Книги vs Интернет книги (e-books)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување Време на започнување

Какви книги читате ?

  • Обични книги

    Гласови: 98 82,4%
  • Интернет книги (e-books)

    Гласови: 21 17,6%

  • Вкупно гласачи
    119
Е-бooks особено ако се има некој посебен читач за нив или пак 12 инчно латопче. Тогаш може да го држиш во рака и да немаш гајле за ништо.
 
Е-бooks особено ако се има некој посебен читач за нив или пак 12 инчно латопче. Тогаш може да го држиш во рака и да немаш гајле за ништо.
Ете баш такво сакам.Да си се изначитам, да не влечам товар со мене, практично. Куп за читање.Кога одам на патување некаде е супер даимам такво нешто.Само на ТВ чув дека иако постоеле такви, кај нас немало да носат оти немало заинтересираност.Хм...
 
Кога читам си читам класнична книга вака пред монитор не е такво чувството башка и вид оштетуваш..
 
Многу е подобро кога читаш печатена книга отколку е-книга. Прво многу повеќе можеш да прочиташ од печатената книга, додека од е-книгата за брзо очите ќе те заболат.
Додека пак за аудио-книгите мислам дека се интересна работа, но сега само на англиски или на американски има такви книги. Интересно е што аудио-книгите многу повеќе ќе те опуштат.
 
Не можам да читам и-букс. Еднаш пробави никогаш повеќе.
Не знам, повеќе се соживувам со дејствието и личностите кога ја држам книгата во раце и кога си листам. На компјутер ем ме мрзи да скролам, ем ме мрзи да гледам долго во монитор. Вака, книгата во раце и препушти се на дејствието. Некако, поинтимно ми е така:)
 
Во принцип, иако сум techie, страшно многу ме нервира да читам книга на монитор.

Но, реално, јас би ги распределил книгите во две категории: технички и белетристика.

Техничките книги ги преферирам во е-формат. Така и така никогаш нема техничка книга да прочитам од прва до последна страница, а е-форматот е страшно погоден за референцирање.
Многу полесно е да притиснеш Ctrl+F за да најдеш било што, нели?

Што се однесува до белетристиката, стриктно хартија.
Не можам да се опуштам и да уживам во книга ако треба да буљам во монитор.
Имам страшно многу тонер и хартија потрошено за да прочитам книги кои што не успеав да ги најдам во Македонија, а ги има низ нет.
 
Стручна литература најчесто во ПДФ. Не за друго, не се наоѓа секогаш печатена верзија, а и ако се најде често е прескапа. А слободна литература секогаш од книга.
 
И во двете страни има Ups and Downs

1. Да најдиш некоја книга на македонски е невозможно ( На пример мене ми требаат некои Windows/Linux/hack/software/magic книги
2. Во библиотека (барем во Прилеп) ко че ти да некоја искината од пред 20 години
3. Понекогаш можа очи да те забола од читање на pdf решение- Испечати си ги потребните страници
4. Содржината помеѓу печатената и pdf може да оди од 2 до 40 страни
Пример: бараф некоја linux команда, во содржина пишуе 220, а таја се наоѓа на 243та
5. Ретки книги да се најда печатени - треба сателит да се вклучи, побарај со торент на некои познати торент страници, че ја најди

Вообичаено кога ми треба нешто од pdf, одам да ја испечатам или делот кој ми треба го пуштам на принтер

Ова се моите мислења....
 
Класичниот начин на читање бил и ќе остане и мој начин на читање на "обичните" книги. Електронските изданија никогаш нема да ми ја доловат магијата на црните оловни букви :smir:
 
Обичните книги се вистинските книги,друго е да држиш книга во рака и да читаш да мириса на хартија, да ја почуствуваш самата книга во животот не сум прочитал ни 3 страни електронска форма, доколку треба да читам некоја електронска форма прво ја печатам па потоа ја читам, која е логиката зјапање во монитор и читање нешто што не е во форма која ја се користи со илјадници години?
 
Читањето обични книги отколку на компјутер е поинтересно. Освен тоа да зјапаш во монитор и да читаш е малку штетно за очите.:toe:
 
Ни едното ни другото сега мода е Audio Books :smee:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom