аии аирлија нека е, први на табела, сите да го пушат!!!!
Задоволен сум иако игравме против тешко дефектна екипа на која требаше бар уште еден да и се даде за уметнички утисак. сепак добро е ко за старт.
Посебно ме радува тројката-Пато Бориело Роналдињо. Одлично се покажаа, пасовите на Роналдињо беа феноменални, головите на Пато топ, а и Бориело си ја изигра задачата, врати и свртe доста топки, доби поголем дел од воздушните дуели(баталете го Бранко што тресеше глупости) солидно си одигра.
Одбранта со исклучок на бочните Јанкуловски и Замброта кои баш не се покажаа беше исто добра, Силва и Неста се добар тандем, само да ја издржат сезонава здрави и живи немаме гајле.
Не ми се допадна тоа што слабо се играше преку средина, форсираа некои долги пасови од еден крај до друг а средината остана неупотребена, тоа може многу да не кошта наредно коло.
а дур сме кај наредно коло, од таа ако излеземе непоразени може да имаме основан оптимизам за сезонава, ова ко што реков е доволно ко за елан.
пс. Мислам дека насетив како Гатузо и Амброзини се скараа некако, овој лентата капитенска ја даде на Пирло и мислам дека на измената не се ни поздравија. :\