодонт (apycnodont). Боу не се согласувал со резултатите и ги пратил забите на еден куп дополнителни истражувања.Дури, се дрзнал да ги прати и кај свој близок пријател Дејвид Ментон од Медицинскиот Факултет при Универзитетот во Вашингтон кој бил голем креационист, а воедно и член на управниот одбор на најголемата американска креационистичка организација ICR. Начините на испитување не се важни, она што е важно е тоа што и тој како креационист го убедувал Боу дека станува збор за заби од риба. Конечно на 28 февруари 1989 година Боу капитулира, а за неговата непопустливост, неговиот помошник Дон Потон ќе каже дека
тие цело време мислеле дека научниците ги лажат!!!!! Колку очајно....
Истава случка денес се наоѓа на црната листа на аргументи на креационистите, па затоа и многу од нив се обидуваат да ја одбегнат. Но, како беше она: `не прави им го на луѓето она што не сакаш да ти го прават тебе`. Некој спомна човек од Небраска, ние ќе спомнеме заби од Палукс. Се извинувам на долгиот пост, но потребно беше поубаво да се објаснат некои работи.
Еден српски геолог, го вели следното: да е Земјата стара 4 милј. години, тогаш сите планински ланци би биле изабени и сите океани би биле полни со еродираниот материјал од планините. Просто кажано, Земјата сега би била „полна„ и рамна од камениот талог. Денешните геолози не се „зaмараат„ со евoлуциoнистички шпекулации, туку мерат и калкулираат па општ заклучок кај нив е дека Земјата не е постара од 10 000 г. што е многу блиску до православната проценка од 8 000 г. од создавањето на Светот.
Еве како звучи целосното тврдење на креационистите:
“Доколу Земјата е навистина стара милиони и милиони години, ерозијата до денес би ги израмнила сите континенти, или би ги однела сите површински слоеви. Исто така, материјалот кој еродира би се спуштал на океанското дно и би создал многу поголеми слоеви од тие кои денес ги наоѓаме.“
Поврзано е со староста на Земјата и се обидува да `докаже` дека Земјата не е стара 4,5 милијарди години, туку ситни 6.000 годинки.
Различни геолошки процеси постојано издигнуваат делови од континентите (на пример, вулканската активносткоја ја подига Сицилија, или судирот на континенталните плочи кои ги издигнуваат Алпите и Химелаите). Издигнатиот материјал еродира и се собира на пониските места кои побавно еродираат. Ерозијата од тие ниски места се собира на уште пониски и така циклусот се повторува се додека не дојде до океанот.
Најголемиот дел од материјалот кој стигнува до океанот се насобира на рабовите од континенталните плочи што овозможува растење на континентите во ширина (спектакуларен пример за вакво растење е делтата на Мисисипи), а не нивно намалување.
Количината на седименти на дното на океанот варира. На пример, на средината на Атланскиот океан воопшто нема седименти. Ова е место на кое тектонските плочи на континентите се разделуваат, свежата магма излегува од центарот на Земјата и создава ново океанско дно. Количината на седименти полека расте како што се приближуваме до рабовите на континентите, за на крајот да дојдеме до најдебелите слоеви веднаш до континентите. Ако ја земеме брзината на ерозија и тој податок го употребиме за да пресметаме колку време треба за да се создадат толку дебели слоеви какви што наоѓаме веднаш до континентите, наоѓаме дека се потребно околу
120 милиони години.
Ако ја измериме брзината со која денес Атлантикот се шири, наоѓаме дека Јужноамериканскиот континент и Африка некогаш биле споени, но се разделиле пред околу
120 милиони години. Ова одговара на тектонската теорија за континенталните плочи и потврдено е со линиите од руди и минерали кои се прекинуваат во Африка и продолжуваат во Јужна Америка, како и обликот на самите континенти. Ако, со радиоактивно датирање, се обидеме да ги датираме слоевите во близина на континентите, добиваме дека најстарите се создадени пред околу
120 милиони години.
Значи 120 милиони години тектонска активност, движења,извишувања, ерозии... 120.000.000 не е исто со 10.000!
Земјината кора постојано се обновува?
Точно така. Земјината кора постојано се обновува. Мноу интересен аргумент на креационистите е исфрлањето на лавата при вулканските ерупции. Велат,
“Количината на вулкански материјал исфрлен во текот на милиони и милијарди години би бил толкав што Земјината кора морала да биде многу подебела отколку што е.“
Геолошките докази покажуваат дека постоеле периоди од историјата на Земјата кога количината на исфрлена лава била неспоредливо поголема од денес, како и дека постоеле периоди кога количината на исфрлена лава била неспоредливо мала. Бидејќи креационистите ги користат денешните вредности на исфрлена лава како константа за цела историја на Земјата, нивните пресметки не се точни.
Потоа, тука се тектонските движења.
Кога една тектонска плоча се доближува до друга, таа ја преклопува и ја потинсува во длабочините на Земјата каде високата температура ја претвара во магма. Со тоа дел од исфрлениот материјал од површината се враќа повторно во длабочините на Земјата.
Конечно, централен дел на аргументот е заснован врз креационистичкото незнаење. Земјината кора има генерално константна дебелина. Ако на Земјината површина се доведе додатен амтеријал, притисокот и температурата во долните делови на кората би пораснале и би ја стопиле кората во магма – вкупната дебелина повторно би се вратила на истата големина.