Уапсен Бајруш Сејдиу!

liana

ја знае вистината
Член од
10 август 2007
Мислења
687
Поени од реакции
46
точно дека се е заплтекано, многу многу повеќе отколку што било кој смета, ама битно дека почна да се одмотува клопчето, не е е бајруш ситна риба, жртвено јагне или како код, тој е иницијална капсла, верувам дека ако оди се по план, следува шоу
има луѓе што се среќни што се уапсени, до таму оди работава
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Moze li nekoj da mi kaze koj bese na vlast koga Sejdiu go kupi Tutunskiot Kombinat?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
точно дека се е заплтекано, многу многу повеќе отколку што било кој смета, ама битно дека почна да се одмотува клопчето, не е е бајруш ситна риба, жртвено јагне или како код, тој е иницијална капсла, верувам дека ако оди се по план, следува шоу
има луѓе што се среќни што се уапсени, до таму оди работава
Проблемот лежи во тоа што предстои опасност клопчето да се замота и никогаш да не биде во целост одмотано,па од него да се искористи само 20% материјал.:toe:
 

AtoM-AnT

Dexter
Член од
3 септември 2008
Мислења
4.530
Поени од реакции
583
Проблемот лежи во тоа што предстои опасност клопчето да се замота и никогаш да не биде во целост одмотано,па од него да се искористи само 20% материјал.:toe:
A znaes sto napravil Aleksandar Makedonski so Gordievot jazol,moze li da se sluci i so toa klopce taka?
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
a pak cigarite se {vercuvani preku firmi na [FONT=MAC C Swiss, sans-serif]Kosta Jankovski, Bojana Bajru{evi} Tref i Marko Milo{evi}[/FONT][FONT=MAC C Swiss, sans-serif]. [/FONT]
Коста Јанковски во македонската јавност стана познат откако пукна аферата со купопродажбата на вилата на Водно на Љубчо Георгиевски и неговата сопруга Снешка. Јанковски беше не само негов пријател, туку пријател и на премиерот Бранко Црвенковски. Пријателуваше и со Васил Тупурковски, а го сакаа и сите поранешни функционери од царината и од полицијата. Коста Јанковски и неговиот брат Зоран, не се случајни луѓе во бизнисот со акцизни стоки.
Јанковски својот нагорен од во бизнисот со цигарите го почна откако таткото на неговата сопруга Катерина, Бошко Јаќовски, професор на Економскиот факултет, успеа на зетот да му издејствува дозвола за отворање на фришоп-продавница. Ова се случува во првиот мандат на актуелниот премиер Бранко Црвенковски. Од тогаш браќата Јанковски, заедно со Енвер Малиќи, во тоа време дистрибутер на цигари на германската компанија „Реемстма“ („вест“, „давидоф“), ортачки влегуваат во бизнис со цигарите. Доказ за нивниот ортаклук е влегувањето на Коста Јанковски во фирмата „Гемак“, како содружник. Потоа лесно добиваат дозвола од Владата на Црвенковски да отворат две фришоп-продавници на граничните премини Јажинце и Блаце. Од тогаш бизнисот почнува да им оди на добро. Со две светски компании („Ротманс Пал Мал“ и „Мартин Бринкман“), „Гемак трејд“ потпишува договори за продажба на цигари од палетата на овие две светски компании во нивните фришоп-продавници на границата кон Косово. Во двата договори со светските компании, во оригиналниот англиски текст стои износот на провизијата за фирмата-продавач и дистрибутер на цигари. Но, во преводите на македонски јазик, заверени судски и депонирани во МНР - износите на провизијата се преполовени. Според документацијата која ја поседуваме, јасно се чита дека според оригиналниот договор со „Ротманс Пал Мал“ провизијата за продавачот („Гемак“) е 10 отсто. Во македонскиот превод стои бројката - пет отсто. Иста е состојбата и со англиската верзија на договорот со компанијата „Мартин Бринкман“, која содржи клаузула од 20 отсто провизија, а во преводот на македонски јазик стои 10 отсто. Врз основа на овие судски преводи, МНР издало решение на фирмата „Гемак“, според кое истата може непречено да работи. Може само да се претпостави колкава била вака срочената заработувачка.
Хрватските медиуми први ја отворија приказната за Јанковски откако констатира дека заедно со неговиот брат, и нивните семејства, имаат хрватско државјанство.
Блискоста со Црвенковски со Јанковски познавачите на состојбите ја гледаат во изборот на Наташа Савова за шеф на кабинетот на сегашниот претседател на државата, која е инаку внука токму на Коста Јанковски. Јавна тајна е дека фирмите на Јанковски ги помагале предизборните кампањи на двете најголеми партии од македонскиот блок. Имотот на Јанковски е проценет на 50 милиони долари. Покрај фирмата „Балкан“, сместена на третиот кат во скопскиот ГТЦ, подоцна преименувана во „Прима трејд“, па само „Прима“, Јанковски регистрирал и повеќе оф-шор компании во Лихтенштајн и на Девствените острови. Најпознати од нив се: Прима трејдинг Вентура лимитед, Роуд Таун, Тортола, регистрирана на Британските Девствени Острови и двете лихтенштајнски фирми „Фероглас 1“ и „Фероглас 2“, во кои има содружнички капитал на Влада Ковачевиќ Треф, најдобар другар на Марко Милошевиќ и негов партнер во бизнисот со „Интерспид“ фришоповите од другата страна на македонската граница. И Ковачевиќ (сега веќе починат) и Милошевиќ во Србија се осомничени за шверц со цигари. Чудна коинциденција е поседувањето на фришоп-продавници на Коста Јанковски од другата страна на границата, македонската страна. Познатиот бивш југословенски автомобилски ас - Влада Ковачевиќ Треф, заврши трагично, беше убиен на влезот во познатиот белградски Сава центар. Бизнисот со цигари, алкохол и скапи автомобили го продолжи неговата сопруга Бојана Ковачевиќ, новата бизнис партнерка на Коста Јанковски во компаниите во Лихтенштајн и Девствените Острови. Прескапите и луксузни џипови и „ферари“ модели што Јанковски ги вози низ Скопје, од првиот до последниот модел се регистрирани во Лихтенштајн.
„Партнерски“ однос со Љубчо Георгиевски

Српските медиуми, веднаш по објавувањето на потерницата по Бојана Бајрушевиќ Треф и по Марко Милошевиќ, најпрвин ја лоцираа Бајрушевиќ во Црна Гора, а веднаш потоа објавија дека е најпогодната личност за заштитен сведок на обвинителството. Српската јавност очекува од неа да проговори, главно за евентуалното учество во шверцот со цигарите на семејството Милошевиќ - синот Марко и сопругата Мирјана Марковиќ. Според наводите од извештајот „Мрежа“, најголем дел фактурирани контингенти цигари биле покриени со двојни фактури, со износи некогаш зголемени и двојно. На фактурите најчесто стоело името на фирмите „Фероглас“ од Лихтенштајн и „Прима трејдинг вентура“ ЛТД од Девствените Острови. Потписници на жиро-сметките на овие две фирми, кои имаат нерезидентни сметки по банките во Европа, се партнерите Коста Јанковски и Бојана Бајрушевиќ Треф.
Јанковски во еден период редовно го снабдува српскиот пазар со атрактивните цигари „партнер“ од ТК Прилеп. Добар дел од тие контингенти заминувале и кон Екрем Лукај на Косово. Најголемите количества „партнер“ се пласирани во времето на владеењето на премиерот Љубчо Георгиевски. Со ТКП во тој период раководи Диме Момироски Момиро, генерален директор на Комбинатот од 1999 до 2003 година. Еден канал на овој бизнис оди и до Црна Гора. На двапати Диме Момироски со хеликоптер на МУП на Црна Гора оди на средби со Мило Ѓукановиќ. По договарањето на влезот на „партнер“ цигарите во Подгорица и долетот на парите кон Македонија, Момироски присуствува на надалеку прочуените забави на црногорскиот брег.

Фактурно цигарите од Прилеп заминувале преку 20 фирми. Најголемите трансфери оделе преку „Прима трејдинг вентура“ и „Фероглас“. Со прост преглед на фактурната реализација на „партнер“ од ТК Прилеп за периодот од 1 јануари 2000 до 31 декември 2001 година се гледа колку пари се свртени. За 2000 година реализацијата изнесувала 1.691.131.653 денари, а за 2001 износот е 1.017.970.989 денари. Или 44 милиони евра.

За какви аранжмани станува збор, нешто повеќе може да дознае Јавниот обвинител Љупчо Шврговски, под еден услов. Да покрене истрага и да ги распраша Диме Момироски, Тони Димитриески, Коста Јанковски и премиерот Никола Груевски. Момироски бил генерален директор на ТК Прилеп, Јанковски главен дистрибутер, Тони Димитриески тогаш ја извршувал функцијата директор на УЈП, па знае дали на овие контингенти „партнер“ биле залепени акцизни маркички „фор еџпорт онлѕ“. Денес Димитриески е генерален директор на ТКП и ја има архивата на комбинатот под контрола. Груевски во тој период бил министер за финансии.

Во извештаите за работата на тие две години на ТКП, во графите за давачките кон државата пишува - нула денари. Денес е прашање дали вкупната сума влезена на благајна на ТКП е плаќана во кеш (како во случајот со кипарската фирма „Ангатера“!), дали имало одобренија од НБМ во тоа време и дали Коста Јанковски и неговите колеги од останатите фирми кои купувале „партнер“ уплаќале во кеш?

Денес Јанковски е генерален дистрибутер на ТДР Ровињ во Македонија. Тој ја работи легалната продажба на брендовите на ТДР во земјава. Но, најатрактивните брендови на ТДР истовремено се продаваат и на сите македонски пазари, во шверцувана варијанта. Поевтини се во просек за 10 денари по пакло цигари. На шверцуваните цигари од ТДР се излепени маркички на кои пишува „for export only“.

Инспекторите од Одделот за истраги во хрватската Царина во извештај (27 мај 2002 година) до Министерството за финансии на Хрватска (Уредба бр. 513 - 02 - 1430/07 - 03 - 06) велат дека се утврдени неправилности кај ТДР Ровињ. Пронајдени биле 1. 653.000 акцизни маркички од Црна Гора со една те иста ознака - В00000001. Врз основа на ова е направен записник (2 јули 2002 година) и против ТДР Ровињ е поведена прекршочна постапка заради кршење на чл. 49 од царинскиот закон. Скандалот бил затворен така што никој од ТДР Ровињ не се јавил на сослушување, а на 18 октомври 2002 година, по барање на ТДР Ровињ, маркичките записнички се уништени, а постапката до ден денес е во тек.

Цигарите на ТДР „Ровињ“ на црниот Пазар

Во извештајот на хрватското министерство за финансии за работењето на ТДР „Ровињ“, чиј македонски претставник е Коста Јанковски, во втората точка е констатирано дека 156 кутии цигари на оваа компанија биле пронајдени во кафе-барот „Портал“ во Риека, иако на нив имало акцизни маркички на кои пишувало „фор еџпорт онлѕ“ (само за извоз). На 51 кутија од цигарите „валтер волф лајтс“ имало маркички од бр. 01016501 до 01030000, но управата на ТДР „Ровињ“ не понудила доказ дека на евиденција има задолжение за наведените акцизни маркички. При подоцнежна контрола, царинските работници констатирале дека во ТДР „Ровињ“ има и цигари со други контролни маркички, кои, според евиденција на компанијата, се водат како веќе продадени. Во понатамошниот дел од извештајот се наведува дека за овие законски прекршувања може да се изрече „заштитна мерка забрана на производство и промет со тутунски производи до една година“. Во извештајот е регистриран и случајот од 31 декември 2002 година, кога царински службеници од граничниот премин Дубровник заплениле 500 штеки цигари „ронхил“ во автобус на „Кроацијатурист“. На нив биле излепени акцизни маркички со ознака „фор еџпорт онлѕ“, под броевите 20896068 и 20896988. Според евиденцијата на ТДР „Ровињ“, овие цигари се „испорачани“ на НПТ „Сага“ од Пеќ (Косово). И за оваа точка следува објаснување дека произведувачот може да се казни до една година забрана на производство на производи од тутун.

Последната, четврта, точка најтешко ги товари за криминал менаџерите од ТДР. Според неа, направена е и контрола на производството на цигари, при што е утврдено дека има одредени неправилности на машините 5 и 6. Машините 1, 2, 3, 4 и 7 биле исправни, а машината бр. 8 не работела. Многу е интересен за анализа делот од извештајот на царинскиот сектор на Република Хрватска за спречување шверц во кој се вели:

„...На машината бр. 5 се произведувани цигари 'валтер волф' за купувачот 'Алба' од Косово, но при контрола на акцизните маркички е констатирано дека на машината се наоѓаат идентификациски маркички на Република Хрватска Е2 60679977, 60679975, 60678737 и 60650645, кои се преземени од главниот трезор по барање на купувачот „Сага“ од Косово. Исто така, како неправилност се констатира и работата на машината бр. 6 на која се продуцирани и цигари за купувачите „Сигнус“ од Романија на кои, исто така, имало акцизни маркички на Република Хрватска. Всушност, според документацијата во ТДР, констатирано е дека овие цигари биле наменети за купувачот „Весвалди“ од Австрија. И за ова количество цигари (480.000 кутии за „Алба“ од Косово и 190.000 кутии за „Сигнус“ од Романија) е констатирано дека се произведени под незаконски услови, поради што на самиот крај на извештајот уште еднаш се констатира дека за ваков прекршок „може да се изрече забрана за работа до една година“.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&ArticleID=72919&EditionID=1133

Пдф фајлот со доказите е голем, па еве линк за спуштање

http://www.FreeUploadShare.com/DOWNLOAD/dedfe1743/dokazi.pdf
 
Член од
12 мај 2008
Мислења
506
Поени од реакции
25
Да може Миловановиќ да гарантира сигурност на неколкумина новинари во Македонија,како што Галбрајт го направи тоа со Пуканиќ,ќе се изненади човек колку популарни луѓе имаат замешано прсти во никотинскиот мед.
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Да може Миловановиќ да гарантира сигурност на неколкумина новинари во Македонија,како што Галбрајт го направи тоа со Пуканиќ,ќе се изненади човек колку популарни луѓе имаат замешано прсти во никотинскиот мед.
Миловановиќ ?????????????????? koj e toa?????????????
 

TpH_Bo_OkO

Трноризец
Член од
18 мај 2005
Мислења
11.537
Поени од реакции
879
А Галбрајт кој е??? Миловановиќ си ојде, Рикер си дојде...
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
.....aaaaaaa tie , pa tie se pretstavnici na glavnite tobacco gazdi...:) gore spomnatite nasi lugje....se samo lokalni sluzbenici...so "skromna" plata...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom