Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Со оглед на тиња составот шо го имавме во прво полувреме, одлично одиграја. Требаше да се постигни гол, на неколку наврати Пипо имаше одлична шанса.

Портсмут класика англиски фудбал, се нешто со кросеви кон џиновите напред. Шо во второ полувреме можи да речам дека му се исплати, по катастрофалната грешка на Сендерос. Дефинитивно најслабиот поединец денес на теренот, незнам дали не е закрепнат по повредата ама бавна реакција, скок апсолутно непостоечки, цело време касни за офсајд стапици неугрино многу делува.

Слабо со поседот на топка особено во второ полувреме, шо се должи на некреативната средина Гатузо, Емерсон и Фламини нешто не се баш најтехнички спремни. Покасно, можи и малку прекасно, корегирана е малце средината со влегувањето на Сидорф, кој како за инает на некои тука покажа колку навистина влијае на играта на Милан.

Влегувањето на Пато и Роналдињо мислам нема потреба да се коментира. Роналдињо прво со својот авторитет си изнуди слободен удар, по неколкуте несвирнати прекршоци над Кака во првото полувреме мораше судијата малку да компензира. Идеална реализација на слободниот удар, предизвика паника во редовите на Портсмут. И на крај една од грешките ја користи Пипо со одлична контрола и реализација.

Се на се задоволен сум од резултатот, од играта делумно задоволен со исклучок на катастрофалниот период од 45 до 75 минута.
 
ај честитки за бодот:smir:

јас не гледав и сеа читам низ страниве, коа прочитав 2:0 срце ке ме фатеше:pos:
ама ѕвер е Роналдињо, колку само не спаси годинава

ај сеа кој викаше најлош трансфер ке е и дека никогаш нема да се врати во форма?:icon_lol:
 
ај честитки за бодот:smir:

јас не гледав и сеа читам низ страниве, коа прочитав 2:0 срце ке ме фатеше:pos:
ама ѕвер е Роналдињо, колку само не спаси годинава

ај сеа кој викаше најлош трансфер ке е и дека никогаш нема да се врати во форма?:icon_lol:

Ај нека ти текне кој беа најгласни во тие изреки дека никад нема да се врати??
 
Многу слаба игра од Сендерос ако продолжи вака нека си се врати назад во Арсенал.Бравос за Роналдињо:zver::cuc: и Инзаги и
 
Znaev deka ke se sluci nesto vakvo portsmut imaat brz napad dodeka nie imame spora odbrana zadovolen sum sto izvlekovme bod :smir:
 
Прво полувреме негледав....како што слушнав од коментаторот Пипо закачил статива и пречка
Аууу ама пречката на Пипо беше мајсторија штета што не влезе... таков лоб удар надвор од 16ник не сум очекувал од Пипо :icon_lol:
 
Покасно, можи и малку прекасно, корегирана е малце средината со влегувањето на Сидорф, кој како за инает на некои тука покажа колку навистина влијае на играта на Милан.

:pos: Добро ја сфатив поентата...Јас никогаш не ги негирав квалитетите на Сидорф,само реков дека досега сезонава од него ништо не видовме...
За неговото влегување денеска и играта од кога влезе не можам да речам ништо...внесе квалитет во средината,што и се очекуваше од него со оглед на тоа што немаше ниту еден кој би бил плејмејкер во составот.
Ако Сидорф игра вака и натаму,нормално дека заслужува и дека ќе биде во составот,ама до мора да се сложите дека овие 20 минути што ги изигра денеска вредеа за 3 претходни негови натпревари.Од играч од негов калибар се очекува да игра вака(што досега не го правеше...)
Е сега ме интересира дали го видовте Фламини? Дали видовте како изигра? Е за тоа зборував вчера,али зависи кој ме разбра...
 
И Дида може слободно да си седи на клупа некако многу почнаја да му каснат рефлексите
 
Аууу ама пречката на Пипо беше мајсторија штета што не влезе... таков лоб удар надвор од 16ник не сум очекувал од Пипо :icon_lol:
Линк од хајлатсите некој да постираше? Пипо лобувал надвор од 16-ик.....да видиш да не веруваш:vozbud:.
 
абе шо сакат нека зборат


milan the best fck the rest

најбољи сме у се и сешто
 
Линк од хајлатсите некој да постираше? Пипо лобувал надвор од 16-ик.....да видиш да не веруваш:vozbud:.
не најдов, секаде ги има само головите нигде ги нема шансите...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom