Што е ова вистина или само уште една од лагите на весниците
Вардар соочен со исклучување од Првата лига
Клубот има само седум регистрирани професионални фудбалери, а потребни се најмалку 12
Наближува последниот ден од зимскиот преоден рок (15 февруари), а Вардар нема доволен број регистрирани професионални фудбалери за да може да стартува во пролетното првенство. Во моментот регистрирани се само Јаковлевски, Боби Блажевски, Сулејмани, Ристов, Трипуновски, Спасевски и Џангаровски, а за да може да продолжи да игра во пролетниот дел потребни му се минимум 12. Згора на тоа, никој не се труди да ангажира нови играчи.
„Не знам што ќе се случи со Вардар. Некој мошне лесно ја сфаќа целата ситуација. На членовите на Одборот за спас главна цел им е да закажат ново собрание за 14 февруари, на кое јас треба да бидам сменет бидејќи им пречам и на кое како што читам во дневниот печат, бидејќи со мене никој од нив не контактира, Вардар треба да биде отстапен или на Собранието на Град Скопје или на ЈП за стопанисување со деловен и станбен простор. Одборот за спас заедно со фирмата „Мода“ ќе ги предадат сите свои 29 делегатски места во Собранието и ќе се откажат од раководењето со Вардар. Колку е изводливо тоа, не сакам да навлегувам. од ПУИГ веќе се изјаснија дека не се заинтересирани да го преземат Вардар, Собранието на Град Скопје во сегашната ситуација не е заинтересиран да го спонзорира Вардар. Тогаш на кого тие ќе ги отстапат своите делегати и ќе го предадат клубот?“, прашува директорот Драги Сетинов.
Тој сака да закаже Собрание за 23 февруари за да се расчистат многу работи и да се најде спонзор. Подготвен е целосно да го преземе Вардар доколку му бидат отстапени сите 29 делегати, како што им предложи на членовите на Одборот за спас и веднаш би нашол и спонзор. Според него, има време да се потпишат професионални договори со Пандевски, Георгиевски, Најдовски, Мартин Блажевски, Гоцевски, Ристовски, Миканчевски.
Дознаваме дека и меѓу навивачите на Вардар има доста кавги околу прашањето кој да го преземе Вардар. Една мала група упорно бара тоа да биде Градското собрание, тоа се членовите на Одборот за спас, втората поголема веќе има водено разговори со Брацо Вујчиќ да се врати во клубот. Тој се уште нема дадено дефинитивен одговор по тие разговори со него, но и тој ќе ги бара сите 29 делегати да бидат под „негова капа“ бидејќи се има веќе изгорено со делегатите на Борче Ристевски и оние нелегитимни собранија кога Ристевски го презеде клубот.
:kesa: