- Член од
- 2 септември 2008
- Мислења
- 997
- Поени од реакции
- 22
Македонија може да земе учество во нуклеарната централа Белане која ќе се гради во соседна Бугарија, им соопштија во Софија претставниците на бугарската влада на македонските колеги.
Доколку ова се реализира ова, дел од произведената енергија во централата ќе може да се користи за потребите на државава.
„Вратите се отворени, она што нам ни требаше е да го слушнеме тоа од прва рака, да видиме до каде е проектот. Некаде од март би почнала изградбата на нуклеарната централа и се очекува првиот реактор да биде завршен некаде во 2013 година и истовремено да добиеме повеќе информации за да може релевантно да ги разгледаме и конечно да заземеме став како влада за евентулано учество“ вели Зоран Ставревски, вицепремиер во владата на РМ.
Конечната одлука владата треба да ја донесе во првите три месеци од наредната година, откако бугарската влада заедно со германската компанија ЕР - ВЕ – Е која е инвеститор, ќе формираат заедничка компанија.
„Веднаш штом тоа се заврши, ќе може поконкретно, на оперативно ниво, ќе може да се разговара за сите детали за евентуланото учество на Република Македонија“ рече Ставревски.
Ако државава се вклучи во проектот „Белене“ ќе се надмине големата зависност од увоз на електрична енергија, кој во последниве години достигнува износи од над 100 милиони евра. Нуклеарката Белане ќе има два блока од по 1.000 мегавати моќност и ќе биде значаен енергетски извор не само за Бугарија и Македонија туку и за целиот регион кој се повеќе мака мачи со обезбедување на струја.
Горан Теменугов