Ова е слободен форум, каде луѓети си разменуваат мислења и ставови за политички теми. Предимно на форумот се Македонци, но повремени имаме гости од Бугарија и , поретко, од Србија. Е, сега, ако сака некој да ми пере мозок, поради што добил за тоа задача јас тоа не го прифаќам. Малку ли ни е перење мозок по телевизијата и дневниот печат, каде новинарите , воглавном, бранат некој нарачани и платени ставови. Нема потреба, некои да ми кажува за статусот на Македонците во Пирин во форма кој сака да ми ја претстави, пак, заради некои дневно политички цели. Сум бил повеќе пати во Пиринска Макепдниоја, и ја знам ситуацијата. И од Македонците, и од Бугарите. И, за тоа си имам свое мислење за кое можеме и да дебатираме. Не може некој , кој се претставува, дека е легитимен и ексклузивен ( Омопирин) претставник на тие Македонци да има завршен збор за нивната состојба. Омопирин е премногу антибугарски настроен, за да неговите тези имаат нужна рационалност и објективност. Таа антибугарска хистерија се потпалува уште од времето на комунизмот, и уште некој сака да ја одржува. А, за правата на Македонците во Пирин, согласно тоа и во Грција , Србија и Албанија мојот став е принципиелен. Треба да ги имаат сите права по општо важечките и прифатени европски и светски конвенции и документи.А, тоа за “предавник“, на друг му лепи етикети.