Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата rossonerka
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
:toe::toe:незнам на кога да му се казе не си за милан а знам едно само дека сега за сега јанкуловски игра маестрално никој друг не заслужѕва да го носи дресот на милан парем не сега за сега
 
Кака опасно ми иде на ганглии последниве 2-3 утакмици,не го личи ваков лигуш да е,кое му е тоа паѓање и глумење фаули и тоа воглавно на топки што може да ги стаса.
Пак еден напаѓач.....„упс“.!!!
 
aj aj не е лошо 1 бод

сеуште сме на 2 место

со оглед дека сите гигантски тимови кискнаа така да нема многу потреба за грижа
 
игра да,резултат не како и вобичаено одбранава шаторско крило
 
Како не ви е срам бе толку глупости да качите. Емерсон бил крив, Анчелоти бил крив незнам кој. Ја гледавте вие утакмицата??

Грешката на Анчелоти е шо не го изваде Пирло порано за да постави на негово место дефанзивен играч снажен ко на пример ЕМЕРСОН. Кога веќе се оди на контра напади, подобро да игра таков играч. Мање битно во случајов.

Многу битна ствар на натпреварот, судијата му искарав се по список на тема италијанско, да не се повторвам сега. Пенал класичен премижува, добро се гледа дека забележа и не свирна, секој допир фаул, секој фаул жолт за Милан, јес да 2 беа заслужени. Ама пази ситуација, Кака во контра фаул од зад грб прекинува контра со жолт ми санкционира, 1 минута покасно Бонера за минимален контакт добива жолт. Го продолжува мечот за 2 минути во полувреме со безброј прекини, 5 замени и пенал. Класично претенциозно судење, шо моментално ми одзема барем некој месец од живото од нервози.

Друга уште побитна ствар е шо крај краева и госпо да судеше против нас овој натпревар требаше да го добиеме. Па со ваков состав не смеј да има изговор, не смееше да се игра на контранапади. Требаше максимален посед на топка, место да се користи најдобриот квалитет на фудбалерите во игра се користеше најлошиот.

Тактиката да се оди на контра напад е исправна ако не играш фудбал во касапница. Многу лесно и ефикасно и неколкуте надежни контранапади беа прекинати со прекршоци.

Абе нервози, та и сега та и со Лече.
 
Кака опасно ми иде на ганглии последниве 2-3 утакмици,не го личи ваков лигуш да е,кое му е тоа паѓање и глумење фаули и тоа воглавно на топки што може да ги стаса.
Пак еден напаѓач.....„упс“.!!!

Ај сеа не се прај и ти. Правилно си одглуми, обично во вакви натпревари судиите си ги компензираат грешките. Но секако во случај на грешка то се случува, а не на претенциозно судење.
 
aj aj не е лошо 1 бод

сеуште сме на 2 место

со оглед дека сите гигантски тимови кискнаа така да нема многу потреба за грижа
Ај ај до кога ќе се тешиме со вакви постови..
И кој ги сметаш за гигантски тимови ? Интер, Рома, Фиорентина не кикснаа само Јувентус киксна други гигантски тимови нема... Лацио ? хмм...
 
реален резултат заслужи бод торино
голот на роналдињо ѕверски беше:vozbud:
 
И сега пак Анцелоти и Галиани нека дадат изјава добро игравме :nerv: Ко педери се цел живот се задоволни со еден гол предност и цел зивот го примаат од 70 до 80 мин и после на таа свињата дебела ке му текне дека треба да стави усте еден напаѓац!!!
Ајде доста му е на Анцелоти све си освој со МИЛАН ама толку од тоа сега мозе да си иде у реал или кај и да го бараат па и таму нека си освојува!!!
Дојде време пинтереашине да ни се ситат и да се палат СРАМОТА Е ТАКА!!!
 
АМАТЕРИ, ова беа класични аматери
Киксови со Торино, Лече, пораз од Болоња на домашен.... да бидам реален дерби добиено од офсајд!
Нешто тука смрди!
 
Ај сеа не се прај и ти. Правилно си одглуми, обично во вакви натпревари судиите си ги компензираат грешките. Но секако во случај на грешка то се случува, а не на претенциозно судење.

Не зборам за последниот напад кога доби жолт,тоа е ситуација која се оправдува да паднеш,секој нормален паѓа на таа.
Зборам за едни други на прв поглед несериозни ситуации кај што рипа ко ранет за џабе.На крај краева нема што да глуми,не го личи тоа Кака е величина фубалска бе човек,кога порано он паѓал на ситен контакт па земал топка во раце на уште несвирнат фаул, тоа е одлика на секој обичен Италијански курождер од селски клуб.
Имаше време кога на грб носеше по двајца играчи и трет за дрес го влече и не се дава ора напред.
Има сменето скроз приод кон игра тоа приметив.Дали ради Роналдињо паѓа во сенка некако или не знам што ама мораше денес да биде поагилен..
 
Ама пази ситуација, Кака во контра фаул од зад грб прекинува контра со жолт ми санкционира,

Морав да ти удрам една котра тука, за остатокот од текстот се согласувам . Минатата сезона со Фиорентина кога Муту одеше во контра, Неста направи прекршок зад грб, нормално се бараше црвен картон а беше досуден жолт. На форумов влеговме во дискусија за истото и ти кажа дека Неста му потенцираше на судијата дека не бил последен човек во одбраната за да не добие црвен, демек такви биле правилата .
Така да, оправдан беше жолтиот за играчот на Торино, неоправдан беше потегот на Фарина за недосудување пенал и продолжување од само 2 минути на толку замени .

А и за муабетот со Анчелоти, Росина ги уништи по левата страна ( и пеналот и голот преку него паднаа ), требаше од тактички план тука нешто да се превземе уште пред почетокот на мечот, се знае Торино како игра и преку кого игра во 90 % од акциите .
 
АМАТЕРИ, ова беа класични аматери
Киксови со Торино, Лече, пораз од Болоња на домашен.... да бидам реален дерби добиено од офсајд!
Нешто тука смрди!
Drugar tuka nisto ne smrdi, milan dava dva gola do 34 min i posle se srekni i veseli i NAJZADOVOLNI so toa sto imaa minamlno vodtsvo!!! osven so lazio i samdoria milan nemaat dadno povise od 2 gola i sto e najloso nekolku kola po red si pobeduvaat so 1-0 ; 0-1 SRAMOTA E TOA!!!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom