Се потврди мојата последна реченица како прво за да веруваш и општо за да се раководиш низ животот треба да ги применуваш како и разумот така и чуствата на срцето и душата она што не можеш да го видиш но знаеш дека постои...
Здраво Гце Љубов твојот риплеј до мене не е баш соодветен на моите прашања но сепак ќе ти дадам одговор на твоите дилеми мене ми личи ова на филозофски дисккурс кој јас ќе се обидам научно колку што знам да одговорам.
Срцето е само најобичен орган на човековото тело кој врши циркулација на крвта и транспортирање на хранливи материи до останатите човекови органи докажано со факти пред многу години.
Ако веќе правиш некаква поврзаност на чуството поадекватно би било да биде со мозокот зошто тој орган кој се храни со гликоза манифестира неурони кој ние ги нарекуваме чуство искрено не сум некој мастер-мајнд на оваа тема но сепак лесно можеш да го провериш ова во некој учебник по молекуларна биологија.
Душа не постои како научен концепт па нема што да дискутираме ако мислиш дека има простор за дискусија повели презентирај ги своите видувања ,
и кај самите научници нивната основа е да морааат да верувааат дека постои некој над нив зошто не можат сите работи научно да ги докажат т. е да го земиме прапочетокот додека нашата теорија за настанокот на светот се темели врз верување следствено на тоа јас не морам ништо да докажувам и објаснувам зошто се потпирам на тоа дека има некој кој е поголем од мене...
Да научниците во основа веруваат во светото тројство физика/хемија/биологија и точно е дека голем дел се теореми кој секојдневно ги докажуваат со експерименти и сеуште големи прашања се отворени само разликата е во тоа што тие не ја земаат за репер книгата Библија напишана пред 3000 години.
а вие треба да докажувате нешто што не може да се докажи а доказот е само за да ги задоволите вашите физички сетила и со тоа си го полните саможивото его и суета поклонувајки му се на култот на човекот
...
Пак ќе повторам науката не го докажувала,не докажува и нема да докажува дали постои Бог. Дилемата е ненаучна,науката воопшто не го препознава
Значи од тука можете да видите колку е логиката поврзана со бог кога не може да се докаже постанокот на првиот атом материјалното преминува во духовно и во идеја а со тоа признавањето на некој поголем од нас како што е Бог
.
Овде има две логичности кој не се поистоветуваат како прво нема логика поврзана со Бог каков што ти го апстрахираш според Библијата појасни малку за материјално во духовно што подразбираш овде ми личи дека навлегуваме во полето на КМ само те чекам на одговор колку што знам материјата се трансформира од еден облик во друг не знам што подразбираш под духовно објасни малку.
Ако мислиш дека на твоето чуство за верување му се достојни Илијада и Одисеја верувај во нив
Не знам од кај го изведе тој заклучок дека јас верувам во нив,јас ги вреднувам само нив колку што ја вреднувам и Библијата како уметничко дело т.е книга.
Здраво професоре
Е сега мешаме баби и жаби
1. Илијада и Одисеја се антички епови но постојат две тези за нивното пишување
а) биле народни (кратки) творби значи пеења но подоцна СЕ смета ДАКА Хомер ги систематизира во една целина
б) Хомер или (некој превод слеп човек - слепец) бил генијален ``пејач`` и ги составува
ВНИМАНИЕ СТАНУВА ЗБОР ЗА ЕЕЕЕЕДДДДЕЕЕЕННН ЧОВЕК
ВО БИБЛИЈАТА СТАНУВА ЗБОР ЗА 40 ЛУЃЕ кои живееле во временско растојание од 1500 години
Овде се само фактографски податоци веќе и одговорив на Љубов за компарацијата Хомер-Библија па би се задржал на твое ниво.
Хомер ја напишал Одисеја и Илијада некаде 7-8 век пне додека некој друг ја систематизира или како што самиот спомна биле народни епови можеби од 40 луѓе :wink:па Хомер само ги канализира
Апропо Библијата еве да замижам со едното око и да речам дека се точни овие митови прашањето мое е Е па што? Има некава посебана моќ книга која е составувана 1500 години односно моделирана според потребите на лековернит маса.
каде се двосмислените фрази кои се тие ефтини приказни (те молам цитирај...)
проф. ти мора да се шегуваш со мене јас не сум атеист(членот) да цитирам извадоци од фикција за да ти докажувам дака нешто не постои во реалноста.
Ако си го прочитал Првиот завет ќе ти биде доволно јасно за каква фикција се работи.
веднаш ќе се откажам од моето верување ако некој атеист НАУЧНО ми докаже
1. што било пред големата експлозија
2. како тоа од ништо се создава нешто
3. колку е голема вселената и каде и е крајот...
Симптоматично ми е кога разговарам со верници на овие теми колку и да се образовани,фини и наивни кога ќе се судрат со догматиката на нивното верување повишуваат глас,манифестираат нервози (во твојот случај капс лок со црвена боја) небаре поминуваат од катарза на гадости кој ги слушнале/прочитале кога треба да се судрат со научни аргументи и преминуваат на нов левел демагошка репетитивност.
Нема да се вратам пред Биг Бенгот туку ќе се вратам 15 век како Коперников Принцип во кој се расчистени голем дел од твоите прашања и во секој случај неодминливиот Дарвин со (р)еволуција.
Мислам со Декартовиот дуалитет имаме расчистено уште од поодамна професоре.
За крај само би додал една мисла од Бернард Шо
Ниту еден човек не верува дека библијата значи она што таа го вели, секој човек е уверен дека таа го вели тоа што тој го мисли"
Поздрав професоре и Мир со тебе