Дали Љубчо Георгиевски треба да се врати на политичката сцена во Македонија?

Член од
24 октомври 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Не не бате. Не беше тој. Го имаш помешано со некој друг. Овај за кого јас говорам е истиот Љубчо кој направи Независна Македонија, кој направи македонска фудбалска репрезентација, оној кој направи своја сопствена македонска валута.......оној кој го направи плаошник, оној кој го спаси дојранското езеро, оној кој го направи милениумскиот крст..... и уште ли да редам!?!?!?!?!?!?!?!?!?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.439
Поени од реакции
58.507
Види вака. Љубчо дирекно демантира веке 18 години дека е бугарин. И за кого??? За после два месеци пак да речат дека е бугарин??? Така да преку глава му е од лично демантирање. Само знаес што е разликата? Порано СДСМ му лепеа етикети на бугарин и што ли уште не, а за жал денес тоа го прават лугето од ДПМНЕ на чело со Никола Груевски!!! Поради тоа и го разбирам во одлуката за негово повлекување. Ама сметам дека покрај сите овие денешни политичари на македонската политичка сцена, почнувајки од Бранко па се до Груевски, Љубчо има и тоа како големо место во политиката на Ребублика Македонија!!!
Ок, не ти спорам повеќе, секој си има право на мислење. Само нешто ми вели дека еден ден ќе те разочара човекот, како што разочара илјадници луѓе во државава.

Постави си само едно прашање: Дали овој Љубчо кој на иста маса со Фрчовски, Шеќеринска и остало друштво ни порачува дека треба да го смениме името, ти личи на оној Љубчо од почетокот на 90-тите...?
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Ок, не ти спорам повеќе, секој си има право на мислење. Само нешто ми вели дека еден ден ќе те разочара човекот, како што разочара илјадници луѓе во државава.

Постави си само едно прашање: Дали овој Љубчо кој на иста маса со Фрчовски, Шеќеринска и остало друштво ни порачува дека треба да го смениме името, ти личи на оној Љубчо од почетокот на 90-тите...?
За жал и тука е во право. Реков и пак ке повторам. Тој најмалку сака да е така. Но тоа е резултат на погрешната политика што ја водеше и сеуште ја води Македонија. Ајде кажи ми во што се губи идентитетот во името Северна Македонија, а за возврат да добиеме влез во НАТО и ЕУ???? Дали сфакаш дека што повеке го одложуваме спорот околу името толку повеке ни ослабнуваат позициите и толку повеке губиме??? Дали сфакас дека сите држави заминаа мноооогу пред нас па дури и една Бугарија и за жал една Албанија?????
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Ај , остај го Тој си е во ЕУ,и нека не го загрижува македонската политика, та, дали ние ќе влеземе во ЕУ или не не е ни најмалку негова работа( се јавил душобрижнокот), никој не го повикал да кажува што е исправно, што не, поготово не за друга држава, нека не се мешколи многу многу , нек си седи мадро.......
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.439
Поени од реакции
58.507
За жал и тука е во право. Реков и пак ке повторам. Тој најмалку сака да е така. Но тоа е резултат на погрешната политика што ја водеше и сеуште ја води Македонија. Ајде кажи ми во што се губи идентитетот во името Северна Македонија, а за возврат да добиеме влез во НАТО и ЕУ???? Дали сфакаш дека што повеке го одложуваме спорот околу името толку повеке ни ослабнуваат позициите и толку повеке губиме??? Дали сфакас дека сите држави заминаа мноооогу пред нас па дури и една Бугарија и за жал една Албанија?????
Ok, прво се извинувам што реков дека нема повеќе да ти спорам, не можам да се воздржам после ова ме изнасмеа :pos2: Ама ќе се обидам да ми биде последно еве...

За првото болдирано, што да каже човек... Не сакал човекот демек ама што е тука е. No Comment!

За второто, исто немам намера да почнувам, ќе ни треба цела вечер. Бидејќи си нов на форумов, прочитај малку околу предлогот Северна Македонија е дискутирано многу на форумов.

Сакам да ти укажам само дека ставовите кои ги застапуваш тука се истите оние на СДСМ, Црвенковски и мала група п... интелектуалци де, на кои најмногу им се брза да се промени името, од ним познати причини. Љубчо за жал влезе во тоа друштво.

П.С. Албанија не е во ЕУ, така да нејзиниот напредок се должи на нешто друго.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Па зошто тогаш е толку интересен за македонските југословенско-комунистички новинари???Зошто нон-стоп се споменува Љубчо Георгиевски??? Зошто пајакот не ја кренал колата од Љубчо............. и какви ли уште не глупости. Да не заборавам да ве потсетам на изјавата што ја даде пред неколку месеци. Кога го прашаа дали се осека како македонец тој одговори : "Се осекам и се осекав тогаш кога 99% од вас се осекавте како Југословени"
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Стар е веке Љупчо Глупчо за политика,нека си седи подобро во Сандански,доволно направи тој за нас ама и за себе :smir:,беше добро додека тој беше на власт ама не за сите,некои го чекаат како ладна бода за да се богатат пак,тоа ти е исто како БЦ да се врати пак премиер,во исто грне прдат обајцата...
 

Esobar

Македонија над СЕ !
Член од
12 февруари 2008
Мислења
4.895
Поени од реакции
453
шо ви текна сеа пак за овој си избрал друга држава и тоа е тоа нема што да се враќа во МАКЕДОНИЈА
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Ok, прво се извинувам што реков дека нема повеќе да ти спорам, не можам да се воздржам после ова ме изнасмеа :pos2: Ама ќе се обидам да ми биде последно еве...

За првото болдирано, што да каже човек... Не сакал човекот демек ама што е тука е. No Comment!

За второто, исто немам намера да почнувам, ќе ни треба цела вечер. Бидејќи си нов на форумов, прочитај малку околу предлогот Северна Македонија е дискутирано многу на форумов.

Сакам да ти укажам само дека ставовите кои ги застапуваш тука се истите оние на СДСМ, Црвенковски и мала група п... интелектуалци де, на кои најмногу им се брза да се промени името, од ним познати причини. Љубчо за жал влезе во тоа друштво.

П.С. Албанија не е во ЕУ, така да нејзиниот напредок се должи на нешто друго.
Прво, дали знаеш како се викаме ние??? Дали знаеш кое ни е официјално име??? Второ, како цела држава може да вика дека не губиме од идентитетот со Северна Македонија а само Груевски да удира со главата во ѕид и да глуми некој си херој, а пред самитот на нато договорил Република Македонија- Скопје??????? Дали си свесен дека можиме да загубиме дел од западна Македонија ако не влеземе што побрзо во НАТО?!?!?!?!?! Жал ми е што ги застапувам тие ставови но тие се реални. И мене ме боли ама.......реален сум. Никогаш не би сакал да се најдам во таа багра како што се Црвенковски, Шекеринска, Фрчковски, Денко Малевски. Жал ми е што во однос на ова прашање ги имам тие ставови ама сметам дека се точни и стојам зад нив!!!

П.С.Албанија е во НАТО.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.439
Поени од реакции
58.507
Прво, дали знаеш како се викаме ние??? Дали знаеш кое ни е официјално име??? Второ, како цела држава може да вика дека не губиме од идентитетот со Северна Македонија а само Груевски да удира со главата во ѕид и да глуми некој си херој, а пред самитот на нато договорил Република Македонија- Скопје??????? Дали си свесен дека можиме да загубиме дел од западна Македонија ако не влеземе што побрзо во НАТО?!?!?!?!?! Жал ми е што ги застапувам тие ставови но тие се реални. И мене ме боли ама.......реален сум. Никогаш не би сакал да се најдам во таа багра како што се Црвенковски, Шекеринска, Фрчковски, Денко Малевски. Жал ми е што во однос на ова прашање ги имам тие ставови ама сметам дека се точни и стојам зад нив!!!

П.С.Албанија е во НАТО.
Прво, цела држава не го вика тоа, го викаат оваа група фраери што одвреме навреме се појавуваат групно како договорени. Па некое време ги нема па пак ќе се појават, заедно. Какво е општото расположение за името С.М. прочитај на форумот, затоа што со самото тоа што е масовен дава горе-долу реална слика на јавното мислење. За моето мислење околу овој предлог нема сега да пишувам ќе излеземе оф-топик.

Второ, невистина е дека НАТО те штити од внатрешно распаѓање. За тоа ќе се увериш еден ден кога Квебек кој имаше 49 % на референдумот за отцепување од Канада, еден ден ќе има 51 %, и кога Белгија ќе отиде по ѓаволите. НАТО те штити од надворешна агресија. Кај нас проблемот е внатрешен, соседите само ќе поттурнат малце.

P.P.S. Албанија напредува со години. Во НАТО е од завчера.
 
Член од
25 октомври 2008
Мислења
9
Поени од реакции
0
Луѓе, типот заврши работа тука, обра што можеше и замина. Да, треба да се врати, ама за на суд. Среќа негова што судовиве ни се толку „агилни“.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Би сакал од срцето и од душата ти никогаш да не се увериш дека јас кога ке патувам од Охрид до Скопје за на факултет ке ми треба пасош!!!!
 

Macedonia>>Europe

Faster Than Light
Член од
6 јуни 2007
Мислења
2.582
Поени од реакции
836
: "Се осекам и се осекав тогаш кога 99% од вас се осекавте како Југословени"
Мислам дека изјавата беше парафразирам " Во оваа држава 90 % од населението се чувствуваат сеуште како Југословени" што мене ме изнервира посебно зашто покрај тоа што искажува нешто кое имаме прилика да го читаме стално од болварите на форумов, туку и заборава на шес-седумдесет проценти од гласачкото тело кое го донело на власт. Изјавава беше дадена пред не повеќе од една година.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
34
Поени од реакции
0
Луѓе, типот заврши работа тука, обра што можеше и замина. Да, треба да се врати, ама за на суд. Среќа негова што судовиве ни се толку „агилни“.
Зарем никој паметен не се најде да објави докази за криминалот на Љубчо??? Ајде викате дека со Бранко имал политички договор. И со Хари Костов ли има политички договор??? И со Бучко ли има политички договор??? И со Груевски ли има политички договор?!?!?!?!?!?!? И со Али Ахмети ли има политички договор??? Колку ли само Груевски би сакал да го уништи Љубчо ама никако да најде докази!!!
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.439
Поени од реакции
58.507
Би сакал од срцето и од душата ти никогаш да не се увериш дека јас кога ке патувам од Охрид до Скопје за на факултет ке ми треба пасош!!!!
Јас патувам од Струга до Скопје. Немај гајле. За да те убедат да прифатиш нешто такво, да се откажеш од ставовите и да прифатиш нечии други, треба прво да те уплашат добро. Дека нешто страшно ќе се случи, ако не биде така и така. Тоа функционира секаде, не го измислиле нашиве абдали. Тие се плагијатори по природа.

Поздрав :smir:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom