Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Мојот јубилеен 1000-ти пост ќе го постирам во Фан Клубот кадешто има намногу навивачи-МИЛАН

Милан (на италијански Associazione Calcio Milan) е италијански фудбалски клуб од Милано. Клубот бил основан на 16 едкември во 1899 година и моментално настапува во Серија А. Своите натпревари ги игра на стадионот Сан Сиро кој има капацитет од 85 700 седишта. Милан е еден од најуспешните фудбалски клубови во историјата на фудбалот освојувајќи до моментот седум трофеи во Лига на шампиони седумнаесет во Серија А пет италијански купови и.т.н.Тренер на клубот е Карло Анчелоти потпретседател Адриано Галиани и претседател на клубот Силвио Берлускони кој воедно е и премиер на Италија.
Трофеи


Серија А: 17
  • 1901, 1906, 1907, 1950/51, 1954/55, 1956/57, 1958/59, 1961/62, 1967/68, 1978/79, 1987/88, 1991/92, 1992/93, 1993/94, 1995/96, 1998/99, 2003/04.
Куп на Италија: 5
  • 1966/67, 1971/72, 1972/73, 1976/77, 2002/03.
Супер Куп на Италија: 5
  • 1988, 1992, 1993, 1994, 2004.
Лига на шампиони: 7
  • 1962/63, 1968/69, 1988/89, 1989/90, 1993/94, 2002/03, 2006/07.
УЕФА Куп: 2
  • 1951, 1956.
Европски Супер Куп: 5
  • 1989, 1990, 1994, 2003, 2007.
Интернационален Куп: 3
  • 1969, 1989, 1990.
Куп на победниците на куповите: 2
  • 1967/68, 1972/73.
Светско клупско првенство во фудбал (2)
  • 2007.
Латински куп (2)
  • 1951, 1956.
 
Пато Бонд а беше поинспиративен за овој 1000дити пост да го посветиш на нашиот капитен Паоло Малдини зашто на секој јубилеј истово го ставаш.

Него што мислите - Гатузо или Амброзини ке биде капитен следна година? Или пак можда Кака? Кој најмногу заслужува.

(за малце да смениме тема)
 
Па би требало Кака да биде, да му ја дадат капитенската лента сигурно никогаш нема да замине од Милан ( мада и без тоа нема да замине :) ). А помеѓу Амро и Гатузо предност има Гатузо, ај сега да не набројувам се знае зашто :)
 
Еве ги повиканите за натпреварот со Удинезе
Dida, Kalac, Perucchini, Zambrotta, Maldini, Senderos, Jankulovski, Darmian, Mattioni, Antonini, Flamini, Pirlo, Ambrosini, Gattuso, Cardacio, Seedorf, Kakà, Pato, Inzaghi, Ronaldinho, Shevchenko.
Повредени: Bonera, Nesta, Borriello, Abbiati, Kaladze.
Суспендирани: Beckham, Favalli.
 
Не пишуј вакви работи ! Вакви работи нетреба да стојат во фан клуб Милан на ова ли да се коментира?? Гледаш дека многумина несакаат нови членови?


некој се пронајде изолиран :)... смири се бе, не видов некој да те посочи во тие постови каде што се збореше за темава


како и да е, очекувам Анчелоти против Удине да излезе со 2 напаѓачи т.е. 4-3-1-2
 
Анчелоти: Не очекувам да се случи нешто во недела.Тренерот на Милан, Карло Анчелоти вели дека во недела е слободен бидејќи е роденден на неговиот татко и не очекува да се случи ништо друго

ancelotti-300-milan.jpg
https://www.bwin.com/hr/sportsbook.aspx?zoneid=56006
Стратегот на Милан се поврзува со тренерското место во Челзи и медиумите од Италија шпекулираат дека во недела Анчелоти ќе има состанок со Берлускони по кој најверојатно ќе го потврди заминувањето од Сан Сиро.

Сепак Анчелоти вели дека не очекува да се случи ништо во недела освен прославата на роденденот на неговито татко.

“Не верувам дека нешто ќе се случи по натпреварот во сабота вечер.” – рече Анчелоти.

“Нешто да се случи во недела? Тогаш сум слободен цел ден, ќе бидам кај татко ми бидејќи му е роденден.”

“Сериозно, ништо нема да се случи ниту во сабота ниту во недела. Не очекувам телефонски повик од претседателот, тој ги негираше натписите, нема потреба за коментари.”

“Дали јас се чуствувам одговорен за неуспехот? Јасно е дека одговорноста секогаш паѓа на тренерот иако во текот на сезоната имавме проблеми.”
 
Тевез нема да си иде од Манчестер!:nenene:
 
Ај не збори глупости...сеа не ќе се прајме луди.Као судиите ни се криви...
Неколкупати изгубивме поени на грешка на Анчелоти.Коа се затвораше предвреме.Ќе ти ги спомнам само утакмиците со Лече-првата,со Џеноа-втората...
Единствена судиска грешка беше можда само голот со рака од Адриано.Ама затоа и многу пенали ни имаат судено,кои неколкупати и ни имаат решено утакмица.


Respect брат ... да се сите навивачи како тебе ....

Respect ...
 
Aj доста се карате, убоо рече феноменчо Тевез не оди од манчестер, а и џеко е добар

Анчелоти ис тхе бест бтв

поздрав и се најубаво :helou::helou:
 
Неста: Нема да се пензионирам Дефанзивецот на Милан, Алесандро Неста ги демантира гласините дека ќе стави крај на фудбалската кариера.
nesta-ne-se-penzionira.jpg
Според последните информации од таборот на Милан, Алесандро Неста наскоро треба да се врати на теренот, но некои италијански медиуми пишуваа дека тој можеби и ќе стави крај на кариерата. Сепак, Неста не размислува така, подготвен е да докаже дека сеуште може да игра на високо ниво.
"Дали ќе се пензионирам? Тоа се лоши информации, ќе докажам дека можам уште да играм" - изјави Неста за Sportmediaset.it.
"Уверен сум дека ќе се вратам на теренот. Доколку тоа не се случи оваа сезона, ќе се случи следната".
Неста се врати на тренинзите со остатокот од тимот на Милан, одигра и мини меч на Миланело тренинг центарот на Росоњерите.
 
Пато против Удинезе ќе игра за Анчелоти

-Ќе им даде три ако се разигра :)

Гатузо ќе стартува против Удинезе

- Зверот ис бек :)

Арапи сакаат да го купат Милан за 500 мил.

- Ако го купат ќе прават дрим тим што не ми се допаѓа.:)
Фала богу некој да ја врати темава во нормала.Добри вести за екипата на Милан се овие.Поздрав до сите миланези и дајте да се фокусираме на вечерашниов натпревар со Удинезе.Како што пишува во првите две вести на Ѓоре Милан значи ќе им го пореметиме умот само со овие двајца играчи а да не збориме ако се додадат плус и 8 играчи и еден голман.УШТЕ ЕДНАШ ПОЗДРАВ ДО ФАН КЛУБОТ СО НАЈВЕЌЕ НАВИВАЧИ.
 
НЕ ЗНАМ ДАЛИ Е СТАРА ИЛИ НОВА ВЕСТ АМА ЈА ЌЕ ЈА СТААМ ПА КАЖЕТЕ ДАЛИ Е НЕШТО СТАРО ИЛИ НОВО.


Анчелоти го финализира договорот со Челзи?! | |
Anceloti3546.jpg
Според пишувањата на весникот „Кориере дело спорт“, Карло Анчелоти ќе се пресели во Лондон во летниот преоден рок. Тој, по неделниот натпревар со Удинезе, би требало да го завери второто место во Серија А и да го однесе тимот во Лигата на шампионите, а потоа да потпише за Челзи. Поранешниот тренер на Парма и на Јувентус ќе добие договор дo 2013 година и ќе заработува околу 6,5 милиони евра по сезона.
Од друга страна, Милан му понуди на својот тренер да остане во клубот уште две години, но се очекува Анчелоти да ја одбие понудата. Силвио Берлускони, газдата на клубот, пред неколку денови го посочи токму Анчелоти дека е виновен што „росонерите“ не го освоија скудетото оваа сезона.
Искусниот италијански стратег веќе најави со кого би сакал да го засили тимот, доколку потпише за Чезли. Тоа се двајца играчи од Премиер лигата – напаѓачот на Арсенал, Емануел Адебајор, и крилото на Астон Вила, Ешли Јанг. Како што се одвиваат работите, Челзи сака да го продаде Дидие Дрогба, по настаните што се случија на вториот полуфинален меч во Лигата на шампионите против Барселона. Тогаш Анчелоти би морал да го пополни тој простор во нападот, а се чини дека напаѓачот од Того би бил идеално засилување. Шпекулирањата одат дотаму што се вели дека Анчелоти не би потпишал за „сините“, доколку не го доведат Адебајор во составот. Од друга страна, Адебајор постојано ги слави тактиките на Анчелоти и потенцира дека би сакал да игра за тимот од Милано, но под водства на италијанскиот тренер.
 
Случајно го најдов ова...е сега колку е точно незнам :toe:


Берлускони: „Анчелоти е виновен за лошата сезона“ | Фудбал |
Ancelotti%20123.jpg
Силвио Берлускони, италијанскиот премиер и сопственик на калчолигашот Милан, го обвини тренерот Карло Анчелоти за неуспехот во трката за титулата во Серија А сезонава. Со тоа Берлускони уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека за нецел месец може да дојде до смена на клупата кај „росонерите“.
„Многупати ја згрешивме тактиката. Ако го загубивме ’скудетото’, тогаш тоа е по вина на Анчелоти. Имаме извонредни играчи, особено на технички план, и тоа требаше да ни донесе резултат. Истовремено примавме и евтини голови и голови во последните моменти“, рече Берлускони.
Пред неколку недели, Анчелоти се споменуваше како можен иден менаџер на лондонски Челзи.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom