Оф црн град наш, уште уличнине нека ги изгаснат.
Една елка барем да наредеа да се знае дека иде нова година, море еден лампион нека обесеа на дрво да се знае :jaj:
Што е финтава сега? Ги чува Руфи украсите новогодишни во подрум зошто Бејта ги имал?

Глупости еј. Ова треба некој да им каже дека локална самоуправа не е едниот што ќе прави другиот обратно, едниот гради другиот руши и обратно, туку дека некои работи што излегле како добри за градот треба да си продолжат.
Што ќе го чинеше да ги стави украсите низ градот Руфи? Егото ќе му падне,гордоста?
Мислам дека единствен град сме за Нова Година украс што нема. Можат признание да ни одадат, секоја ни чест.