Росоњери сведоци сме на најлошото менаџирање со клубот од да не претерам ете нека се последни 20 години а и повеќе... Сето тоа доведе до продажба на најдобриот фудбалер со цел финансиски спас за клубот, продажба на тренер кој беше посакуван од сите кој како играч има многу направено за тимов а и како тренер само да потсетам:
-Скудето =1 (2003-04)
-Куп на Италија =1 (2002-03)
-Суперкуп на Италија = 1 (2004)
-Лига на Шампиони = 2 (2002-03; 2006-07)
-УЕФА Супер Куп = 2 (2003; 2007)
-ФИФА Светски Куп = 1 (2007)
И сега за да тој испадне крив за состојбата во која е сега Милан.. Берлу едноставно му ја блокира слободата а и буџетот за да купува играчи со цел Берлу да може да си ги исплаќа своите мафијашки долгови, што доведе до рецесија во клубот а и капак на се беше Светската економска криза во која се „најде“ клубот...
Епа значи за да се одржи клубот на нозе како најдобриот во светот како и секое друго претпријатие треба да се насочи кон обновување на своите ресурси, но за жал тоа во Милан не се случува туку се случува една сосем обратна работа - Милан не е замешан во ниту една поголем битка за некое поголемо име во фудбалот кое ке послужи како нова машинерија во Милан на пример: Бензема, Рибери, Хунтелаар, Ван Дер Ваарт, Робен, па и Луис Фабијано... а не се ни обиде да го задржи КАКА (најдобриот фудбалер во светот) и сега очекуваме ние подобрување од нареднава година... Па мислам тоа е апсурдно! Со кој состав ке се спротиставиме ние на евентуална средба со Челзи, Манчестер, Реал, БАРСЕЛОНА?! Не е ни чудо што од 80 000 капацитет на Сан Сиро доаѓаат „само“ по 40 000 просек за еден натпревар (ова од гледање на натпреварите ми е податоков.. значи можда грешам
) ама зборот ми е дека ке се соочиме една Фиорентина да не престигне :jaj: И не е фер што ги плукаме и Кака и Анчелоти и Сидорф и Пирло и сите други кои би дале се за да Милан биде најдобар! Туку треба да го имаме во обзир лошото менаџирање со клубот на бизнис план... Зошто тој да не финансира нови млади ѕвезди? а ако продолжат вака со што тие ке му гарантираат успех на еден Пато кој е одличен играч а има само 19 години, со што и со кој состав? Па тоа може да доведе и до негово заминување
На пример дозволија да останат без еден Палоски кој е многу добар играч и одлично би соработувале со Пато, како и Горкуф - одлична замена за Сидорф, и многу други вакви примери, па и не би морале да купуваат други „скапи играчи“ и не би дошле во ситуација на недостаток на финансиски средства
росоњери можам вака уште многу да пишувам ама доста е сега засега колку да се разбериме меѓу нас дека Берлу лошо менаџира во последниве 3 години...:wink: што не беше случај пред тоа (7 скудеа и 7 ЛШ и многу други титули..)
Се надевам на подобро... дури трае летниов трансфер период :smir:
FORZZA MILAN!!!!!!!