Дали ние го избравме Господ, или тој нас?

  • Креатор на темата Креатор на темата marcus
  • Време на започнување Време на започнување

marcus

струмички модератор
Член од
5 јули 2006
Мислења
5.378
Поени од реакции
131
Ме интересира ваше размислување по ова прашање...Дали навистина сме ние тие кои го сме го избрале Господ или тој не избрал нас..Кој во чиј план влегува...
Втората глава од Ефесјаните почнува вака...
Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови..
Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.
Никој не го заработил, па да може да се фали.
 
Ова кажува дека лугето пред да се живи биле некаде на друго место со духот, односно биле физички мртви, така? Мислам дека тој не избра нас, а не ние него, зошто нели тој не создаде, па нормално е тој да не создал нас.
 
Едно време бевме пагани па некој не убедил да го земеме како бог, еврејскиот бог и неговиот обрежан син Еврејин кого Римјаните го распнаа некаде далеку далеку од нас.
 
Ме интересира ваше размислување по ова прашање...Дали навистина сме ние тие кои го сме го избрале Господ или тој не избрал нас..Кој во чиј план влегува...
Втората глава од Ефесјаните почнува вака...
Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови..
Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.
Никој не го заработил, па да може да се фали.
Некако поврзано е. Можеби не се заработува но треба да се поверува. Помогни му на Бога за да ти помогне, или помогни си за да ти се помогне.
 
Исус, кога го распнаа на крстот Тој ги рашири своите раце, за да не собере сите нас луѓето кај Него. Тоа е симболиката на крстот, а зошто е така?!....бидејќи ние луѓето ја имаме потребата од Него.....Тој нема никаква потреба од нас! Значи, Он милостивиот не избрал нас!
 
Дали ние го избравме господ, или тој ни беше наметнат на нас...

Можеби вака треба да гласи вистинското прашање ,доколку темава треба да биде дискусија само за верниците тогаш се извинувам ....
 
Ме интересира ваше размислување по ова прашање...Дали навистина сме ние тие кои го сме го избрале Господ или тој не избрал нас..Кој во чиј план влегува....

Жалам случај Маркус, но не има и такви кои нити сме бирале ниту сме избрани, т.е. непостоечка дилема, или пак прашањето може да биде поставено како трилема.
Е сега ај да влезам во твојот филм..
Како можете да го бирате ако тврдите дека е само еден единствен бог, односно немате никаков избор, земи или остави, а тој дали ве избрал само вас е веќе дискутабилно прашање, универзунот е преголем, можда и на друго место си има свои миленичиња.
 
Тој нема никаква потреба од нас! Значи, Он милостивиот не избрал нас!

Бре еве веќе 5-6 минути ги повторувам овие зборови и никако да сфатам... Ние не му требаме а тој не избрал?!?!

Ај малце објаснение зошто не избрал ако не му требаме ?
Мене на пример не ми треба мачка дома па зато и не сум избрал некоја.
 
Он е милостив, човекољубив, трпелив... и за (нас) верниците важи дека преку Него ќе се спасат и ќе одат кон вечен живот! Токму поради тие негови ....како да кажам...особини....тој не избира нас....за да преку Него се спасиме...(значи Тој ни помага нас и затоа не избрал...за да ни помогне)..а иначе Он премногу трпел и сеуште трпи поради нас луѓето .....затоа не му требаме ние Него!

Очекував од некого вакво прашање....ама искрено од тебе не :) ....читајќи ги твоите постови важиш за нешто поквалитетно.....ОК....се надевам ме разбра! позз
 
Вака ке те замолам за одговор(доколку знаеш да одговориш нели, доколку незнаеш не возвракај со цитат излишно е)

1.Он е милостлив * затоа ли има толку страдање?
2.Човекољубив * затоа секоја година умираат илјадници невини луге?
3.Трпелив * што подразбираш под трпелив?
4.Објасни ми што сакаше да кажеш со *затоа не му требаме ние него*

Девојче од друга страна читајки ги твоите постови звучиш како индивидуа која не е доволно информирана(барем за оваа тема)и која што дава произволни и крајно нелогични и банални мислења(тоа би било во ред доколку само го изнесуваш твоето мислење) но ти пробуваш веке некого да разубедиш тогаш треба да имаш конкретни примери и издржани постови што сосема спротивно од твојот предходен пост.Така да добронамерно би те замолил информирај се па пробај да парираш вака само си го навредуваш твојот интелект....
 
тууууу....Господ за мене е енергија сила...позитивна која во тешки моменти ти дава воља за понатака да продолжиш...Пред се ние бираме во што ке веруваме и што нас ке не води напред...Дали секоја недела идеш во црква постиш на празници не те прави по голем верник ако седиш дома но знаеш дека постои сила постои Господ Тој кој ке ти помогне ако се помолиш...Се е потсвесно...
 
Безусловна љубов, Ума? :)

А ако нашето спасение нималку не зависи од нас самите, дали веруваме во него или не, туку исклучиво од тоа дали му се допаѓаме нему или не... како да му се допаднеме? Да бидеме она што сме. :) А што е тоа? Не знам што точно сме и што треба да правиме, тоа го откриваме во текот на животот, но мислам дека не сме и не треба да бидеме она што друштвото го бара од нас - слепо и покорно да ги почитуваме друштвено прифатените нормативи и закони, да бидеме марионети на општеството. Не велам да се оди контра по секоја цена, но треба да се биде слободен. Ме пратите, нели? :)
 
Ме интересира ваше размислување по ова прашање...Дали навистина сме ние тие кои го сме го избрале Господ или тој не избрал нас..Кој во чиј план влегува...
Втората глава од Ефесјаните почнува вака...
Порано и вие бевте мртви, вечно осудени од вашите престапи и гревови..
Бог, кога поверувавте, ве спаси поради Својата милостива благонаклоност спрема вас. Спасението не е по ваша заслуга, тоа е Божји дар.
Никој не го заработил, па да може да се фали.
Ова испаѓа како прашањето кој кого го создал. Ако не, не ја согледувам баш суштината на темава. Тезата е: тој постои, дали ќе го прифатиш е твој избор.
Иначе, интерсен овој цитатов. Само уште да го дадеше и контекстот, ќе беше супер, поточно, кој на кого точно се обраќа. А ова болдираното ако може некој да ми го протолкува.
И никако неможам да сфатам, зашто инсистира да веруваме. Зашто едноствно како семоќен не си се покаже и не не убеди, кратко и јасно, па да можеме сите ссреќни и весели да си одиме во рајот?
Бре еве веќе 5-6 минути ги повторувам овие зборови и никако да сфатам... Ние не му требаме а тој не избрал?!?!

Ај малце објаснение зошто не избрал ако не му требаме ?
Мене на пример не ми треба мачка дома па зато и не сум избрал некоја.

Абе тоа ти е како ко ќе видиш куче скитник, па ќе ти падне жал, па ќе го земеш дома. Не е потребата еднинствен можен мотиватор на човекот.
 
Он е милостив, човекољубив, трпелив... и за (нас) верниците важи дека преку Него ќе се спасат и ќе одат кон вечен живот! Токму поради тие негови ....како да кажам...особини....тој не избира нас....за да преку Него се спасиме...(значи Тој ни помага нас и затоа не избрал...за да ни помогне)..а иначе Он премногу трпел и сеуште трпи поради нас луѓето .....затоа не му требаме ние Него!

Очекував од некого вакво прашање....ама искрено од тебе не :) ....читајќи ги твоите постови важиш за нешто поквалитетно.....ОК....се надевам ме разбра! позз
Сирија 1138 230.000 мртви во земјотрес
Холандија 1228 100.000 мртви во поплава
Египет и Сирија 1.100.000 мртви во земјотрес
1347-1350 Околу 25.000.000 мртви во епидемија на чума
Кина 1556 830.000 мртви во земјотрес
Јапонија 1730 137.000 мртви во земјотрес
Индија 1737 300.000 мртви во земјотрес
Индија 1769 10.000.000 мртви од глад
Северна америка 1775-1782 130.000 мртви од епидемија на големи сипаници
Ирска 1845-1848 1.000.000 мртви од глад
Франција, Германија, Америка 1870 500.000 мртви од епидемија на сипаници
Кина 1876-1879 9.000.000 мртви од глад
Кина 1887 900.000 мртви во поплава
Италија 1908 123.000 мртви во земјотрес
Италија 1915 30.000 мртви во земјотрес
Свет 1918-1919 55.000.000 мртви во епидемија на грип
Чиле 1939 32.000 мртви во земјотрес
Перу 1970 66.000 мртви во земјотрес
Бангладеш 1970 500.000 мртви во поплави и невреме
Африка 1981-1984 1.000.000 мртви од глад
Ерменија 1988 100.000 мртви во земјотрес
Северна Кореја 1995-1998 3.000.000 мртви од глад и поплави

............................. и уште мннооогууу други

Сега надоврзи се на ова со таа идеја за милостив, човекољубив, трпелив, избран да не спаси бог ?
 
Што е човекот и која е неговата цел на земјава?
- Човекот е најизбраното видливо Божјо создание, бидејќи меѓу сите суштества на земјата, само тој е надарен со разумен ум, со благородни чувства и слободна воља. Неговата цел во светот е да Го познае...да Го љуби ... и да го почитува Бога Сетворецот и Седржителот...и на тој начин да биде блажен...како во овој живот...така и во идниот. Во овоземниот живот....блажен може да се нареќе човекот којшто во своето расудување е задоволен со себеси и со својата положба. Во идниот живот блажен го нарекуваме оној којшто се удостоил да земе учество во вечниот живот. Земното блаженство не е потполно....бидејќи човековиот живот на земјава е краток....и на неговиот пат стојат секакви пречки.....а материјалните добра се суетни и ....непостојани. Само небеското блаженство е потполно....бидејќи е вечно......бескрајно.

Дали верата е потребна заради спасение?
- Верата е од неодложна потреба за спасение, зашто светителот вели: ,,Кој не поверува, ќе биде осуден,, (Мк.16,16). а свети апостол Павле не уверува дека ,,без вера не е можно да Му се угоди на Бога,, (Евр.11,6).

Блаженства
1. ,,Блажени се бедните по дух, зашто нивно е царството небесно,,. - Под зборовите ,,бедни по дух,, се подразбираат луѓето кои никогаш не сметаат дека се здобиле со доволно полезни учења, со прекрасни навики....со добри дела...и секакви душевни ризници...и никогаш не се гордеат со она што го имаат....никогаш не се оддаваат на мрзливост...туку постојано се трудат да одат по патот на доброто.
2. ,,Блажени се оние што плачат, зашто ќе се утешат,,.
3. ,,Блажени се кротките, зашто тие ќе ја наследат земјата,, (кротоста е душевно својство).
4. Блажени се гладните и жедните за правда, зашто тие ќе се наситат,, - Ова блаженство се однесува не само на оние што трпат секакви неправди, и поради тоа копнеат за правда...како што гладниот го посакува лебот и жедниот водата....туку и особено на оние кои што се болно потресени од забележувањето на неправдата што владее меѓу луѓето....скоро на секое место....каде и да погледнеме.
5. ,,Блажени се милостивите, зашто тие ќе бидат помилувани,,.
6. ,,Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе го видат Бога,,.
7. ,,Блажени се миротворците, зашто тие ќе се наречат синови Божји,,.
8. ,,Блажени се гонетите заради правда, зашто нивно е царството небесно,,.
9. Блажени сте вие, кога ќе ве срамат и ќе ве прогонат и кога ќе говорат против вас секакви лоши зборови лажно - заради Мене. Радувајте се, и веселете се, зашто голема е вашата награда на небесата,,.

Let 3 енд френдс.....дали стварно немате никакви познавања од верата....или пак тоа вие само....колку да се фолирате и контрирате по форуми?!?!?....ако е она првото....искрено загрижена сум! Ова погоре е само дел од ,,Вероучение,, ....и искрено незнаев од каде да почнам да пишувам.....па навистина многу треба да прочитате....и најважно....да поверувате во тоа што ќе го читате.....потребна е верба.....за Вероучение.

Доколку има некој на форумов.....добар познавач на христијанската религија ГО МОЛАМ да даде учество тука......зашто имам впечаток дека за мене створивте слика како да сум падната од Марс! .....доколку не постои тука на форумов таков.....ќе ги читам сите ваши постови....особено од религија....но нема јас да постирам......зашто навистина тешко ми е после секој пост да објаснувам.....а тоа е така затоа што веројатно не ја познавате доволното христијанската религија....верата!

Бидете поздравени!

п.с. Let 3.....овие податоци погоре што си ги барал ....навистина трогнуваат .....за сите нив големо е царството небесно ...... понекогаш побарај нешто да читниш и од вероучение....ортодокс!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom