Забележав дека во последно време преокупација се разно-разните информации и шпекулации околу тоа дали фудбалерите биле или не биле исплатени пред мечот со Турново. Од она што го чув на полувремето од натпреварот од Мачка и Вице (за неупатените тоа се едни од главните момци во Комити) играчите добиле по 50 евра, освен двајца кои добиле дури цело 100-че (во евра се разбира...иако не спомнаа кои се тие двајца). Незнам колку е ова точно ама збиднувањата на теренот до негде и го потврдуваат ова...момците излегоа на терен ама за 50 евра нешто не беа расположени рамноправно да му парираат на противникот! Како и да е, никој не ги обвинува за игрите и поразите, подполно ги разбираме дека ним им е најтешко и ќе бидеме со нив до крај. Меѓутоа она што не изреволтира сите нас е тоа што по натпреварот немаа образ да дојдат и да одпоздрават за безрезервната подршка...за тоа што 90 минути ечеше "И НА ВРВОТ, И ПОСЛЕДЕН, ТИ СИ ВАРДАР САМО ЕДЕН!!!"