Види вака....Комерцијален рап е кога некој прави рап за пари и слава. Андерграунд - поради љубовта кон рапот, океј? Енд оф стори.
Значи, нема никого да разубедам дека Слаткар не е комерцијала само затоа што извадил чоекот албум под продукција на Јован Јованов. Ова ретко до кој ќе допре, ама зошто да не..Еве ме.
На пример, што да кажеме за Легијата? И тие ли се комерцијала? Еве викате андерграунд и хард кор се и самите се прокламираат како такви. Ахам...Љубов кон рапот беше,така? Секој си ја сака работата и не е принуден да го прави тоа со сила.
Легијата имаат цела историја од настапи и промоции низ какви ли си не клубови, каде на самото место се купуваа албумите. И сигурно албумите не се даваа гага :wink:
Му барале автограми на Слаткар,лудувале по него...а што се случуваше во екс Процес (Миднајт) кога Легијата имаа промоција? Таму имаше ДЕЦА кои се тепаа буквално за автограми, а не да ми зборувате за попалени тинејџерки по Слаткар. Некој вчера дознал за Слаткар, а утре ќе оди на концерт..млади тинејџерки,разбирливо дека повеќе ги интересира физичкиот изглед отколку делото што го твори. Во Миднајт малите рачиња покажуваа едно L, врескаа и се восхитуваа на песните. :wink: Ги шкртаа по раце и маици со автограми ...имам слики,ако е потребно можам слободно да докажам дека 98% беа ДЕЦA (значи далеку од тинејџери) бев присутна и видов со свои очи, ниту пак јас неможев да се изборам да стигнам до било кој од членовите на Легија за да им честитам за албумот. Влегуваа луѓе, можеби и пијани, кои ги клеветеа дека се комерцијала додека Пеше беше на мајк-от...И му дадоа среден прст. Му го поречија фристајлот, ама никој од таму не се обиде ниту да писне за дисот.
Кажи ми...само поради дис и публика од мали деца,ете и тинејџери очајни по автограми и фоткања,како и албумите од кои дефинитивно профитираа и ќе профитираат допрва, се комерцијала?!?!
Значи дека андерграунд не постои ?! ..се однесува барем на хип хоп културата во нашава држава.
Никој тука не прави рап за да биде слушан за џабе. Кој тебе ќе ти организира концерт/настап од ќејф, наброј еден! Или ќе ти даде гага албумче онака...а потрошил време и вештина за да го создаде.
Кажете ми и Џака ли е комерцијалист што дава интервјуа за списанијата? Патем многу реални прикази на денешницата. Сте ја чуле Мечето Ушко? Тоа вам ви е смешно? Не, нели? Џакси е тоа, зошто да е смешно? Чиста вистина за денешното зголемено конзумирање дрога и алкохол.
И РНС ли е комерцијалист што беше водител на дневна емисија наречена Бакалница? А што велите за Црногорско поткровје, исто така на РНС? И таа трака ли е смешна? Ммм.не. Реални факти за секојдневниот живот на луѓето во Црна Гора,со карактеристиките какви што го знаеме.
А кога станува збор за Слаткар...траките се смешни,нели? Глупави.Текстот воопшто не е огранизиран.. дали сте го чуле ме интересира, но сепак мислам дека не.Едноставно бидејќи е Слаткар, го потценувате неговото дело,како и говорната маана која нималку не е смешна. Секој има свои маани.Како би ви било вас да прават шеги од нив?
Не сфаќам како може човек болно да биде љубоморен на туѓиот успех. Имал цел некој во животот и трага по неа за да си ја оставари вака или онака. Ако можеш подобро, па ајде да те видиме сине! Повели,покажи што знаеш, има место за сите, нели?
И настрана од ова...кажете ми, од каде заклучивте дека го шитнал Скит? Години соработка и другарување, заедно стапија на музичката сцена,поминаа толку многу и сега зошто работел повеќе со брат му, отколку со најдобриот другар, демек не се дружеле повеќе. Сте виделе дека е така? Без глупави заклучоци. Смешни сте.