Формула 1 сезона 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Дали правилата конечно ја направија Ф1 интересна и рамноправна?

  • Да

    Гласови: 86 41,3%
  • Не

    Гласови: 122 58,7%

  • Вкупно гласачи
    208
Во текот на ланската сезона не му се даде речиси никакво значење, и скоро сите тоа го уценија како чиста случајност и среќен сплет на околности, но после скоро година дена, ФИА го отвара случајот : Победата на Рено во Сингапур 2008 - МЕСТЕНКА !!!
Читај малце моторспорт.мк, ти пишит таму убо.

Не е барање на проблем, туку Flavio му наредил на Piquet да се трасни во оградата. Незнам како делува тоа, освен како чиста местенка или земање на судбината во свои раце.

Па уште го избркаа Piquet оти бил нефер :nesvest: и немал освоени бодови. Кај да има со ваква тимска стратегија?

Ако биде Алонсо дисквалификуван (што познавајки го него ке си го тргне газот и ке рече јас ништо незнам исто како што направи со Мекларен) Розберг ке биде победник. Човекот има победа во кариерата, а сеуште не знае за тоа :baeh:
 
Што знам .... Пике има изјавено дека од тимот, само го терале да притиска повеќе по гаста, а за вакви наредби од Бриаторе, како што велиш ти, стварно не знам. Ќе си одлучи ФИА. Баш ме интересира што ќе пресудад и како ќе ги крстат на 21 ..
 
Витантонио Лиуци ќе вози за ФИ до крајот на сезоната. Тој речиси цели 2 год. беше во улога на тест-возач за индискиот тим, а сега ќе добие шанса да стартува како пилот бр.2 за ФИ и ги одвози преостанатите 5 сезонски трки, откако Џанкарло Физикела премина во Ферари, како би го заменил Фелипе Маса до крајот на сезоната ..

http://www.formula1.com/news/interviews/2009/9/9883.html
 
Ах брее,мака ми е за Сутил.:nesum:
За влакно му избега првото место=)

Аааа, кој го зеде првото место .... :wink: :pos: :tv:

Не ги гледав квали. (спиев :) ) но како што гледам, барем според резултатите од тренинзите, а и од квали. Сутил имал одлично издание, бил најбрз и денеска на последниот слободен тренинг, а ПП му побегнала за влакно т.е. Хамилтон бил за нешто помалку од 2 десетинки побрз.
Честитки за Луис за ПП, исто така и за Сутил на кого очигледно ФИ му го има ептен погодено сет-апот за Монца. Тоа е за пофалба, бидејќи ФИ на минатото ГП во Белгија ја зедоа ПП, а денес за влакно им избега истото достигнување, две ГПја по ред .. Секоја чест, нема што. Но покрај првите двајца, веднаш позади нив се двајцата финци од Ферари, односно МекЛарен и тие ќе бидат и те како опасни утре, со шанса за висок пласман.

Како и да е, утре во првите два реда имаме 2 МекЛарена и по едно Ферари и ФИ, ќе биде интересно ..
 
Абе ајде,Шумахер ми стана многу антипатичен!!!-Не возел оти го болел вратот:vozbud:
-Абе ај...се видел дека е бетер од Бадоер,па си вика "да не се избрукам поарно ич да не седнувам":smir:
-шо мислеше он,дека и по 20 години да седне,ќе биде "најдобриот"?

-Мерцедес многу пријатно ме изненадија 6/7 мерцедеси напред утре:smir:
Одиме на победа!!!!
 
браво за Хамилтон и Мерцедес се надевам нема да пропуштат да победат оваа трка
 
Стартен поредок за утре...

Од првите 7 болиди 6 возат мотор на Мерцедес... :smir:?

Импресивно е ова и ја заслужува секоја пофалба.

Баш би сакал утре првите тројца што ќе завршат, да се со мотор на Мерцедес, хммм на пр. вака ..

1. Л. Хамилтон
2. Х. Ковалаинен
3. А. Сутил


:) :) :)
 
При возење Ф1 највеќе оптеретувања поднесува вратот, така и со најмала повреда на вратот може да биде опасно возењето и нема да издржи заради падот од моторцикл пред 5 месеци каде што одма пренесоа деак му е повреден вратот. Инаку фала богу дека може нема да биде најдобар али од бадоер подобар ќе беше сигурно.
 
Еве го видеото за кое Миленко спомна каде главата на Том Прајс е скоро отсечена, а млад пожарникар за време на трката е распарчен на делови од болид.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom