Фан Клуб: Вардар

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување
Е па ако има некој што знае нешто нека каже, не вака во неизвесност да сме!
Не мора не знам што да каже, барем да знаеме на што сме за следнава сезона!
Според тоа што е договорено, нема потреба да креваме паники и сл.Е сега ако не си го одржат договорот Орце и Благоја тоа е...
 
А они до сеа увек фер и коректни биле нели... :)
 
KAKOV DOGOVOR POLA TIM SI ZAMINA A I SO TOJ TIM NEMAVME NEKOJ REZULTAT A SEA NI TOA GO NEAME
 
Положани, Митрев, Илиевски... жртви на неплаќањето на Вардар!!!
*Ниту еден фудбалер на "црвено - црните" не може да си замине без разлика дали има слободни документи поради фактот што до донесување на одлуката, а тоа е 26 мај, биле под важечки договор со клубот. Навистина шокантно за Положани, кој има "готов" трансфер во странство, но и за Митрев и Илиевски, кои веќе тренираат со Металург
Ќе доживееме ли конечно во мак - фудбалот еден месец, една седмица или барем еден ден без скандали, без некои чудни работи, да владее досада. И да се интересираме и пишуваме за подготовки, за "чисти" натпревари, за фудбалски нешта... е па тешко.
"Најново" е тоа што фудбалерите на Вардар, Хоризонт Т, Скопје и Шкендија не можат да ги напуштат овие клубови без разлика што од 1 јуни имаат слободни документи, "готови" трансфери во странство, што сакаат да си заминат во нови средини.
А зошто е тоа така? На 26 мај, на седницата на Дисциплинската комисија овие четири прволигашки клубови, и уште три второлигаши и три кои веќе речиси и да не постојат, поради неплаќање на своите долгови се казнети со по 1.000 евра, притоа се казнети и со секаков вид на трансферни активности с$ додека не го платат својот долг, било кон ФФМ, било кон други клубови. А тие казни важат токму од 26 мај.
Се поставува прашањето тогаш каква е оваа одлука на ФФМ, дали е легална, по прописите. И пред с$ дали може ФФМ да изрече ваква казна која ако се гледа од аспект на фудбалерите е тотално на нивна лична штета.
Од ФФМ анонимно ни беше образложено дека оваа одлуката е според новиот Дисциплински правилник. Кој бил усвоен на УО на ФФМ, а кој треба да се усвои и на Собранието на ФФМ, но и моментално имал важност. А казната за трансферни активности била пренесена од Дисциплинскиот правилник на ФИФА. Таа веќе била изречена во некои други земји, значи не била "екслузивност" на ФФМ.
Што значи сето ова?
Тоа значи дека Артим Положани, Васко Митрев, Милан Илиевски, Дино Најдоски (Вардар), Драган Георгиев (Хоризонт Т) без разлика што по 1 јуни важат за слободни играчи не можат да се преселат во друг клуб. Не можат да направат трансфери во странство с$ додека нивните клубови не си го платат долгот. Значи с$ додека Вардар не го плати долгот од 5.000 евра кон Силекс за минатогодишниот трансфер на Бошко Ступиќ, никој од Вардар не може да си замине. Без разлика што на сите договорите им истекоа по 1 јуни. Проблемот е во тоа што оваа одлука има важност од 26 мај, впрочем кога и е донесена.
На крајот се поставува прашањето а каде е моралниот аспект на оваа одлука на ФФМ. Дали Федерацијата е свесна дека со оваа одлука не го казнува клубот (овите) туку само и само фудбалерите. Каде е моралот во една казна со која се сака апсолутно правилно да се санкционира клубот, а се суспендираат правата на играчите? Па каква врска имаат Положани, Митрев, Илиевски, Најдоски, Георгиев и др. со своите некогашни клубови?
Сосема за крај еден совет на играчите на Вардар. Ако се десетмина кои сакаат да си заминат од клубот, тогаш нека соберат меѓу себе по 500 евра и нека ја платат таа фамозна казна. Со тоа тие автоматски стануваат слободни играчи кои можат да си одат во странство, Металург и др. клубови. Тогаш на потег ќе биде Верификациската комисија на ФФМ која ќе ги верификува договорите со новите клубови.
З. Ѓоршоски
Преодниот рок од 15 јуни до 15 јули
И официјално нема место за паника во редовите на Работнички и Металург. Од вчера и официјално двата клуба беа информирани од ФФМ дека од оваа година има промена во терминот на летниот преоден рок. Имено, место од 1 јули до 1 август, преодниот рок ќе трае од 15 јуни до 15 јули. Значи нашите клубови кои први ќе настапат во фудбалска Европа ќе имаат доволно време да ги регистрираат своите нови играчи, ФФМ да ги верификува нивните трансфери, а потоа тие да се најдат на списокот на фудбалери кој ќе биде испратен до УЕФА за настап во квалификациите во Лигата на шампиони или УЕФА Евро лигата.

Можен е и "специјален" преоден рок
Нашите информации велат дека ФФМ ќе им дозволи на клубовите кои се наши претставници во Европа и т.н. "специјален" преоден рок. Тоа значи дека за нив тој преодон рок би траел нешто подолго, или би се овозможил друг преоден рок со цел да добијат поквалитетни тимови. Единствено треба само заеднички усогласено барање до надлежните до федерацијата.

Засилувања само за Европа!?
Она што беше практика пред неколку сезони може да продолжи и ова лето. Имено, ФФМ нема да прави никакви проблеми ако некој клуб, како на пример Металург, планира да доведе некој фудбалер, од екипата на Пелистер на пример, и тоа само за евро настапите. Тој ќе биде регистраран правилно, ќе настапува за Металург с$ додека овој клуб ќе настапува во фудбалска Европа, а кога ќе заврши анстапот тогаш автоматски се враќа во Пелистер.
 
^^^^ Боже мој, незнам дали да се смеам или да плачам. Мрзам вака кога незнам што се случува, кога сите молачат, кога секој се прави дека знае некои инсајд информации а уствари тие информации воопшто и не постојат... :pop:
Што е со Орце бе браааааааааааааааааааааааааааат :nesvest:
 
Преку ку*ов од оваа топло-ладно игра !!
Барем една сезона да ја изиграме нормално,без да треба младинци да играат за прв тим :tapp:
 
31116_404061551379_12245646379_4067628_2346656_n.jpg


dinonajdoski.jpg


--- надополнето ---

Вардар во срцето, парите во џебот

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=A4D1AB9C0516644F9E2BE2132FA7FCF4
 
http://sport.com.mk/WBStorage/Files/1506-02.pdf
Кризата во Вардар е полека на крајот. Дали сепак следна година ќе гледаме состав кој ќе атакува на шампионската тиутла :vozbud::vozbud:
Алеееее, НАПРЕД ВАРДАРЕ, НАПРЕД ВАРДАРЕ, ВАРДАР ЛЕ АЛЕ ВАРДАРЕ ВАРДАРЕ ОЛЕЕЕЕЕЕЕ :vozbud:
 
http://sport.com.mk/WBStorage/Files/1506-02.pdf
Кризата во Вардар е полека на крајот. Дали сепак следна година ќе гледаме состав кој ќе атакува на шампионската тиутла :vozbud::vozbud:
Алеееее, НАПРЕД ВАРДАРЕ, НАПРЕД ВАРДАРЕ, ВАРДАР ЛЕ АЛЕ ВАРДАРЕ ВАРДАРЕ ОЛЕЕЕЕЕЕЕ :vozbud:
Ако е вистина ова конечно малце радост и за нас,се надевам сега ке има повеќе пари во Вардар и конечно да се вратиме на старите патеки кои ги чекаме веќе 5 години
 
Што пишува ако може да кажете,не ми го отвара линков???
 
Што пишува ако може да кажете,не ми го отвара линков???

Нема линк, туку ти се даунлодира страна од македонски спорт :)
Значи направена е конечно таа спогодбата меѓу Благоја Николовски и Орце камчев. Сега главен спонзор е Благоја и најавува борба за шампионската титула уште во првата сезона. Илчо останува тренер и за наредната сезона, а деновиве се очекуваат голем број на засилувања и пред се засилувања од Африканските земји :)
Инаку следна сезона најверојатно ќе се плаќа карта повторно, по 50-че :)
 
mnogu vetuvanja, daj boze da bidne neso pa konecno da docekame nastap vo evropa a najvise od se da zememe titula e tek togas ke se prevrti Skopje hahahah samo da pocekame da vidime koga prvite efekti od ova spogodba ke pocnat da deluvat :)
 
Дали ке дојде време конечно да се радувам на титула и на Вардар,на Интер дочекав ЛШ :toe:!! Сега на ред е Вардар,ајде Вардареее
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom