Дарвиновата теоријата на еволуцијата тврди дека организмите во текот на милиони милиони години постепено се развивале и по пат на многу мали промени (микроеволуција) преминувале од еден вид во друг, а потоа по патот на ткн. "природната селекција" некои видови опстојувале, а други исчезнувале.
Пред палеонтолозите да ја прочепкаат малку земјината кора, еволуционистите нестрпливо очекуваа дека ќе најдат по најмалку стотици милиони фосили на меѓувидови (фосили на премин од еден вид до друг) со што ќе си ја докажат својата теорија. Но пронајдените фосили ни кажаа друга приказна.
Пораката што ја носат фосилите е токму онаа Библиската, дека Бог ги создаде животните секој по својот вид.
Пораката на фосилите не се состои само во тоа што тие го кажуваат, туку и во тоа што тие не го кажуваат, а се очекува да го кажат. Имено еволуционистите очекуваа (согласно нивната теорија/вера) милиони фосили на меѓувидови од безрбетниците до рбетниците, од рибите до водоземците, од водоземците до цицачите итн.
Но што кажаа фосилите...
Од безрбетниците до рбетниците = провалија!
од рибите до водоземците = провалија!
од водоземци до цицачи = провалија!
Итн итн.
Земете го само овој пример: Безрбетниците имаат мека внатрешност и тврда надворешност (оклоп), а рбетниците имаат тврда внатрешност (скелет) и мека надворешност. Сосема обртен случај! Прашање до еволуционистите: Како безрбетниците скокнале во рбетници? Има ли доказ? Замислите само колку промени и колку меѓувидови требало да има помеѓу двете страни на оваа провалија. Јас би рекол десетици милиони фосили на премин, но јас не сум битен, битна е палеонтологија, а таа вели 0! Ни еден фосил на премин кој ќе докаже дека безрбетниците преминале во рбетници!
Истото важи и за останатите еволутивни провалии.
Во својата паника од фосилниот патолошки наод кој го добија еволуционистите од палеонтолошката лабараторија, тие пробаа да пласираат некои смешно насликани меѓувидови (цртаните филмови се поинтересни од нив ) и пробуваа да се извлечат со нив. Но ни еден од нив не успеа да си го најде местото во очекуваните меѓувидови, туку си го најде своето место или во едниот, или во другиот вид.
Интересен е примерот со Човекот од Небарска (mислам дека беше од Небарска), за кого еволуционистите направија скоро цел долгометражен цртан филм од претпоставк. Дури се обидоа и да го нацртаат како изгледал, како живеел, како јадел итн. А верувале или не, се работеше само за еден заб! Група ентузијасти (еволуционисти-режисери) се собрала околу еден заб и правеа долгометражен цртан филм.
Подоцна се установи дека тој заб најверојатно бил од некој исчезнат вид на свињи
Наместо еволуционистите да се засрамат што не ги најдоа нивните очекувани илјадници видови на премин, тие дигнаа бучава со неколку запчиња и некои малку измодифицирани луѓе или мајмунчиња кои, како и да изгледаат, си се во ракмите на својот вид.
Ништо од она што го претпоставуваше Дарвин не се исполни при фосилната анализа. Фосили на меѓувидови не се најдоа и останаа големи провалии помеѓу видовите. Во секој геолошки слој на земјата можеа да се најдат и фосили на посложени организми и фосили на најпримитивните организми, со што се докажа дека сите видови си постоеле симултано, а не онака како што очекуваше Дарвин.
Јас можам да го разберам Дарвин со неговата претпоставка (со оглед на тогашната наука и тогашните пронајдени фосили), но не можам да ги разберам денешниве еволуционисти кои и покрај сите докази против еволуцијата, сеуште грчовито се држат до таа претпоставка на Дарвин.
Се прашувам зошто толку цврсто се држат до еволуцијата кога сите аргументи се против неа? Дали е можеби тоа што другата алтернатива е креационизмот? Дали можеби затоа што ако се откажат од еволуцијата и ќе мораат да го прифатат Бог, а со тоа дополнителни работи што можеби требаат да ги променат во своите животи? Но доста претпоставувам, ако продолжам ќе заличам и јас на "еволуционист"
Поздрав!