Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Што се секираме се знае кој се на највисоко ниво (НАЈДОБРИ)


Вердер VS МИЛАН
 
ќе се послужам со анализава на гоал.цом за наредната утакмица

дечки серијава од Милан е црна последниве пет наптпревари
Milan
30/11 (Serie A): Palermo 3-1 Milan
03/12 (Coppa Italia): Milan 1-2 Lazio
07/12 (Serie A): Milan 1-0 Catania
14/12 (Serie A): Juventus 4-2 Milan
17/12 (UEFA Cup: Milan 2-2 Wolfsburg

ова е срамота за клуб како нашиот

е за формацијава да кажам нешто што овие од гоал ја промнозирале:

Possible Formation (4-3-2-1): Abbiati; Antonini, Kaladze, Maldini, Jankulovski; Viudez, Emerson, Cardacio; Seedorf, Ronaldinho; Pato

ова ни во сон не може да биде знаејќи го Анче а и + Виудез е напаѓач што нема смисла напишаново погоре
а на крај промнозата за резултатот им е безвеза в крај
 
Абе овие од гоал не знаат шо пишуваат, само колку да е напишано нешто.

Нема шанси да игра Кардачио, а камо ли Виудез.
 
Заебана екипа ни се падна тоа е факт видовме и Интер како помина со нив...ама ипак има време до тогаш би требало да ги поминеме...Диего само чување јако:helou:
 
ќе се послужам со анализава на гоал.цом за наредната утакмица

дечки серијава од Милан е црна последниве пет наптпревари
Milan
30/11 (Serie A): Palermo 3-1 Milan
03/12 (Coppa Italia): Milan 1-2 Lazio
07/12 (Serie A): Milan 1-0 Catania
14/12 (Serie A): Juventus 4-2 Milan
17/12 (UEFA Cup: Milan 2-2 Wolfsburg

ова е срамота за клуб како нашиот

е за формацијава да кажам нешто што овие од гоал ја промнозирале:

Possible Formation (4-3-2-1): Abbiati; Antonini, Kaladze, Maldini, Jankulovski; Viudez, Emerson, Cardacio; Seedorf, Ronaldinho; Pato

ова ни во сон не може да биде знаејќи го Анче а и + Виудез е напаѓач што нема смисла напишаново погоре
а на крај промнозата за резултатот им е безвеза в крај
Па очекувам ваква формација според играчите што ни се на располагање.

Одбраната:
Неста, Сендерос, Бонера се повредени
Фавали, ливада
Дармиан, нема место
Замброта, суспендиран

Така да таа е одбраната Антонини-Каладзе-Малдини-Јанкуловски

Средниот ред:
Гатузо, Фламини, Кака, повредени
Амбросини, суспендиран

Пирло со Волзбург излезе на полувреме ваљда поради повреда или нешто слично.
Ако не игра он мора да игра Кардачо.

На располагање во средината Емерсон, Кардачо, Сидорф, Рони а и Вуидз
Еве на што позиција може да игра Вуидз:


нешто како Кака и Рони...


Вака би требало да изгледа:

_____________Абиати_______________
Антонини-Каладзе-Малдини-Јанкуловски
______Кардачо-Емерсон-Сидорф______
____________Рони-Вуидз____________
______________Пато________________

А може и место Вуидз да го стави Шева, со двајца во нападот.
 
Ајде баш да видиме како тоа би изгледало,ако Анчелоти вистина е присилен да игра со Кардачо или Виудез во една ваква утакмица,во која,во нормални услови овие двајца би можеле само да сонуваат да влезат па барем и 5 мин.
А може и Јанкуловски да игра во среден ред,а Фавали да игра на неговото место(најверојатно ќе биде така,што и го пробаа против Волзбург,само што Замброта беше во среден ред)... А можда и на Пирло не му е ништо.
 
На место Виудез ќе го стави Шева или Инзаги, а можда и Кака. А во средина може да го очекуваме Кардачио, ако е повреден Пирло.
 
Браво за Палоши, денеска им донесе победа на Парма од 1-0 во 74та минута, иако од 38ма играа со играч помалце :vozbud:
 
Гатузо: Од денеска навивам за Јувентус
sps_deneska-naviva-udf.jpg
Италијанскиот репрезентативец и фудбалер на Милан, Џенаро Гатузо повторно е во центарот на вниманието на италијанската фудбалска јавност. Тазе опериран на коленото, миленикот на навивачите на Милан откри дека до крајот на сезоната ќе навива за Јувентус кога веќе неговиот тим нема шанси за титулата.

“Можеби е глупаво да се зборува во овој момент, но шансите на Милан за Скудетото се минимални. Девет бода заостанување што ги имаме зад Интер се премногу. Серија “А“ не трпи такви киксови и толку голема негатива. Комплетно сум на страната на Јувентус ако дојде до директна борба меѓу нив и Интер. Навистина е убавво да се види дека толку брзо по казнувањето се вратиле во врвот на италијанскиот фудбал. Вистинска екипа се, се борат на правилен начин, делуваат сложно и мене ми се симпатични“, вели Гатузо.

Играчот од средниот ред на Милан доживеа повреда на коленото на натпреварот против Катанија пред десетина дена по што имаше операција и сега го очекува пауза од околу шест месеци.

Тој го оцени како чуден потегот на управата на Милан да го ангажира Дејвид Бекам за вториот дел од сезоната во Серија “А“ и не сфаќа каква цел има доаѓањето на Англичанецот на Сан Сиро.

“Таа приказна околу Бекам мене ми е многу необична. Можеби би било убаво тој да дојдеше во Милан на цела сезона, но тој доаѓа само на месец и пол или два и не ја сфаќам целта на сето тоа“, додаде Гатузо.

Тренерот на Милан, Карло Анчелоти во една прилика изјави дека можеби Бекам, чија основна позиција е крило, би можел да го надомести отсуството на Гатузо во средниот ред.

“Бекам не може да биде моја замена. Знам дека клубот бара фудбалери кој би играл на моето место, но знам дали некој е договорен“, заврши контроверзниот фудбалер.

Извор: PENAL.COM.MK​
 
Браво за Палоши, денеска им донесе победа на Парма од 1-0 во 74та минута, иако од 38ма играа со играч помалце :vozbud:
Еве го голот




Браво за Палоски, нека продолжит вака и за некоја година да си го вратиме како замена за Инзаги :D
 
Нема теоретска шанса Viudez да биде во стартен состав,ќе го стави или Шева или Инзаги во напад заедно со Пато.
 
Мислам дека деновите на Анчелоти се избројани, ако не почнеме да победуваме почесто. 9 бода зад Интер не се мала разлика. За да можеме да се бориме за скудетото, треба да се следи Интер во чекор и да се чека кикс. Но од друга страна баеги од играчите се повредени или се во катастрофа форма.
 
Гатузо: Од денеска навивам за Јувентус....


глупо е преведено ова и намерно е вака направено.... човекот сака да каже дека помеѓу интер и јуве ќе навива за јуве, нормално е тоа... кој би навивал за градскиот ривал да ја освои титулата?
 
глупо е преведено ова и намерно е вака направено.... човекот сака да каже дека помеѓу интер и јуве ќе навива за јуве, нормално е тоа... кој би навивал за градскиот ривал да ја освои титулата?

Али новинари мора малку да ја изменат веста за да ја чита народот :)
Не знам зашто не допишале дека Гатузо размислува за премин во Јуве :icon_lol:

А еве ја неофицијална формација на Милан
Милан: (4-3-2-1) Абиати, Антонини, Малдини, Каладзе, Фавали, Фламини, Емерсон, Јанкуловски, Кака, Роналдињо, Пато.
Резерви:Дида, Дармиан, Фондрини, Кардасио, Педроки, Шевченко, Индзаги.

Ијаааа кои се овие во резерви повеќето не ги знам ... Педроки :toe:

А Кака се враќа најверојатно :vozbud::vozbud::vozbud:

Еве и за Удинезе
Удинезе: Ханданович, Мота, Кода, Домици, Лукович, Инлер, Д'Агостино, Исла, Пепе, Куаљарела, Ди Натале.
Резерви: Беларди, Фелипе, Паскуале, Ободо, Асамоа, Санчес, Флоро Флорес
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom