Мора да бидеме оптимисти, да издржиме до крај, ќе помине оваа криза а ние треба и во овие тешко моменти да бидеме со нашиот клуб, затоа во недела дојдете сите на стадион на ФИЛИП ВТОРИ АРЕНАТА, дојдете сите навивачи на ВАРДАР, ако ви значи ВАРДАР барем малку, дојдете во недела во 15 и 30 часот на националната арена ФИЛИП ВТОРИ.
Јас не сум Комита, но сум навивач на ВАРДАР, голем фан сум на ВАРДАР, често одам на натпревари да го гледам ВАРДАР и сега во недела со задоволство ќе одам да го гледам омилениот клуб, за тоа нема да ми требаат повеќе од 50 денари, само 50 денари е карта, верувам дека секој од вас може да одвои барем 50 денари во недела и да дојде да го гледа омилениот клуб.
Во врска со сезонските билети, кој нема извадено сезонски билет да го стори тоа што е можно побрзо ! Сезонскиот билет чини 300 денари, треба да се уплати во банка на сметката на клубот и се добива сезонски билет со кој што ќе можете да ги гледате сите натпревари на домашен терен до крајот на сезоната!
Ова не важи само за Комитите, туку и за сите фанови на ВАРДАР! Направето го тоа што е можно побрзо !!! На ВАРДАР сега му требаме повеќе од кога и да е !!!
ЕДЕН Е ВАРДАР !!!