Ејјј, ќути ова феномен е за таксистиве

Увек кога се возам се некои фанови на Вардар се, а на утакмици не биле со децении.

Луѓето за жал сакаат јак Вардар. Нив не им е интересно да одат да навиваат туку сакаат и да погледнат нешто. Се сеќаваме колку публика имаше на првиот меч на вардар кога дојде Трифун. Епа треба да сватат дека тоа време нема да се врати се додека не се превземе нешто...
Инаку гледам на МТВ ова нашиве петлиња ваљда беа, некој трофеј имаа. Пошто не ја фатив емисијата од почеток дали знае некој дали се прваци на македонија или трофејот им беше од некој турнир???
И дали некој знае за кога е закажана прозивката сакам да ги посетам нашиве

Ахх, ми фалат Европските утакмици. Да се врати времето кога не идев ни на одмор само за да не пропуштам Европска утакмица на Вардар, ама нема

Никогаш нема за заборавам една случка од мечот со Анортозис. Кога заврши мечот прерипнавме на јужна накај Брацо. И еден од навивачите на вардар (обичен фан, не Комита), се дереше накај Брацо. Брацооо, кога бре ќе фрлиш пари бре, сакаме титула, сакаме да играат со срце, сакам да си го гледам славниот Вардар... и тогаш мислев дека ќе се смени нешто. И се смени, ама на полошо. До тогаш барем влегувавме во Европа а сега и таа е далеку :pop:
Сега да има Европска утакмица има да крца запад

Нема да заборавам што славење удрив по мечот со Гент (1-0 со гол во 90-та минута). Го кренав Пржино во воздух тогаш :icon_mrgr