Хокејот во Македонија

35ldche.jpg
 
Отворање на новото лизгалиште со меч Македонија - Бугарија?

Хокеарите викендов тренираа во Софија, каде што договорија пријателска со Бугарија, а во преговори се и за тест-меч со Турција

Hokej[6].jpg


Македонската репрезентација во хокеј на мраз викендов беше гостин на Бугарската хокеј-федерација во Софија, каде што тренираше во софиската сала „Зимски дворец“. Во Софија е договорена и понатамошна соработка на двете федерации.

- Одлично бевме пречекани во Софија од Бугарската федерација, одржавме тренинг и се договоривме за гостување на бугарската репрезентација во Скопје на отворањето на новото лизгалиште зад салата „Борис Трајковски“ - вели Томислав Атанасовски, тренер на репрезентацијата на Македонија.

Во меѓувреме, до отворањето на новото лизгалиште, хокеарите имаат кондициски тренинзи со руските тренери Алексеј Сасин и Андреј Ајгинин, кои се дојдени да работат со репрезентацијата.

- Соработката со руските тренери е добра, веќе ги запознаа играчите и ги одржаа првите тренинзи.
Навистина е одлично за македонскиот хокеј и спорт воопшто, што такви стручњаци работат кај нас - вели Атанасовски.

Играчите, исто така, се задоволни од новите тренери.

- Руските тренери се големи професионалци и уште од самиот почеток бараат доста на тренинзите, навистина си ја знаат својата работа - вели македонскиот репрезентативец Дарко Илиев.

Хокеј-федерацијата на Македонија се наоѓа во преговори и со турската федерација за гостување на нашата репрезентација во Истанбул, каде што би одиграла пријателски меч, во рамките на подготовките на домаќинот за Светско првенство во хокеј на мраз, Трета дивизија. Во план е потоа и возвратно гостување на турската репрезентација во Македонија.

Автор: Милко Живковиќ

NovaMakedonija
 
:vozbud::vozbud:
Браво браво Бугарија мислам дека е Б или Ц дивизија па не би требало да имаме проблеми хм?
Инаку што е со составот на Македониај влегуваат странци?
 
:vozbud::vozbud:
Браво браво Бугарија мислам дека е Б или Ц дивизија па не би требало да имаме проблеми хм?
Инаку што е со составот на Македониај влегуваат странци?

Сите се домашни играчи.

Да се спогласувам, бугарите немат да имат проблем со нас :)
 


ОДЛОЖЕНО
НОВ ТЕРМИН НЕДЕЛА 27. МАРТ!!!!



Хокејот ќе воскресне во Скопје

hokej.jpg


Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Диме Спасов и претседателот на хокејарската федерација, Никола Атанасов ја презентираа опремата на македонската хокеј репрезентација и ги образложија идните активности за хокеј спортот во Македонија.

Во своето излагање, директорот на Агенцијата за млади и спорт, Диме Спасов истакна дека државата започнува проект за развој на хокеј спортот и создавање квалитетна репрезентација која ќе учествува на големите меѓународни натпреварувања. Тој воедно додаде дека ќе се следи примерот на другите држави кои формираат јак клуб – репрезентација и ќе се омасовува овој спорт кој моментално брои 35 хокеари.

Претседателот на хокеј федерацијата, Никола Атанасов во своето излагање ги презентираше активности кои во наредниот период ќе ги превземе федерацијата, а тоа се: поднесување апликација за учество на следното Светско првенство во 2012 година, пријавување еден клуб во соседните држави во инлајн лигата и учество во квалификациите за инлајн светскоto првенство

http://kajgana.com/sport/hokejot-ke-voskresne-vo-skopje



mkd2010-11-home-884x1024.jpg

mkd2010-11-away-884x1024.jpg


http://mmdresy.nhladdons.info/?page_id=1262
 
АУУУУ не сум знаел дека има хокеарска репрезентација,дури и чудно ми падна.Но сепак мило ми е и ќе ги подржувам :)
 
Ау ми се свиѓаат дресовиве :drk:
Има да се најдат некаде ?
 
Па аjде македонци радвам се дека и каj вас поново се возражда овоj атрактивен спорт . Надевам се дека ваш отбор ке приjави участие да игра во бугарската лига за обмен на опит . Ние сме во моментот во дивизиjа 2 коjа е трето ниво на светскиот хокеj и имаме многу интересни мечови со отбори како Србиjа , Хрватска , Австралиjа , Кина , Мексико , Исланд и други . Интересот расте каj вас и каj нас и се надевам за напред да развиваме овоj спорт.Поздрави до сите фанови на хокеjот.
 
ОД НЕКАДЕ МОРАВМЕ ДА ПОЧНЕМЕ!

В недела (27 март), во салата "Борис Трајковски" во Скопје, поточно на новото хокеарско игралиште на паркингот пред салата, со почеток во 14 часот ќе се одржи првиот официјален натпревар во хокеј на мраз, по пауза од дваесетина години

Доаѓа екипа од Бугарија на која ќе се спротивстават избраниците на тренерот Томе Атанасовски, комбиниран состав на сениори и ветерани. Половина час порано ќе се одри церемонијата околу свечено отворање на игралиштето.
По тој повод вчера Хокеарската федерација на Македонија (ХФМ) и Агенцијата за млади и спорт одржаа прес-конференција на која беше презентирана новата опрема, како и информација за следните активности на федерацијата, во периодот што доаѓа.
Стана збор и за хокеарите, кои по потекло се од Македонија, а кои играат во најсилните лиги во САД и во Канада. Во контекст на тоа Тасев рече дека тоа е возможно, но бара време. Според правилата на Светската федерација, секој играч кој доаѓа од друга земја мора минимум две години да настапува во лига натпреварите во новата средина, па дури потоа во репрезентацијата.

ХФМ ПОДНЕСЕ БАРАЊЕ ЗА УЧЕСТВО НА СП 2012
Сe зависи од светската федерација
"Како федерација поднесовме барање за учество на СП во 2012 година што ќе се одржи во Братислава. Дали ќе ја прифатат нашата апликација зависи од Светската федерација, која бара да исполниме неколку услови кои се клучни за секоја земја која сака да игра на Мундијалот. Прво, да имаме лига со минимум 4 клуба - тоа ќе го средиме, второ - да имаме најмалку 65 регистрирани играчи - и тоа ќе го средиме, и клучниот услов - да имаме минимум едно затворено игралиште - ние немаме. Ќе се обидеме да ни прогледаат низ прсти, но тоа зависи од волјата на светската федерација.





Датум: 26.03.2011, 11:11
 
ЛОЛ! Како тоа ќе играле на светско чекај малце треба работа едно 3-4 години не е така тоа... Има екипи како Белорусија, Швајцарија што имаат традиција па некогаш успеале да влезат на светско. Мислам дека не треба да се прави некаква си фама туку треба да се почне сериозно да се работи а се зависи од средства. Ако треба играчи за хокеј одам да се пријавам!
 
ЛОЛ! Како тоа ќе играле на светско чекај малце треба работа едно 3-4 години не е така тоа... Има екипи како Белорусија, Швајцарија што имаат традиција па некогаш успеале да влезат на светско. Мислам дека не треба да се прави некаква си фама туку треба да се почне сериозно да се работи а се зависи од средства. Ако треба играчи за хокеј одам да се пријавам!


Во хокејот светските првентства се поделени на Дивизии, имаш Топ Дивизија, Див. 1 А и Б, Див. 2 А и Б, Дивизија 3, и се подразбира како нов учесник ќе треба да се отпочне најдоле тоа во нашиот случај би било Дивизија 3, во кој учествуваат екипи како Грција, Исраел, Луксембург, Турција и други.
Така да тоа е никаква фама, туку чиста реалност.
Мораше од негде да се почне, така да играчите од странство ќе дојдат од сами, што патем и веќе се случува да првите контакти веќе се воспоставени.

Но убаво рече, треба сериозност и пред се финанси, Хокеј е скап спорт.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom