„...вашиот одговор да биде „да-да„,„не-не„, ако е нешто повеќе, од лукавиот е...„ вели Он. Според тоа, Христос не познава „средна„. „неутрална„, „сива„ состојба на нештата.
„...она кое Бог го споил, човек да не раздвои...„ се однесува на светоста од брачната заедница, а не на правењето телесни кеифови.
Многу повеќе се греши доколку поединецот мисли/убеден е дека знае отколку ако некое дејство се чини по својата совест и по осет.
Што се однесува до разводот, тоа не е препорачлива работа. Православието барем, не го препорачува. Но ако е тоа единствено чаре, тогаш нека биде и разводот, но разведените понатаму да останат такви-безбрачни, до крајот на животот. Оние кои тешко се контролираат, можат да стапат и во втор и во трет брак, под одредени услови, но вториот, третиот или „х„-от брак не се благословуваат како првиот.