Хокејот во Македонија

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Каков таков, барем беше почеток. Само подобро!
 

CrashoverRide

Tutto per la Lazio,persempre nell cuore...
Член од
9 јануари 2008
Мислења
1.293
Поени од реакции
114
Штета што сеуште нема доволно финансии за да се отворат школи за хокеј, сигурно би имало доста заинтересирани...
Сепак одлично е што се формира македонска репрезентација и наскоро се надевам ќе гледаме и официјални натпревари.
П.С. На клипов како се сопна нашиот Хенрик Седин на прав пат:pos:
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Штета што сеуште нема доволно финансии за да се отворат школи за хокеј, сигурно би имало доста заинтересирани...
Сепак одлично е што се формира македонска репрезентација и наскоро се надевам ќе гледаме и официјални натпревари.
П.С. На клипов како се сопна нашиот Хенрик Седин на прав пат:pos:
Напротив!
Ангажирани се 4 тренери, 3 за хокеј од Русија, еден од Украина за уметничко лизгање, кој ќе ги водат тие школи што ќе се отварат за скоро време :)
 

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.300
Поени од реакции
7.026
Вчера,кога одевме на Работнички-Фени,кога не оставија таму позади едни играа хокеј на тоа теренот,ама ми падна чудно бидејќи мразот на оваа температура се топи
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Вчера,кога одевме на Работнички-Фени,кога не оставија таму позади едни играа хокеј на тоа теренот,ама ми падна чудно бидејќи мразот на оваа температура се топи
игралиштето е со нова подлога, „синтетичен мраз“, тоа се специјални пластични плочи со слоеви на специјален силикон.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.996
Поени од реакции
16.462
Дај да видиме некои слики, овака од клипот не се гледа целиот терен како изгледа..
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.903
Ова на отворено било бре..па добро не ми е јасно, сакаме хокеј да развиваме , а терен на ливада..
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
Ова на отворено било бре..па добро не ми е јасно, сакаме хокеј да развиваме , а терен на ливада..

куќа се гради од кај темелите :nesvest: а и тенисот (и други спортови) ги развиваме со терени на ливади

иначе, игралиштето е монтажно, во секое време може да се монтира во салата, бар така рекоа, но дали ќе има потреба, е друга работа...

http://www.time.mk/?search=news&query=хокеј
 
Член од
28 мај 2005
Мислења
6.373
Поени од реакции
177
ВЕТЕРАНИТЕ ГО ВОКРЕСНАА ХОКЕЈОТ ПОСЛЕ 25 ГОДИНИ

Девојките се тепаат за хокеари


"Иако постарите колеги ни раскажуваа дека девојките се слаби на хокеари, јас, сепак, не верував, но во тоа се убедив во неделата", низ смеа вели голманот Ѓорѓи, еден од новите момци кој е дел од македонската хокеарска репрезентација

Хокејот е спорт кој маѓепсува на прв поглед, а хокеарите ги излудуваат девојките. Вака ни го опишаа во една реченица играчите на хокеарската репрезентација, спортот кој по 25 години повторно почнува да заживува кај нас.
Од пред четири месеци ветераните на македонскиот хокеј почнале со активности да го воскреснат овој спорт со регрутирање на млади момци. За кусо време педесетина заљубеници во овој спорт им се приклучиле на ветераните, од кои ги учат правилата и тајните на овој спорт. Така повторно почнуваат да чкрипат лизгалки, да тропаат палки и да лета паг.
"Постои желба за враќање на хокејот кај нас, секојдневно расте бројот на деца кои пројавуваат желба да се занимаваат со овој спорт, но потребно е да се обезбедат и основните услови, односно да се направи лизгалиште на мраз. Отворањето на игралиштето во спортскиот центар "Борис Трајковски" многу помогна да се афирмира овој спорт, ама сепак тоа не е соодветно. Хокеј се тренира на вистински мраз", ни рече на почетокот на разговорот капитенот на нашата репрезентација 56-годишниот Ѓорѓи Грчев-Јирко.
Познатиот Јирко кусо ни ја раскажа и историјата на македонскиот хокеј. Почетоците на овој спорт се на езерцето во Градскиот парк. Првиот клуб "Вардар" се формира во 1960 година и се натпреварува во југословенска лига. Десетина години подоцна раководството на клубот почнува да бара иселеници низ Европа кои тренираат хокеј и да ги враќа назад во Македонија. Се формираат два клуба "Скопје" и "Вардар", младинските школи биле полни со деца, а лизгалиштето на Кале исполнето до последно место од навивачи и обожавателки. Во 1984 година од двата тима се спојуваат во еден "Макотекс" кој игра во првата југословенска лига.
"Во овој период ние хокеарите бевме главни фраери во Скопје. Девојките лудуваа по нас. Доаѓаа на лизгалиштето и се тепаа која попрво да стаса до некој од нас хокеарите, за да ги влечеме за рака на лизгалиштето. Додека трениравме или игравме натпревари лизглалиштето го преплавуваа чоколади, бонбони, мечиња и други подароци од девојките", низ смеа се присетува Јирко.
Но во 1987 година пред почетокот на натпреварот Макотекс-Партизан, нашиот клуб е дисквалификуван од лигата и со тоа згаснува хокејот во Македонија.
Пред три месеци, Јирко и дел од неговите соиграчи повторно се враќаат на мразот за да им дадат поддршка, самодоверба и волја на младите момчиња кои треба повторно да го вратат сјајот на овој спорт. Голманот Ѓорѓи Механџиев и десното крило Зоранчо Гриовски се дел од новите момци кои со својот ентузијазам треба да го оживеат хокејот. Ѓорѓи во вистинска хокеарска опрема застана пред голот само по два месеца тренинг, а пак Зоранчо кој тренирал хокеј на ролерки, првпат заигра натпревар на мраз минатата недела при отворањето на игралиштето во спортскиот центар "Борис Трајковски".
"До пред седум години живеев во Германија и таму тренирав хокеј на ролерки и активно играв во втората баварска лига. Се приклучив кон репрезентацијата за да помогнам да заживее овој спорт не само како играч, туку и преку контактите кои ги имам во Германија", вели Зоранчо.
Зоранчо и Ѓорѓи додаваат дека овој спорт го сакаат оти има брзина и возбуда, а и тоа што може да има и груба игра без притоа да бидеш казнет. Најтежок дел им е кога треба да ја облекуваат опремата оти тоа трае половина час, а најмногу се радуваат секако кога пагот ќе заврши во противничкиот гол.
"Татко ми бил хокеар, па штом чув дека се прават обиди да се врати овој спорт, веднаш се пријавив да тренирам. До пред два месеца играв само хокеј на ролерки и тоа со другари во парк. Тренирав и џудо и можеби поради тоа имам добри рефлекси кои тренерот Томислав Атанасовски веднаш ги препозна и ми ја довери улогата на голман", вели Ѓорѓи, кој бил изненаден од големиот број девојки кои биле на трибината на минатонеделниот натпревар. "Иако постарите колеги ни раскажуваа дека девојките се слаби на хокеари, јас, сепак, не верував, но во тоа се убедив во неделата. Ги слушав девојките како си коментираат: 'Не си риба ако имаш дечко, туку ако дечко ти е хокеар'", низ смеа раскажува голманот Ѓорѓи.
Неговите соиграчи од репрезентацијата велат дека девојките ги сакаат хокеарите оти изгледаат мажествено и мистериозно во нивната опрема. Штитниците за градникот ги прават како да се најсилни момци, а бидејќи под шлемовите не им се гледа лицето ја зголемува желбата кај девојките да видат што се крие под нив.
"На прв поглед изгледа дека овој спорт е и опасен, но ве уверувам дека е најбезбеден. Секој дел од телото на играчите е заштитен, дури и мадињата. Затоа им советувам на родителите чии деца сакаат да се занимаваат со овој спорт да не стравуваат, да им дозволат да ни се приклучат и на тој начин ќе помогнат за вистинско заживување на хокејот кај нас", вели за крај Јирко.
Ана Антевска
Фото: Ј. Тануровски

http://www.vest.com.mk/?ItemID=BE1856D5AB09644AB1CFA46B6B3A43E0
 
F

Frankie Yale

Гостин
Малку смешно ми падна видеово зошто сум навикнат на НХЛ, веќе две години ја гледам само таа хокеј лига ама нема везе за почеток супер е, како што иде ќе биде подобро и подобро се надевам.
 
Член од
26 ноември 2008
Мислења
83
Поени од реакции
5
На кога програма гледате нхл ? Или дајте линк да следам :) ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom