Од кога и топици на мсн почнаа да се ставаат тука? Ех кога би ги напишале сите....
Фрос неам ништо против, уживај, да не ја праиме голема поради ова, ама стварно моја работа е што правам на мсн и што ставам на топик, јас и било кој друг. Искрено не сум единствена твоја другарка од клас, има и други девојки ,па има и од машките кои одат на настапи,промоции и дешафки поврзани со Слаткар почесто од мене.
А што е јасно? Тоа што го почитувам Слаткар,неговата екипа и неговите лирики ? Добро, нека е јасно. Не велам дека го оправдувам неговото конзумирање дрога..Никој не е совршен,има работи кои ми пречат.
Но, се работи за творењето. Ако некој врши посетеност на рап концерти и настапи(воедно и негови) меѓу другите фанатици тука сум и јас..Тоа ми е стилот. Без расправии,ако си имала нешто да ми кажеш дека ти пречи во врска со мои лични интереси за музика и слично слободно си можела мене директива да ми кажеш,онака едноставен муабет..ептен сме прибегнале во јавноста. Не ми пречи ниту ова напишаното,само ептен е..незнам.. ниско? Има хејтери, има љубители,разбирам..само не ви треба толкав дисреспект. Ако не ви се допаѓа едноставно не се замарајте со чоекот или било што што не ви се допаѓа.
И Господе..по кој пат да објаснувам дека од девојките во ЈБТ има процент не-шмизли? :/ Ако го почитувам Слаткар сум шмизла?
И верувајте, не е до тинејџ годините, па ете сега се почитува Слаткар,баш затоа што сме тинејџери. Јас знам и доста повозрасни кои го почитуваат него и неговата музика. Ах,да..и не се само женските љубителки на Слаткар. Искрено повеќе се машки отколку женски. Не е тоа заљубеност во неговата личност..едноставно на луѓето им се допаѓа тоа што го создава. Барем од мој личен аспект.
Поздрав :helou: