Која "корпа" боли повеќе и како ги поднесувате? :)

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Кога девојка му кажува НЕ на машко (за секс конкретно), тогаш е некоја вообичаена работа, а ако машко каже НЕ на девојка тогаш е или педер или ненормален или нешто слично. Јас барем сум сватила дека повеќето мислат така. Што мислите вие, како стојат овие работи?И дали доаѓа тоа, од фактот дека мажите скоро никогаш не одбиваат? А всушност, зашто се такви? Па веќе кога одбиваат ... кои би биле причините?
Се направија повеќе последователни прашања, ама ако да? :pos: :P
 
мислам дека повеќето мажи како што рече самата не велат НЕ и тоа од пусти страв да не помисли девојката дека не дај боже не му се дига, па да го прекаже и како иде после работата... а дека има мажи кои што кажуваат не, секако дека ги има (троа поретко додуша), и тоа од слични причини како нас жените “ги боли главата“ на пример
 
Навистина ретки се мажите кои одбиваат девојка. Можеби тука лежи и одговорот на прашањето "Зошто девојките полесно можат да добијат секс"? Или, обратно, "Зошто мажите потешко можат да најдат партнерка"?

Одговорот има поврзаност и со правилото од економијата - понуда и побарувачка.

Маж кој може да одбие девојка, и тоа згодна е навистина зрел маж.

Девојки кои отворено ми ставале на знаење дека сакаат да имаат секс со мене сум ги одбивал од следниве причини:

- била ружна

- сум бил во врска и ми проработела совеста

- сум бил во врска и не била по секси од девојка ми (имав такво швалерско правило на времето, демек ако правам грев, ќе го направам со некоја за која вреди, хехе).

- не сум имал кондом при себе (кога ми се случувало ова, ми идело да си акнам бокс - ама принцип си е принцип).

- тоа со "дигањето" кое го кажа Лилу - и тука има вистина. Ама не баш дека демек ќе се посрамотиме или нешто... Секој здрав и прав маж има моменти кога не се чувствува баш онака... напорен ден, истоштеност... едноставно знаеш дека "ова ноч није мој дан".
Доколку знаеш дека сексот ќе биде лош, подобро немој да правиш ништо. Почекај ја наредната прилика и направи го тоа како што треба.

- сум делел корпи и онака - чисто поради забава и рекреација. Поготово на популарните и самоуверени девојчици. Нека видат малку и тие како е. Плус, се чувствував дека ги осветувам "ортаците" кои редовно пијат корпи! :)

Ах, да - корпа од маж навистина боли повеќе. Зошто? Затоа што поретко се случува како настан, и нормално жените ни на крај памет не ја очекуваат.
 
Ах, да - корпа од маж навистина боли повеќе. Зошто? Затоа што поретко се случува како настан, и нормално жените ни на крај памет не ја очекуваат.

Со оваа реченица се е кажано.
 
Буковец напиша:
Ах, да - корпа од маж навистина боли повеќе. Зошто? Затоа што поретко се случува како настан, и нормално жените ни на крај памет не ја очекуваат.

Со оваа реченица се е кажано.
Би се надоврзал:

Немој бидеш :dudlac: и имај смелост да дадеш
trash.gif

Не е битно кого повеќе го боли. Некогаш женското повеќе го боли, некогаш машкото. Некого па воопшто не го боли, затоа што корпите му се секојдневие. Битно, позабавно е на девојка да и дадеш
trash.gif
, така? :roll:
 
Сум ги одбивал само ако стварно не сум чуствувал ништо према нив. Едноставно неможам да бидам со некоја која што не ја сакам барем малце, према која немам симпатии...
Не сум од оние што викаат: ‘К***т нема очи, шибај!‘
 
Не баш да сум поделил многу корпи во животот, едвај три-четири, и тоа првенствено затоа што едноставно не ме привлекеле онака на прв поглед... А и мислам дека не е толку болна самата корпа колку начинот на кој ја добиваш, и дали после неа останува малку достоинство во „корпираниот“ или ептен го акаш од земја.
 
Ретко девојките се иницијатори за секс, а замислете што би и се случило во главата ако добие "корпа" од дечко на кој сака да му се даде. Тамам и се кренала самодовербата, тамам се решила да си побара, а тој ја одбива! Па мислам дека долго време ќе и треба да се свести од тоа и тешко дека во најскоро време би се одлучила повторно на таков чекор (не зборувам за девојки на кои им е како "добро утро" да си бараат).
 
VeGaS напиша:
Сум ги одбивал само ако стварно не сум чуствувал ништо према нив. Едноставно неможам да бидам со некоја која што не ја сакам барем малце, према која немам симпатии...
Не сум од оние што викаат: ‘К***т нема очи, шибај!‘

А ти се пуштала некоја? Мислам што не ти се допаѓала или не си имал чувства?

А бе, град, запиен, ти се пушта некоја, нормална, ни убава ни гр4да, обична, а ти не ја познаваш, нормално дека немаш чувства кон неа. Ја одбиваш?
Барем така звучи од твојот пост.
 
Garfield напиша:

И мене ме збуна малце постот, ама ај реков ќе препрочитам уште еднаш.
Чувства нормално дека не идат веднаш, но муабетот е ако не познаваш некоја, а привлечна е (според твои критериуми) и ти се нуди за една вечер :roll: Не верувам дека би ја одбил :wink:
 
Не треба на жена да и се дава корпа (не зборувам за екстремни случаи:)
 
Кољо, а бе цар си, ма да елаборираше малкуцка. Биејќи секое правило има исклучиок, нели!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom