Потребна ви е помош околу мобилни? Пишете тука!

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.353
Поени од реакции
2.248
:vozbud:
не е битно на која мрежа е заклучен телефонот, ми треба само моделот кој е.

во операторот нема ништо да ти помогнат, они гледаат што повеќе телефони да има заклучено на нивна мрежа, а не да ги отклучуваат.

п.с. за дисплеј за в610, во моментов цената кај мене е 1600 денари со монтажа.
Сега што да правам незнам кој модел да ти го кажам и како да го одкодирам ли што е ова ЛОКЕД што ми пушува ако е за моделот за телефонот ми е :
Sagem my401C
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
58
Поени од реакции
8
Na T-Mobile ti e kodiran taka??? Ic nemoj da se macis da odis kaj operatorite, vo pravo e Necrophilia deka tie gledaat sto poveke mobilni da ima kodirano, mene na glava mi se kacija koga zimav postpejd da zeam kodiran telefon, ama gi zaebav gadno! Probaj vo privatnite mobilari!!!
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.613
ПРАШАЊЕ:

Сакам да си купам мобилен во кој може да се стават 2 СИМ картички. Kаде можам да најдам таков, какви видови на такви има и приближно колку чини еден таков?

Поздрав и фала.
 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
за к750 колку е екранот одприлика оти ми нудат таков со скршен екран за 1200ден а да и дали се исплаќа да го земам за 1200 таков како што е
едит:колку пари е одприлика дисплеј за моторола ц261 и дали можи да се најди маска со се тастатура
 
Член од
11 септември 2008
Мислења
224
Поени од реакции
6
ПРАШАЊЕ:

Сакам да си купам мобилен во кој може да се стават 2 СИМ картички. Kаде можам да најдам таков, какви видови на такви има и приближно колку чини еден таков?

Поздрав и фала.

Јас имам, ако сакаш...
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.353
Поени од реакции
2.248
Сега што да правам незнам кој модел да ти го кажам и како да го одкодирам ли што е ова ЛОКЕД што ми пушува ако е за моделот за телефонот ми е :
Sagem my401C
Што да правам сега како да си го откодирам ???
 

Necrophilia

Find Prettys Womans from your city for night
Член од
13 август 2006
Мислења
7.633
Поени од реакции
140
Што да правам сега како да си го откодирам ???
ти сам лично неможеш да си го декодираш, освен ако немаш сажемдд или јтаг бокс,
кај мене декодирање за тој модел е = 800денари.
 

Xfire

fino alla fine
Член од
9 август 2008
Мислења
7.353
Поени од реакции
2.248
ти сам лично неможеш да си го декодираш, освен ако немаш сажемдд или јтаг бокс,
кај мене декодирање за тој модел е = 800денари.
Lol, Lol mislev ke mi kazese kako i sto no ti vikas deka nemozam, a ti mozas a baras 800 denari, a da odam vo t-mobile da kazam da go dekodiran na VIP karti4ka ke go dekodirat i kolku ke mi zemaat pari ?
P.S - Sto da davam 800 denari za da go dekodiram ka ima 600 denari broj so kredit na t- mobile da si kupam!
 
Член од
6 септември 2008
Мислења
58
Поени од реакции
8
Epa brat plati pa klati e rabotata, zasto si se zeznal i si go zemal od lopovite od T-Mobile.....ili ti se vide za evtini pari a???
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
359
Поени од реакции
4
koj ne veruva deka ovaa vlada ne srabotela nisto neka j azeme knigata prerodba vo 100 cekori nadgradena i prosirena i tamu 9 - 21 strana ima napisano se sto napravila ovaa vlada od 2006 do 2008
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
koj ne veruva deka ovaa vlada ne srabotela nisto neka j azeme knigata prerodba vo 100 cekori nadgradena i prosirena i tamu 9 - 21 strana ima napisano se sto napravila ovaa vlada od 2006 do 2008
Доколку сака да си потроши малку време за фантастика,може да го стори тоа,оти ништо од она што пишува внатре не се споредува во реалноста.:toe:
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
795
Поени од реакции
331
Малкѕ враќање во реалноста, каде оди Македонија со Груевски.

Руски рулет
Мерсел Биљали Што ги разгневи Грците - одговорот најдобро го знаат тие што државата ја претворија во оаза на изолација и чија политика ни тропа на врата како руски рулет
Кога при крајот на 2005 година Република Македонија се здоби со кандидатски статус, тогашната опозиција (сегашната власт), тој настан не го сметаше за успех поради тоа што не сме добиле датум за преговори. Според сите параметри, одлуката за стартување на преговорите требаше да се донесе една година подоцна. Но, поминаа три години, а ние сме многу подалеку од Европа отколку што бевме во 2005 година. Останавме последни и осамени, окарактеризирани како тотално ирационални, кои копајќи по минатото ја поткопуваат иднината. Историјата е полна со примери кога некои луѓе, сакајќи да напишат голема историја, само си докажале дека нивните најсветли страници на историјата биле тие страници што ги оставиле празни.

Лично бев присутен на средбата на премиерите на двете држави во грчката амбасада во Брисел (2005), кога грчкиот премиер јасно даде поддршка за зачленувањето на Македонија во ЕУ и НАТО, и во ниту еден момент не спомна временска рамка за решавање на проблемот со името. Стекнав впечаток дека и тие се уморни од тој проблем и одвај чекаат да се спасат од тој товар наметнат од претходните грчки водачи. Што е тоа што во меѓувреме толку ги разгневи Грците? Одговорот подобро го знаат тие што сега државата ја претворија во оаза на изолација и стагнација, чија политика ни тропа на врата во вид на руски рулет.

Во меѓународните центри на моќ се' повеќе се вртат анализи дека актуелното државно водство воопшто не е заинтересирано за евроатлантските интеграции и дека името му служи само како покритие. Имено, уште од почеток кога Груевски стана премиер, првите негови изјави беа во насока на тоа дека не треба многу да го форсираме процесот на евроинтегрирање и дека е поважно ние внатре да си ги завршиме задачите, па тој процес ќе дојде сам по себе. Стана јасно дека некој луѓето ги хранел со празна лажица. Странците беа зачудени од таквите изјави, особено кога знаат колку лобирања правеле другите држави да го забрзаат тој процес. Но, коментирале дека можеби е во прашање недостиг на искуство кај младиот премиер. Да потсетиме дека тогаш од страна на Грција воопшто не се ни спомнуваше дека тие ќе вршат каква било опструкција на македонскиот интеграциски процес. Напротив, тие продолжуваа да го повторуваат познатиот нивен став дека интегрирањето на државите од регионот во ЕУ и НАТО е нивен национален интерес.



Кога вели премиерот дека ако не попуштат Грците, ние самите ќе продолжиме да се развиеме и да бидеме стабилни, ми се чини дека човекот си е светлосни години надвор од реалноста. Тука се поставуваат неколку прашања. Прво, за колку време премиерот зборува? Ако мисли дека Грците ќе не тапкаат по рамо за да ни кажат дека се откажуваат, тоа е повеќе од утопија. Поминаа 18 години, а работата уште тапка во место. Каде ќе биде Македонија по 18 други дополнителни години, а каде ќе биде регионот? А, ако премиерот чека нешто друго, како што се изборите - тоа без дилема ќе личи на онаа народната - кога го научив магарето да не јаде, тоа пцовиса. Оти не можете перманентно лагите да ги продавате како да се вистини.

Опасноста сериозно ни тропа на врата. Во релевантни кругови на овдешните Албанци се' погласно се зборува дека по секоја демократска логика Албанците не треба да вршат притисок врз власта за смена на името на државата и дека тоа е проблем што треба да го решат сами нивните сограѓани- Македонци. Но, по истата таа логика сметат дека никој не треба да ги попречи Албанците да бидат дел од НАТО и ЕУ. Политичките партии на Албанците трпат сериозни напади за несоодветно постапување во овој проблем, со аргументи дека ниеден народ не треба да биде залог на нечија манипулантска и бескрупулозна желба за власт заснована врз историјата и митологијата. Сигурен сум дека ако наскоро не се најде излез од овој ќор-сокак во кој Груевски ја доведе државата, процесите ќе земат поинаков тек, многу понеповолно за сите нас. Прашање на време е кога ќе се појави структура која ќе ја инструментализира оваа наметната и се' пореална етничка поделба. Некои маргиналци што се појавуваат со тези за редефинирање на државата се индикатор на расположението што се развива кај граѓаните-Албанци.

По повод 8 Септември, „вождот“ одржа говор (не баш спектакуларен), во кој делуваше несигурно, со слаба мотивација, како и самиот да не веруваше во тоа што го кажува - очигледно поради диспропорцијата меѓу ветенето и оствареното. Неуверливо настојуваше да комуницира со целата маса имитирајќи го српскиот вожд од Белград пред 20 години, познат по тоа „не чујем“. Тоа е веќе сериозен доказ дека за виталните интереси на државата се гради евтина политика што му годи на срцето, но не и на главата. Не е природно два милиона луѓе да ги држите како залог на личните амбиции за власт. Власта треба да престане своите граѓани цело време да ги гледа само како потенцијални гласачи. Таа треба да им ги решава постојните проблеми колку било да се тешки, а не да им создаде нови.



Проблемите што ги има нашата држава во подолг период покажуваат дека ние се' уште немаме водачи со морален и интелектуален капацитет, кои би се справиле со сите предизвици. Ваквата мана тие ја маскираат со измислени чувствителни вредности и идентитети, кои реално не се ништо повеќе од ветер и магла. Тие се само краткотрајна страст што ја чувствува мажјакот на црната вдовица. Настојуваат да опстојат на политичката сцена нудејќи празни содржини кои немаат ништо заедничко со тоа што се нарекува прогрес и подобрување на животниот стандард на луѓето. Оттука, не им преостанува ништо друго освен да се движат низ периферните политички лавиринти залажувајќи се себеси и сите други дека ќе постигнат - и волкот да биде сит и овците да бидат на број, а всушност да ни се случува спротивното - ниту волкот е сит, ниту овците се на број.

Комуникацијата на нашиот премиер со светот е несоодветна. Тој билатерално многу слабо контактира со своите колеги, а тоа доведува до самоизолација. Врв на несоодветната комуникација беше објавувањето на мерките што би ги презела македонската Влада во случај Грција да го попречи евроатлантското интегрирање. Тоа би биле барање во ОН да се користи уставното име; откажување од Привремената спогодба; враќање на старото знаме; враќање на старите уставни решенија за македонското малцинство во соседните држава; преименување на Коридорот 10 со „Александар Македонски“ итн. Циркусијадата со трагедијата на децата-бегалци од Грција беше шлаг на таквата девијација. Така се создадоа нови проблеми, за да можат политичарите да ги решат тие проблеми што никогаш не би ги имале кога не би ги создале самите. Но, игрите не се без граници. Барем не до тоа ниво кога можеме да го зачуваме името, а да ја загубиме државата.

(Авторот е универзитетски професор)
 

асфалт

UNCENSORED
Член од
8 август 2005
Мислења
804
Поени од реакции
23
спуштив месенџер за самсунг е-900, го префрлам на мобилниот али не го отвара фајлот... инаку јава апликација е... дајте некое упатство како да проработи...

п.с. ако треба дајте и страна нов месенџер ке спуштам...
 

TheOther1

Interista Per Sempre!
Член од
25 ноември 2007
Мислења
1.346
Поени од реакции
484
Луѓе молам за помош!

Не можам никако да ја иснсталирам една тема, ми иде во пораки па ми пишит инсталатион и ми пишит инстал Пи ПиЗеро (инаку за Нокиа Н73)...ииии :S
не знам зш немојт...да не требит со посебна програма
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.099
Поени од реакции
1.887
Луѓе молам за помош!

Не можам никако да ја иснсталирам една тема, ми иде во пораки па ми пишит инсталатион и ми пишит инстал Пи ПиЗеро (инаку за Нокиа Н73)...ииии :S
не знам зш немојт...да не требит со посебна програма
Ај прикачи ја ако не ти е тешко темата ... и пиши што точно ти пишува при инсталација, за ова сигурно треба да имаш инсталирано прво некој програм мада јас не сум сретнал до сега таква тема :toe:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom