- Член од
- 13 јануари 2008
- Мислења
- 570
- Поени од реакции
- 18
Ама јас трипам или човеков е Бугарин, а не Бугарофил?
Морам да признаам дека човеков има бугарски сурат. Бугарски црти, црномурест тен, татарски сурат, абе пљукнат Бугарин. :pos2:
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Ама јас трипам или човеков е Бугарин, а не Бугарофил?
Има илјадници докази кои потврдуваат дека Јане Сандански се борел за самостојна Македонија... Има илјадници докази дека Крсте Петков Мисирков се чувствувал како Македонец... Како Македонци се чувствувале и многу други македонски дејци кои што мечтаеле за самостојна Македонија, надвор од 'канџите' на Србија и Бугарија... Тоа што некогаш, во одреден временски период, тие македонски дејци се изјасниле како Бугари ама баш ништо не значи... Македонците до 1991 година се пишувале како државјани на Југославија... Пред 1941 година се пишувале како Срби... Македонците во Бугарија се пишувале како Бугари, а многу документи велат дека пред 1912 година се пишувале и како Турци... Тоа било само затоа што не постоела Македонија и Македонците живееле под туѓи управи... Определбата како Грци, Бугари итн. често се поврзувала и со припадноста кон црквите...На почеток на третата или четвртата страна прашав дали има некој со факти да го демантира Тодоровски дека лаже или дека зборува невистина. Досега видов многу етикетирања и нервирање ама вистински аргументиран демант не видов!
Не ме интересира дали бил ваков или онаков тука дали кажува вистина. Само тоа е битно во случајот.
Zboruvame za "SAMOBITNOSTA" po terkot na Blaze i na tvojot Guru. 1.I ako znaev deka od shtabot te upotrebuvaat za defokusiranje na diskusiite-plukanje i lichni navredi-po kumanovski maalska alapacha-ti dadov shansa da odgovorish na temata i taka da "porasnesh" a so toa poleka da stanuvash i svoj chovek no prirodata i gospod se nepogreshlivi na sekoj tochno mu go opredelile mestoto.
ps.2.kumanovci vikaat "kako ebavanje takvo pamtenje". Popara go pametite gledam.:pos2::pos2::pos2::baeh::baeh::baeh:
Ovakoj, za broj jedan. temata e za Zoran Todorovski a ne za Blaze, taka da koj e stabski angaziran za defokusiranje e jasno.
Растислав Тезиоски: “Во овие документи постојат некои содржини, коишто не се вклопуваат со неговите пишувања во “За македонцките работи”. Тие отстапуваат од тоа за што, според нашата наука (!!!), тој континуирано се залагал. Дали во случајот се работи за дилеми или за таканаречени дилеми (!!!)? Така например, во писмо до рускиот министер за надворешни работи, Мисирков се декларира како “македонски Бугарин”, зборува за “беспорното бугарско население во Македонија”, за своето “бугарско потекло”, за “бугарскиот народ во Македонија”. Мисирков жали за Санстефанска Бугарија, вели дека Македонија била “коренна бугарска земја”, за “потиснатиот од Србите бугарски народ во Македонија”, за “трите бугарски земји – Северна Бугарија, Тракија и Македонија”. Мисирков вели, дека два и пол милиона “бугарско население” било поробено.....
http://www.forum.kajgana.com/showthread.php?t=29385&page=5
Ushte malku od Akademik Katardziev;
ФОРУМ: Неодамна, во едно интервју, висока функционерка на ВМРО-ДПМНЕ, зборувајќи за тезата дека левицата во Македонија секогаш била ориентирана кон Белград, а десницата кон Софија, ми го посочи примерот на Димитар Влахов - левичар од ВМРО (Обединета), кој се декларирал како Бугарин.
КАТАРЏИЕВ: Да, тоа е точно. И не само Димитар Влахов. Павел Шатев, Панко Брашнаров, Ризо Ризов и др. Меѓутоа, овде тезата е погрешно поставена. Не е работата во тоа дали левицата се определуваше за Србија, а десницата за Бугарија. Тука се мешаат поимите. Практично, ни левицата ни десницата не ја доведуваа во прашање својата бугарска провениенција. Тоа ќе го доведе дури и Димитар Влахов во 1948 година на седница на Политбирото, кога говореше за постоењето на македонска нација, да рече дека во 1931-32 година е направена грешка. Сите тие ветерани останаа само на нивото на политички, а не и на национален сепаратизам. Тука мора да се спомене еден феномен. Поделбата на Македонија 1913 година одигра извонредно штетна улога во свеста на Македонецот. Зошто? Затоа што ја прекина нормалната комуникација - политичка, културна, економска - меѓу Македонците. Го прекина процесот на создавање на единствена македонска историја на целиот македонски простор. Македонските прогресивни сили ги врза за прогресивните сили на земјите во коишто опстојуваа. Тие почнаа да ја прифаќаат политичката определба и филозофија на земјите меѓу кои Македонија беше поделена. Така, во текот на НОБ, кога дојде времето за поврзување, постоеше огромен јаз во свеста на Македонецот од трите дела на земјата. Сите велеа дека се Македонци, ама сите на тој поим му даваа поинаква содржина. Кои доаѓаа од Бугарија, тие сметаа дека треба да дојдат на чело и да ја водат Македонија, особено ветераните како Шатев и Влахов. Тие, практично, се чувствуваа како Бугари. ВМРО (Об.) ....."
Непознат извештај на Методија Шаторов - Шарло
Историска, а не партиска вистина
Шаторов беше еден од ретките македонски комунистички кадри, кој во своето досие во Коминтерната по националност се определи за Македонец иако беше член на ЦК на БКП
Подготовка: д-р ЗОРАН ТОДОРОВСКИ
Духот на Методија Шаторов - Шарло повторно ја разбрани македонската медиумска сцена....
За апсурдот да биде уште поголем и невообичаен, тоа го прават, или поточно, го пишуваат и препорачуваат се уште некои македонски историчари кои досега го држеа монополот на историската вистина, оние ангажирани историчари кои македонската историографија ја доведоа на строга партиска контрола и кои личностите на македонското револуционерно движење ги приспсобуваа на идеолошките потреби на времето.
.......Притоа, со помош на редакциските наслови и наднаслови (Денес), тие повторно Методија Шаторов - Шарло го етикетираат како стариот Бугарин и како најголем виновник што го приклучил, (а не поврзал). Покраинскиот комитет на КМП кон БКП. Со ваквите препознатливи тафтологии, тие како да заборавија дека Шаторов беше еден од ретките македонски комунистички кадри кој во своето досие во Коминтерната по националност се определи за Македонец, и покрај тоа што беше член на ЦК на БКП. Од друга страна, ним воопшто не им пречи што ПК на КПМ не само што не беше самостојна македонска партиска организација, па и во подредена положба во составот на КПЈ, туку пред и по него како партиски секретар, ПК немаше македонско партиско обележје, туку југословенско и српско (ПК на КПЈ за Србија).
Овие наши историчари, долгогодишни научни работници, на кои им беа широко достпани сите фондови и документи, па и оние забранетите, отидоа во пензија, а не го научија основното правило на историската наука - употребување на документите од прва рака. Во случајот на Шаторов: што вели, што пишува самиот Шаторов во своите документи - извештаи, писма, повици и сл., а не други што пишуваат за него, или поточно, употребуваат документи од втора рака, односно препознатливи етикети, инсинуации и слични епитети. ...
ЛЕКЦИИ ЗА ИСТОРИЈАТА
И, како по правило, ним редовно им се придружуваат се уште присутните апартчици од редовите на раководствата на здруженијата на борците од НОВ (или се затскирваат под нивниот чадор). Оваа револуционерна елита, која, всушност, му ја скрои судбината, а по војната и историската оценка на Шарло, повторно се јавуваат со нивната веќе позната реторичка партиска фразеологија од првиот конгрес на КПМ од 1948 година......
ОТВОРЕНО ПРОТИВ МАКЕДОНЦИТЕ
Придружувајќи се кон начелото за употреба на документите од прва рака, приложувам еден досега непознат документ - Извештај на се уште оспоруваниот Методија Шаторов - Шарло од 1937 година, што пред неколку години го пронајдов во партиските фондови на Централниот државен архив во Софија, Република Бугарија. Овој Извештај под наслов: Зошто бугарската фашистичка диктатура по 19 мај спроведува отворена противмакедонска политика, доставен до Задграничното биро на Централниот комитет на БКП во Москва, односно до Васил Коларов (Како што пишува на маргините на Извештајот), претставува еден од најаналитичните проценки за политичката и економската положба, како и за политичкото расположение на македонските емигрантски и бегалски маси во пиринскиот дел на Македонија во меѓувоениот период. Во Извештајот Петричко, односно пиринскиот дел на Македонија, Шаторов го нарекува македонскиот крај, во кој македонското население целосно ја прифатило идејата за изградување масовно македонско движење. Подвлекувајќи дека во овој македонски крај на прво место треба да се постават прашањата што имаат национален карактер, Шаторов во Извештајот сугерира да се популаризира идејата за создавање единствена македонска народна организација, односно македонска партија, одредувајќи ја приоритетната задача на Македонците во овој дел на Бугарија во изградувањето на македонски народен фронт.....
Еднаш помош, другпат прогон
Секогаш завојувачката политика на бугарскиот империјализам во лицето на македонското национално-ослободително движење имала еден свој сериозен противник.Затоа што тоа национално-ослободително движење е една антитеза на анексионистичката политика во однос на Македонија.
Ако во извесни моменти великобугарските шовинистички реакционерни средини и нивните влади помагале и помагаат одделни македонски организации или движења, тоа помагање е такво, доколку тие организации и движења се стават во услуга на нивната завојувана политика. И обратно.
Штом тоа движење, малку или повеќе, добива посамостоен карактер и се насочува против реакционерната политика на бугарските завојувачи, тоа се подложува на најжестокото прогонување.
По 19 мај, со воведувањето на отворена фашистичка диктатура, бугарската реакција спроведе поширока терористичка акција против целокупното македонско движење, пред се што е македонско. И тоа е лесно објасниво. Кога бугарските империјалисти и фашисти се наоѓаат во еден период на непосредна и засилена подготовка за војна, секоја македонска иницијатива, од каде и да произлегува, која се стреми да го зачува самостојниот карактер на македонската борба, се јавува многу поопасна и заради тоа главниот удар на реакцијата беше насочен, пред се, ДА ГО УБИЕ, ПРЕД СЕ, МАКЕДОНСКИОТ КАРАКТЕР НА БОРБАТА (со големи букви во Извештајот, б.м.).
За таа цел, беа растурени редица македонски организации и институти, како ВМРО на Михајлов и Шанданов, Националниот комитет, Македонскиот младински сојуз и др., кои не беа на централистички позиции, но кои сепак имаа македонски карактер.
ЗАБРАНЕТИ ПРАЗНУВАЊА
Затоа, бугарските власти во македонскиот крај ги симнуваат од училиштата и читалиштата имињата и портретите на видни македонски револуционери, забрануваат било какви беседи или читање реферати по македонски прашања. Ја отпуштаат македонската интелигенција во државните и општинските установи,како што е случајот во Г. Џумаја, Св. Врачко, и сменувањето на учителите санданисти во Неврокопско и Разлошко, дури и на попот - санданист.
Затоа, им се забранува на блиските на убиените Македонци да организираат панихиди, да ги посетуваат гробовите, како што е случајот по повод годишнината од убиството на Т. Александров, на Јане Сандански и др.
Се забранува, исто така, населението во македонскиот крај и бегалците во Бугарија слободно да ги прославуваат своите народни празници, како што се Илинден, Гоцевиот ден, годишнината од Крушевската република и др. Младите Македонци, кои сакале да постават венци на споменикот на непознатиот четник во Горна Џумаја, на бистата на П. Ј. Јаворов во Неврокоп и др., биле највулгарно растерани од полицијата.
Тој терористички бран, во помал или во поголем обем, ги засегна приврзаниците на михајловистите, некои од нив се уште не се помириле со состојбата и прават обиди да ги обноват своите растурени организации, како што е случајот со Г. Џумаја.
Со сите тие мерки бугарската реакција сака:
1. Да го зачува заграбениот дел од територијата на Македонија, да го држи во покорност македонското население, за да може полесно да го ограбува;
2. Да го присвои македонското прашање, откако ќе го претвори во чисто бугарско државно прашање;
3. Да го подготви психолошки и фактички општественото мислење, туку и во странство, за евентуално освојување на останатите делови од Македонија, како бугарски.
http://www.makedonika.org/Satorov.htm
vanchev,gjabe ti se tie muabeti,ne te perat...prochitan si kako Todorovski.
No da se vratam na Akademik Blaze Ristevski.Ristevski preku napisot vo Fokus (vrati se nekoja strana nanazad i prochitaj go pismoto na Ristevski vo "Fokus") iznese svoi argumenti kontra argumentite na Todorovski.
Vo tie argumenti Ristevski nikade ne pokaza i dokaza deka potpisot na Misirkov ili dnevnikot se falsifikat.
Ма прочитан си е тој како селски буквар![]()
Sigurno ne si go videl mojot odgovor na tvojot post,pa da ti pomognam da go vidish i se nadevam ke bidesh kadaren argumentirano da mi odgovorish.
http://forum.kajgana.com/showthread.php?t=31358&page=8
Sigurno ne si go videl mojot odgovor na tvojot posthttp://forum.kajgana.com/showthread.php?t=31358&page=8