Едноглавиот и двоглавиот орел се чест и распространет хералдички симбол.
Денес во многу земји тие го претставуваат и симболизираат државниот грб, па дури истовремено и националното знаме (што е во спротивност со хералдичките правила). Како национални симболи, разни држави, а со цел преку нив да го зголемат национализмот кај народот, измислуваат свои приказни за едноглавиот или двоглавиот орел и тој нов мит му го продаваат на народот за да се засили преку самиот симбол националниот занес. Така кај одредени народи владее едно право хистерично обожавање и користење на овие државни симболи без притоа да се знае нивното вистинското и изворно значење.
Но од каде точно потекнува овој симбол во грбовниците и националните знамиња на денешните модерни европски и други држави. Орелот како симбол се појавува уште од најстарите времиња, симболизирајки различни религиски верувања и претстави. Кај разни цивилизации и народи тој добива различно или слично значење. Го сретнуваме кај Хетитите, Персија, во стариот Египет, Хелада, античка Македонија и се до појавата на Римското царство едноглавиот орел има значење на соларен симбол. Кај античките Грци и Македонци тој е симбол на Зевс. Обично симболот на едноглавиот орел се сретнува на монетите на некои македонски кралеви после 4 век п.н.е. Но тема на овој пост не се овие постари претстави и користења на симболиката на орелот. Туку оној вистински извор од каде потоа е пренесен во денешните државни грбови и знамиња.
Имено, со појавата на римското царство орелот постанува симбол на Рим како претстава на нивниот врховен БОГ ЈУПИТЕР. Значи станува лунарен симбол. Тој потоа се појавува како ознака и на римската војска (aquila). Во 102 год. од н.е. римскиот конзул Гај Мариус донесува декрет со кој орелот станува симбол на Сенатот и на Римјаните. Затоа, најголема е веројатноста дека токму како симбол на Римското царство и богот Јупитер, орелот е пренесен подоцна на грбовите и знамињата на европските држави.
Како двоглав орел пак, тој најпрво се појавува во Источното Римско Царство/Византија, а потоа станува симбол на Светото римско германско царство. Двоглавиот орел во Византија се појавува најверојатно во 11 век за време на византискиот имератор Исак Комнен и тоа како династички симбол. Но не постојат никакви докази дека тој е симбол и на самото византиско царство (Царството на Константинија/Константинопол, што е најправилната терминологија). Такво нешто историската наука негира. Се спомнува една теорија која историската наука ја отфрла, за тоа дека можеби Исак Комнен го усвоил двоглавиот орел од некое старо религиско верување поврзано со двоглав орел во некои предели на Мала Азија. Но најблиску до вистината е следното толкување: Она што со векови е карактеристика за Рим и Константинија (Константинопол) е нивната меѓусебна борба за превласт и обединување на западната и источната црква, обединување на западните и источните територии под една света и врховна власт. Оваа борба за превласт подоцна ќе биде симболизирана во двоглавиот орел (затоа тој се појавува толку доцна во Византија, дури во 11 век, ако се за верување историските податоци). Бидејќи Рим во тоа време е помоќен, тој најверојатно се обидувал овој симбол да го наметне на Константинија. Двоглавиот орел всушност претставува една и врховна власт врз истокот и западот, врз Рим и Константинија.
Двоглавиот орел се појавува и за време на византиската династија на Палеолози. Меѓутоа и овој пат тој се јавува само како амблем на членови од оваа династија, дури нема никакви докази дека бил користен од самите Цареви (Императори). Но како тој е пренесен во денешна Русија. Зоја Палеологина била ќерка на Тома Палеолог (деспот на Мореа), а овој е брат на последниот византински император Константин XI. Кога султанот Мехмед II ја освојува Мореја, Зоја и нејзините браќа се одведени во Рим, каде Зоја го добива името Софија. Во 1464 год. папата Павле II, предлага Софија да се омажи за великиот московски кнез Иван III, најверојатно со надеж на тој начин да го засили влијанието на Рим и католичката црква врз Московското кнежество (подоцна Русија). Така во Москва се пренесува и усвојува двоглавиот орел преку династичката фамилија на Палеолозите.
Подредените балкански феудалци за да ја изразат својата лојалност и да добијат легитимитет од Рим , а со тоа и да добијат подршка од самиот Рим го користеле двоглавиот орел како свој знак. Така се случило и со Ѓорѓи Кастриот. Потоа Албанија, прогласувајќи го Ѓорѓи Кастриот како свој национален јунак го присвојува двоглавиот орел како национален симбол, што значи всушност паганскиот бог Јупитер.
И Светото римско германско царство го усвојува двоглавиот орел како свој симбол.
Денес тој е национален грб уште на Русија, Србија, Црна Гора. Како едноглав орел го сретнуваме во грбовите на Германија, Полска, Австрија и тн.