Легендата на Милан и Италијанскиот фудбал, Паоло Малдини дефинитивно кажа збогум на фудбалската кариера на Сан Сиро. Легендарниот дефанзивец одигра 901 натпревар за клубот...
во текот на својата 24 годишна кариера. Тој покрај многуте почести освои и 5 Европски Купови и 7 Скудета.
За ова време тој се промовираше како еден од најголемите леви бекови во историјата на фудбалот. Тој ги закачи своите копачки на последното коло од оваа сезона. Тој беше многу емоционален на последната прес конференција одржана денес.
“Јас сум и секогаш ќе бидам фан на Милан. Секогаш го давав најдоброто, и сметам дека го заслужив она што го постигнав со овој клуб“ кажа Малдини за
Sky Sport Italia.
Според медиумите Малдини можеби има иднина во Шпанскиот гигант Барселона, чиј тренер, Пеп Гвардиола јавно го покани Малдини за да работат заедно. Гвардиола отиде дотаму што титулата на Барса во Лигата на Шампионите му ја посвети токму на Малдини.
“Благодарен сум за она што го направи Гвардиола, но не сметам дека мојата иднина е во Барселона“ додаде капитенот.
“Кака? Неговиот трансфер значи огромни промени во Милан. Тој е првиот играч од светска класа кој Милан го продаде, ова никогаш не би се случило во минатото, и сметам дека е огромен удар за клубот и фановите.
Тој е еден од најдобрите играчи во светот. Милан пропаѓа?! Не мислам така. Сметам дека беше логиќна одлука и сега предизвик ќе биде да се освои Лигата на Шампионите без играч како што е Кака“
Малдини ќе ја остави и капитенската лента, која стандардно тој ја носеше и тој смета дека Масимо Амброзини ги поседува квалитетите да ја понесе таа одговорност. Пирло истотака беше поврзуван со Челзи, но Малдини смета дека Пирло ќе остане.
“Амброзини е зрел да ја понесе одговорноста која сама по себе си ја носи капитенската лента, но тоа ќе зависи од Леонардо.
Околу Пирло, сметам дека тој ќе остане во Италија. Мислам дека негова желба е да остане во Милан“ - заврши Паоло Малдини.
Извор:
Тука!