@cool@
Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
- Член од
- 2 јуни 2007
- Мислења
- 23.601
- Поени од реакции
- 27.115
Чамите си ги бараат имотите во Грција
Во 1945 година, 35.000 етнички Албанци со муслиманска вероисповед од Чемерија биле истерани поради соработка со окупаторските германски и италијански власти
За грчките официјални лица, тоа поглавје во албанско - грчките односи засекогаш е затворено.
Кусата вест дека здружението „Чемерија“ на Албанците протерани од Грција неделава во приморскиот град Валона организирало мирен протест со кој се бара да се отвори прашањето на нивните имоти кои останаа во Грција не предизвика посебно внимание.
Но, она што сега му дава тежина на „настанот“ е коинциденцијата протестите да се одржуваат во период кога Атина сериозно се заканува дека ќе ги закочи интегративните процеси со ЕУ доколку Албанија не дозволи изградба на дури четири воени гробници за грчките војници загинати во двете светски војни. Како што јавува дописникот на „Утрински“ од Брисел, во изградба на гробишта нема ништо спорно, но барањето на Атина во Тирана се сфаќа како обид на Грција да ја „одбележи“ и да воспостави поголемо влијание на територија на која живеат етнички Грци на југот на Албанија и која Грција го нарекува Северен Епир.
Методот е познат: Атина отворено и' порачала на Тирана дека нема да ја ратификува Спогодбата за стабилизација и асоцијација, која чека во грчкиот парламент и, иако нема такви најави досега, можно е да ја искористи и ратификацијата на договорот за прием на Албанија во НАТО, кој мора да ги помине наредните три месеци за да се материјализира членството во Алијансата.
Тешко е да се каже дали е на повидок нов спор инициран и по мерка на Атина, но прашањето на грчкото малцинство на југот на Албанија и непризнатото албанско малцинство во Грција и од тие причини досега е држено под тепих, пред се', поради огромниот број албански економски емигранти кои, на секое искричење на релација Атина Тирана, ризикуваат да бидат протерани од Грција во операциите симпатично наречени „метла“. Не е прв пат Чамите да го креваат прашањето за едно, за грчката држава, затворено прашање, а пред се' најсериозен обид за тоа беше во 2005 година кога ја блокираа посетата на грчкиот претседател Каролос Папуљас на Албанија. Тоа што сакаа да го искажат демонстрантите беше дека Грција нема соодветен третман за албанското малцинство во таа земја, што го налути Папуљас, а посетата беше прекината.
Политичкото здружение „Чемерија“, кое за цел го постави остварувањето на правата на Чамите кои, според нив, биле прогонувани, уништувани, асимилирани, а нивните имоти експроприрани и национализирани од грчката држава беше формирано кон крајот на 1980-тите години и по падот на Енвер Хоџа кога прв пат ја објави својата агенда. Но, експресен одговор добија од тогаш актуелниот грчки премиер Константинос Мицотакис, кој во 1992 година во Тирана има порача: „Тие соработуваа со италијанско-германските окупатори за време на Втората светска војна и бидејќи се воени злосторници, беа казнети според грчките закони“.
Историски, Чемерија или Чамурија, како територија на која живееле етнички Албанци, остана надвор од Албанија на амбасадорската конференција во Лондон 1913 година и, според една оцена на Меѓународната кризна група, „големите сили таа година не можеле да претпостават и да очекуваат дека Албанија како нова земја, чии граници беа определени во 1912 година, ќе трае толку долго за по речиси еден век да предизвика сериозни тектонски нарушувања во регионот“. Чемерија и' била доделена на Грција, а во 1945 година, 35.000 етнички Албанци со муслиманска вероисповед биле истерани поради соработка со окупаторските германски и италијански власти. За грчките официјални лица, тоа поглавје во албанско-грчките односи засекогаш е затворено.
Но, според процените, вредноста на имотот оценет на протераните Чами во периодот веднаш по Втората светска војна изнесувал 347 милиони (тогашни) американски долари, а според поновите тој имот вреди десеткратно повеќе.
Организаторите на собирот, кои истакнаа дека „врз основа на меѓународните конвенции и закони ќе се бориме се' додека не ги вратиме нашите имоти во Грција“, најавија одржување голем протест на национално ниво идната недела во Тирана на кој ќе се бара укинување на законот од 1945 година, со кој на Албанците кои останаа да живеат во тој дел од Грција им е одземена целата сопственост. На последниот протест, организаторите процениле дека изборот на Барак Обама за иден американски претседател бил добар знак, бидејќи „ќе создаде нова клима во корист на решавање на прашањето на Чамите“.
Но, Грција, која дури до 1987 година беше во фактички воена состојба со Албанија, а во изминатите две децении имаше инциденти кои на моменти ги заоструваа односите меѓу двете земји, нема да дозволи ни да се спомне ова прашање.
Најавите за блокирање на евроатлантскиот пат на Албанија се повеќе од закана.
Извор