дојдовме до тоа да никој неможе да го искаже своето мислење за некого??
Јас ги нагрдив нив исто како што они нагрдуваат многу луѓе,предмети и слично. Зашто они да смеат, а јас не??
Тоа дека ти ги сакаш незначи дека сите мораме,нели?
Филип, ако они ја нагрдуваат пола држава преку нивните песни, биди паметен, не се спуштај на нивно ниво, и не го користи нивниот речник.
Со постот кој јас ти го избришав(другиот е од Кискино) може човек да заклучи дека песните на Слаткар негативно делуваат врз тебе(ок, не само врз тебе туку и на цела младина).
Инаку после долго време решив да пишам тука иако немав намера.
Пред се, досадни сте и тоа многу.Преку глава ми е и на мене и на сите останати кои ве читаат за тоа дали Слаткар требало да биде андерграунд или комерцијала.До кога ќе дискутирате на прашањево?
До кога ке се расправате дали песните на Слаткар се во ред или не?
До кога ке спорите за тоа дали е оправдано што песните му ги прави ЈЈ и компанија?До кога мегусебно ке се навредувате и препукавате, покажувајки нулта ниво на култура?
Како прво, никој не ве тера да го слушате.Дали треба да биде комерцијала или не, тоа не е ваша работа.Си одбрал човекот, сака да прави пари(само што кај нас тешко дека ке ги направи).Што се однесува до песните , секој има право на вкус.На едните им се свига, на другите не.Ок, нормално е де.Лично јас не го поднесувам неговиот начин на изразување, ниту пак неговите песни.Ама ни на крај памет не ми доага да се спорам со некој и да убедувам дека Слаткар е ваков или онаков.
Крај на крај, се додека има луге кои ке му го купуваат албумот, тој ке биде популарен(на ваков или онаков начин).
Зборете што сакате, вие наполнивте 40 страници на форумов за него, со што уште повеке правите неговата слава да расте и расте(на ваков или онаков начин).
И уште нешто:Темава не планирам повторно да ја заклучувам поради 4-5 души.Некои од вас постојано се повторуваат со едните исти мислења кои придонесуваат за навракање на старите досадни дискусии за погоре наведениот.И да, воздржете се од изливи на емоции, и пишување на недолични зборови, дека сепак, сте возрасни особи.