Everton - Wigan -1 @ 1.50
Тимот на Евертон се наоѓа во лоша серија од шест последователни натпревари без победа.Сите од тимот најавуваат дека ќе дадат се од себе за да ја прекинат оваа црна серија.Евертон располага со поквалитетен тим од тимот на Виган,игра на домашен терен и влегува како фаворит во овој дуел и покрај фактот што кај тимот на Евертон ќе недостасуваат двајца првотимци,Артета и Осман.Тимот на Евертон е еден од најслабите тимови на домашен терен оваа сезона,и ова е идеална шанса за тимот на Евертон полека да почне да им се враќа на победите и да дојде до местото на табелата кое го заслужува.Тимот на Виган е еден од послабите тимови во англиската Премиер Лига,и му претстои грчевита борба за опстанок до крајот на сезоната.И тимот на Виган како и Евертон,се наоѓа во лоша серија со два пораза во последните три дуели.И кај тимот на Виган ќе недостасуваат двајца првотимци,Мојсес и Мек Карти,и со тоа уште повеќе се намалени шансите за остварување на поволен резултат за тимот на Виган на ова гостување.Кога ќе се земе се во предвид,јасно е дека тимот на Евертон е за класа подобар тим од тимот на Виган,игра на домашен терен и е доведен во таква ситуација да мора да го добие овој натпревар.Поради тоа,се освен победа за тимот на Евертон на овој натпревар би било изненадување.